Автор: Валентина Неловска
Post Views: 176 Триесет граѓани дадоа крв за само 5 часа на Одделенито за Трансфузилогија во Охрид на вонредната кровдарителна акција, информира Сашо Точков претседател на ОО ЦК. Покрај повеќекратните дарители се приклучиле и повеќе млади кои прв пат дарувале крв. Задовoлни сме и изненадени од денешниот одзив на хуманите луѓе кои даруваа крв, инфoрмира претседателот на ОО ЦК . „Овие крвни единици ќе се обработуваат во Битола и ќе се употребуваат за потребите на пациентите од охридските здравствени установи. Задоволни сме имаше од сите крвни групи очекувавме од 15 до 20 крводарители,...
Kорона вирусот ги замре сите културни случувања
Post Views: 186 Стопирани се сите културни случувања во НУ Центар за култура Григор Прличев. Културниот живот е замрен не само на охридските две сцени туку насекаде во земјава. Заради корона вирусот нема театарски претстави и кино проекции. Од одобрените проекти помина само одржувањето на Прличевите беседи кои се одржаа пред почетокот на кризата, информира Горан Симоноски , додека другите проекти се стопирани. Центарот годинава не доби средства за материјални трошоци и сега стравуваат со ребалансот на буџетот да не им бидат скратени доделените средства за реализација на проектите. „Ние...
Нема избор за најхумана медицинска сестра, епитетот им припаѓа на сите кои се борат со Ковид 19
Post Views: 203 12 мај Светскиот ден на медицинските сестри во охридските здравствени установи ќе помине без вообичаените прослави и избор за најхумана медицинска сестра. Во време на пандемија овој епитет им припаѓа на сите медицински сестри кои се борат со Ковид 19, вели Анета Волканоска главна медицинска сестра од охридската Општа болница.Да се биде добра медицинска сестра не е потребно само знаење и едукација туку и љубов кон луѓето и споделување на љубезноста, вели Волканоска. Таа е горда што досега нема заболен медицински кадар во охридските здравствени установи и досега добро...
Oбвинувања од ОК на ВМРО ДПМНЕ за отчетот на градоначалникот Константин Георгиески
Post Views: 160 Според опозциската партија, една година Охрид нема градоначалник, а Георгиески се кити со туѓи перја. -Георгиески е синоним за неработа, дивоградби и назадување на Охрид. Само лаги и празни ветувања, непосветено и недомаќинско работење. Му честитаме за огромната фотосесија и лично претставување небаре снима предизборен спот, наместо да даде вистински и транспарантен отчет пред граѓаните. Охриѓани видоа реализиран проект Бетонска база, на секој чекор дивоградби, никна нова депонија Мауцкер, огромен број кучиња скитници, нефункционални рампи, јавни претпријатија пред...
СВР Охрид доби вредна донација за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19.
Post Views: 151 Доделена донација за СВР Охрид во висина од 10.000 евра за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19. Донацијата е од Програмата ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија и се состои од заштитни маски за повеќекратна употреба, нараквици и дезинфекциони средства, информираше Горан Милески министер за Локална самоуправа. „Ние сметаме дека е неопходно да ги заштитиме полицајците кои се на првата борбена линија по здравствените работници. Нашата полиција во регионот на СВР Охрид ги опфаќа Охрид, Струга , Кичево и Дебар и обезбеди 2500 заштитни...
Се почесто работоспособни млади луѓе бараат помош од Црвен крст Охрид
Post Views: 164 До општинската организација на Црвен крст со барање за помош се почесто се обраќаат невработени охриѓани, а се млади и работоспособни луѓе. Тие сограѓани се посебен предизвик за нас за да им помогнеме во нашата организација, вели Сашо Точков, претседателот на ОО Црвен крст. Има голем број на луѓе кои се обраќаат да им помогнеме со социјални пакети со храна и средства за хигиена, но ние би сакале да им помогнеме сами да заработуваат за живот, додава Точков. Има голем број млади луѓе кои бараат помош, кои се во средовечни години, 30 – 40 години кои можат да работат....
Влатко Милошевски, Македонец кој живее во Холандија создаде веб страница каде претстави 250 странски сликари кои твореле инспирарани од Македонија
Post Views: 221 Влатко Милошевски, инженер по електротехника кој живее во Холандија неодамна на интернет објави Лексикон на странски сликари кои биле инспирирани во творештвото од престојот во Македонија. Создал веб страна „Лексикон на странски сликари во Македонија од 1850 до 1950 година“. Може да се види обемен материјал со уметнички дела кој го собирал 15 години и содржи податоци за над 250 уметници. Во неговата збирка се застапени уметници од западноевропските земји меѓу кои Велика Британија и Германија, но и од балканските простори. „Она што најмногу ги воодушевувало и привлекувало...
СВР Охрид го одбележа 7 мај Денот на Македонската полиција
Post Views: 179 СВР Охрид го одбележа 7 мај – Денот на македонската полиција со превентивна кампања. Посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштитата од ширењето на вирусот “COVID 19“ и придржување до одредбата за задолжително носење заштитни маски, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. „Претпладнево, на целото подрачје на СВР Охрид, во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар, полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици, поделија пакети заштитна опрема што...
Учењето од далечина се применува и во основното музичко училиште Методи Патче
Post Views: 274 Далечинско учење се применува во совладување на теоријата и инструменталните композиции и во основното музичко училиште Методи Патче. Реализацијата на специфичната настава во музичкото школо бара поинтенивен ангажман и од учениците и од предметните професори преку примена на он-лајн настава, инфомира Емилија Маринова, директор на ОУ Методи Патче. Наставата е специфична бидејќи покрај групната се изведува и индивидулна настава по неколку инструменти, вели Маринова, но задоволно додава дека досега успешно се совладува наставната содржина. „Тешко е од далечина на учениците...
Неисправна техничка стока и детски играчки се на врвот од листата со поплаки до ОПМ
Post Views: 197 До Советодавното биро на ОПМ во Охрид во просек месечно пристигаат по 20 поплаки од купувачите. Тие бараат заштита и информации за различни повреди на нивните потрошувачки права. Во месец јануари имавме 14 различни поплаки од граѓани, информира Вангел Спироски од Советодавното биро. 10 мина се обратиле во врска со неисправна техничка стока и детски играчки, некои со прашања за функционирањето на куќните совети, односно, кој за што е надлежен, до кои институции да се обратат за проблеми, но се обратиле и граѓани за финансиски услуги кога се незадоволни од банки и...
Занаетчиите од услужните дејности преземаат мерки за максимална заштита од корона вирусот
Post Views: 519 Почнаа да работат со клиенти занаетчиите од услужните дејности по пауза од скоро месец и половина. Иако, немаа забрана за работа поголемиот дел од козметичките и фризерските салони беа под клуч заради немање интерес на клиентите и стравот од вирусот. Со олабавување на мерките фризерите и козметичарите почнаа претпазливо со работа со клиенти. Заради природата на работата не можат да одржуваат растојание од 2 метри па преземаат строги мерки за максимална заштита од корона вирусот. За заштита на здравјето на клиентите и на сопственото носат маски и ракавици, а прават...
Во време на пандемија сите биеме своја битка, вели психологот Калина Сотироска Иваноска
Post Views: 392 Соочени сме пред бројни предизвици во време на пандемијата и секој ја бие својата битка во справување со реалните стравови и грижи, вели психологот Калина Сотироска Иваноска за времето кое го живееме денес. Секоја генерација се бори со специфични препреки со кои коронавирусот не помести од вообичаениот конфор на живеење. Прашање е како да се одржи доброто расположение, вели психологот. Препорката е покрај насочување кон активности кои може да си ги дозволиме во ова време на пандемија да се посвети внимение и на правилниот начин на исхрана, на одржување на хигиена,...