Автор: Валентина Неловска
Post Views: 133 Во Струга, на 7 мај ќе се одржи древната струшка Еордија или литија со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец. Традицијата ќе продолжи и во вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, но во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, информира отец Васко Голабоски старешина на храмот Св. Георги во Струга. „Литијата ќе биде составена од свештени лица, монаси и митропoлитот Тимотеј, која даде се од себе да ги запaзиме државните уредби и закони, а од друга страна да остане традицијата. Не e страшно што ќе...
Хотелиерите ги подготвуваат нивните предлози за работа по завршување на епидемијата со Ковид 19
Post Views: 145 Хотелиерите работат на подготвки на детални предлог мерки за работа по спласнување на епидемијата на коронавирусот. Мерките опфаќаат многу детали почнувајќи од влезот во хотелско-туристичките обејкти, па се до служење на храната. Предлозите ќе се однесуваат за заштита и на персоналот и на госите веднаш по олабување на забраните кои се применуваат во моментов, информира Крсте Блажески претседател на ХОТАМ. Има доста измени со кои ќе треба да се занимаваме во следните месеци и во сезоната со домашните гости по стивнување на епидемијата. „Мислиме и на нашите вработени....
Охридските угостители се одржуваат во економскиот опстанок преку достави од нарачки на граѓани
Post Views: 160 Дел од угостителските објекти од Охрид се борат за економски опстанок во оваа тешката еконоска ситуација преку он лајн нарачки и достава на храна и пијалоци до домовите на граѓаните. Во овие вонредни услови на пендемија кога под клуч се кафетериите, рестораните и остантите угостителски објекти имаат можност да доставуваат храна преку нарачки. Купувачите најчесто бараат брза храна, бургери и пици. Наумче Стојчески сопственикот на пицеријата Калабрија споделува дека во овие услови потрошувачката е намалена, не е како што треба, но тие функционираат и работат. Доставата...
Вонредните услови се чувствуваат и во раноградинарството и во овоштарството
Post Views: 153 Време е од годината кога земјоделските работи не чекаат, но вонредната состојба со ковид 19 се чувствува и во оваа сфера од животот. Се чувствува мал застој во проджабата на семенски материјал и препаратите за заштитата на коскеските овошки, напоменува агрономот Мирослав Трајчески. Земјоделците се крајно претпазливи во набавката и стравуваат за секој потрошен денар заради неивесниет времиња кои доаѓаат, додава Трајчески за моменталните состојби во оваа стопанска гранка. Апелира до сите кои се бават со производство на храна. „Да работат во земјоделието во овие моменти...
Советниците преку скајп одржаа седница и донесоа мерки за помош на угостителскиот сектор и за граѓаните
Post Views: 150 Охридските советници заради Ковид 19 одржаа седница преку интернет конференциска врска и усвоија неклку предлог одлуки за помош на угостителскиот сектор и граѓаните во социјален ризик. Едногласно прифатија да се намали висината на закупнината за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година додека трае пандемијата со продoлжување на три месеци по завршување на кризата. Усвоија и предлог-oдлука за изменување на Одлуката за висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност. „Се иземаат од обврската за плаќање...
Откажани свадбените свечености во охридските хотели
Post Views: 170 Пандемијата со Ковид 19 ги поремети сите вообичанеи нормални текови на општественото живеење и работа. Ги расипа голем број однапред планирани свадбени свечености на идните младенци, но и бизнис плановите на хотелите на охридско-струшкото крајбрежје. Хотелите се затворени, сите резереваци во месеците мај и јуни се откажани, а тоа важи и за свадбените свечености, информира Тоше Чочороски менаџер на хотел Силекс. „Тие се презакажани за крај на јули , повеќето за септември и натака. Исто се случи и со конференциите некои ги откажаа целосн, а други ги презакажаа за...
Заживуваат одамна напуштените родни огништа во општина Дебрца
Post Views: 212 Во општина Дебрца се забележуваат се поголем број на повратници од градовите, информира Зоран Ногачески градоначалник на оваа општина. Според изреката на старите „секое зло за добро“ во изминатиов месец се забележува дека во сите села луѓето се враќаат на татковите огништа, додава дека во ова време на пандемија луѓето од домашниот карантин по градовите бегаат во природа на село. „Мислам дека искуствено од оваа ситуација која настана луѓето треба полека да се враќаат назад на родното огниште, да се вратат назад во природата. Можеби и ова е една таква порака која...
Охриѓани ентузијасти почнаа самоиницијативно расчистување на диви депонии
Post Views: 147 Охриѓани ентузијасти почнаа со расчистување на диви депонии на крајбрежјето и во НП Галичица. Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ , пензионираниот полицаец Марјан Николоски, бродарот Ацо Сарафиноски и вработените од кафе бар Конект почнаа со кревање на исфрлен шут во населбата Даљан. Се собравме, набавивме возило за оваа цел, се најдоа луѓе кои помогнаа со гориво, со одржување на возилото и со регистрација додека во овие услови сите сме слободни да направиме нешто општо корисно, информира Устијаноски. „Целта е да можеме онолку колку што...
Од охридската ТППЕ апелираат до граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата
Post Views: 178 Охридските пожарникари секоја година во овој период се соочуваат со интервеници на отворени пожари кои ги предизвикуваат граѓани кои ги палат на нивите за да се ослободат од сувата вегетација, вели Спасе Прентоски командир на ТПП. При тоа запалениот оган им бега од контрола и ја загрозува околината, напоменува командирот Прентоски. Апелира граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата, а посебно да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на Првомајските празници. „Доколку бидеме ослободени и овој викенд на 2 мај се искористи како излетнички...
Пензионерите Иванка и Бруно Гигер полесно ги минуваат деновите во карантин со своето хоби
Post Views: 241 Брачниот пар Иванка и Бруно Гигер во време на пандемијата полесно го поминуваат домашниот карантин благодарение на нивното хоби. Тие пронашле начин во пензиoнерските денови да не се чувствуваат неполезно благодарејќи на љубовта која ја имаат кон рачната изработка на украсни предмети за кои употребуваат школки. Раскажуваат дека кога има дозвола за движење на пензионерите над 67 години излегуваат само по потреба додека остатокот од времето го поминуваат внесени во работата. „Изработуваме кутии за накит и клучеви, рамки за слики, мали пиленца. Не ни е досадно. Колку...
Болниците и здравствените домови од регионов добија 3 тони медицински алкохол
Post Views: 284 Донција од три тони алкохол добија медицинските центри од Охрид, Струга, Вевчани, Ресен и Битола. Вредната донација од медицински алкохол е на иницијатива на општина Охрид и ЈЗУ Општа болница Охрид. Донатори се компаниите Зегин, Винарија Лозар, НВО Балкан медија, ЈП Охридски комуналец. „Од името на општина Охрид сакам на тие што се погрижија за да се реализира донацијата да се заблагодарам. Апелирам и на другите компании и поединци од општина Охрид да се вклучат во слични вакви акции во овие тешки моменти сите заедно да ги пребродиме полесно“, кажа охридскиот градоначалник...
ОУ Христо Узунов на специфичен начин го одбележа 115 година од смртта на патронот и 34 години од постоењето.
Post Views: 191 Вработените и учениците го одбележаа патронатаот на ОУ Христо Узунов во специфични услови и на поинаков начин од вообичаените свечени програми на одблежување на денот на учлилиштето. Во време на панедмија кога школите не работат годинава со помош на социјалните мрежи се одбележаа јубилејот 115 година од смртта на Христо Узунов и 34 години од постоењето на школото , информира Оливија Пирузе Јанева , директорот на ОУ. Пирузева Јанева кажува дека покрај низата активности на социјалните мрежи за одбележување на патронатото објавена е и Песната за Христо Узунов подготвена...