Автор: Валентина Неловска
Post Views: 7 Епидемиолошката состојба со ковид 19 во Охрид е сложена и загрижувачка како и во целата земја. Секојдневно има двоцифрена бројка која има тенденција на зголемување, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Во јавноста кружат списоци со имиња и презимиња на граѓани со позитивен тест на корона вирусот. Објавувањето на такви списоци се кривично дело. Точков го осудува таквото протекување на информации кои кружат на социјалните мрежи и во јавноста. „Јас одговорно тврдам дека ниту еден список, кај нас нема списоци тоа се листи кои ги прави епидемиологот. Списоците кои ги...
Во општина Охрид нема застој во спроведување на вакцинации
Post Views: 2 Охридската служба за превентивна здравствена заштита на предшколски, школски деца и студенти работи според строго добиени препораки и протоколи добиени од МЗ. Д-р Соња Мариноска, раководител на одделението за вакцинации, информира дека во овој период имунизацијата во општина Охрид тече без проблеми и со почитување на сите протоколи за безбедност од ковид 19. „Добивме насоки да се нормализира работата да се отпочнат систематските прегледи и имунизацијата. Истовремемо поднесуваме известувања за спроведување на училишна имунизација до МЗ. Даваме извештаи колку...
Подигната рампата за влез и излез во стар град пред Горна Порта
Post Views: 6 Подигната е рампата за влез и излез во Стар град пред Горна Порта. Непречен е влезот за возилата во овој дел од градот за родителите да ги носат во училиште децата од 1 до 3 одделение кои посетуваат настава со физичко присуство. Рампата е подигната од пред неколку недели, од кога почна школската година, кажува Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. „По барање на родителите и ОУ Св. Климент Охридски се подигаат рампите од понеделник до петок, од 7 до 14 часот за да можат родителите непречено да ги...
Стапува во сила забраната за групирање по паркови и јавни површини
Post Views: 9 Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот. Ова го превидуваат новите измените во законот за заштита на населението од заразни болести. За непочитување на измените во законот за заштита на населението од заразни болести казните се до 30.000 денари или 500 евра. Угостителите кои претходно добија забрана за работа по 23 часот, реагираа на појави на групирање на млади луѓе, по 23 часот по парковите, детските игралишта, пекари, бензиски и слично. Од СВР Охрид најавуваат дека и досега биле биле вршени контроли за спречување вакви...
Во НП Галичица ќе се поставува виа ферата
Post Views: 3 Националниот парк Галичица ќе добие нова туристичка содржина за љубителите на адреналинските спортови. Наскоро на територија на паркот ќе се постави виа ферата. Станува збор за еден вид алпинистичка насока која ја изработуваат членовите на АК Патагонија од Охрид, информира Антонио Додевски претседател на клубот. „Идејата за изработка на виа ферата дојде преку друг еден друг проект кој истотака паралелно го спроведуваме во рамките на НП Галичица. Ќе биде можеби една во моментов од најдолгите виа ферати со должина од 350 до 400 метри, се наоѓа во месноста Корита....
Редовно се контролираат јавните превозници за заштита од ковид
Post Views: 4 Од спроведените контроли во јавниот транспорт на патници во Охрид, СВР Охрид и овластените инспектори за патен сообраќај при Општина Охрид, констатирале помали прекршувања на мерките за заштита од ковид 19. Секојдневно се спроведуваат контроли врз јавните превозници дали ги почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести за редуцирање на патници во јавниот превоз, инфоромира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Полициската станица во патниот сообраќај презема интензивни мерки кон правните субјекти кои вршат јавен превоз на патници во градски и приградски...
Нова туристичка приказна во Вевчани, Виа ферата или безбедна патека за качување
Post Views: 6 Во Вевчани ќе се изгради Виа ферата, прва во Македонија, безбедна патека за доживување на алпиниститчкото искачување. Карпата висока околу 150 метри е лоцирана непосредно над Вевчани, во границите на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански извори, на околу 1 км оддалеченост од изворите. Станува збор за надградба на проектот Хајс кардус трел кој преку планински патеки ги поврзува Македонија, Косово и Албанија, а започна пред 3-4 години, објаснува Антонио Додески од АК Патагонија кои се носители на проектот во рамките на Германско друштво за...
Во ЕМУЦ беше одбележан почетокот на учебната година на третата генерација според програмата за дуално образование
Post Views: 1 Во Средното стручно училиште Св. Наум Охридски стартува трета генерација ученици во дуално образование. Оваа година запишани се 25 ученици од кои 17 ученици во струката техничар за индустриска мехатроника и 8 мина техничари за производно машинство. Програмата ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Македонија во неколку средни стручни училишта и во соработка со десетина компании, меѓу кои е и охридскиот електромашиски училишне центар. Се спроведува со подсредство во контактите меѓу државниот и приватниот сектор, помеѓу училиштата, компаниите и...