Автор: Валентина Неловска
Post Views: 157 Од 15 те случаи во Охрид кои се регистрирани со корона вирус сеуште нема излекувани. Во овој момент нема информација дека има оздравени лица кои се на домашно лекување. Охрид петти ден е без регистрирани нови случаи на инфицирани. Нема место за паника, порача министерот за здравсто по последниот случај од 19- ти април кога беа регистрирани 8-охриѓани, а вработени на една бензиска пумпа во Охрид. „Сметам дека работата е локализирана и овие мерки на рестрикција кои досега ги презедовме и новите кои ги воведовме, работите ќе се под контрола како што е сега , “ вели...
Во изминатиов месец и половина нема пријави за семејно насилство во Охрид
Post Views: 220 Во екот на пандемијата со Ковид 19 нема пријави за семејно насилство во Охрид. Необично е мирна состојбата во изминатиов месец и половина. Затишјето во време кога на сила е ограничување на движењето и граѓаните се претежно во своите домови ги изненадува социјалните работници. За споредба само во првите два месеци од годинава 40 жртви пријавиле насилство во семејството, информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјална работа. Социјалните работници кои работат со жртвите се изненадени бидејќи претходно имале зголемен инетнзите на повици за пријавување на семејно...
Еколозите порачуваат: Од пандемијата да се извлече поука
Post Views: 155 Денот на планетата Земја се одбележува во период на пандемија кога планета се регенерира, кога е најмирна и најчиста, вели екологистот Ѓоко Зороски. Намалено е загадувањето на воздухот и водата, бучавата во големите градови , океаните, морињата езерата, вели Зороски. „Можеби ова пандемија се случи во најдобро време сега е сезона за мрест на многу видови риби и во нашето Езеро кои не се вознемируваат од стрна ан човекот. Сезона е на гнездење на птици и парење на диви животни. Период кога треба најмалку да се вознемируваат дивите животни, а човекот е се помалку присутен...
Нема драстично зголемување на бројот на невработеност во општина Охрид
Post Views: 338 На пазарот на трудот во Охрид, во месец март се евидентирани 2858 лица кои активно бараат работа. Во моментов бројот на невработените лица евидентирани во охридскиот центар за вработување не бележи поголеми промени, информира Маја Биткоска Ташкоска, директор на центарот за вработување. Нема масовни отпуштање од работа од фирмите погодени од пандемијата. „Нема драстично зголемување на бројот на невработени , дури и се појавува вработеност кај невработените лица во различни сектори“, информира Биткоска Ташкоска. Споредбените податоци од оваа и минатата година покажуваат...
Охриѓани дисциплинирани и совесни за време на продолжениот плициски час
Post Views: 148 Мирно и стабилно изминале 85 -те часа карантин во земјава кои трае од 16 часот , петок 17 април до 5 часот утрово. Граѓаните во Охрид биле дисциплинарани и само 4 -ца ја нарушиле забраната за движење за време на спроведување на мерки за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид 19, а во соседна Струга тој број бил 14 лица, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Во овој период во СВР Охрид нема пријава за семејно насилство или друг облик за случено кривично дело “, кажува Димоски . На 18 април, саботата се случила една тешка сообраќајна...
Денес во Струга почна со работа пункт за тестирање на Ковид 19
Post Views: 285 Во Струга почна со работа пункт за земање на брисеви од Ковид 19 во поддрачната единица на Центарот за јавно здравје. Во текот на денешниот ден биле земени брисеви од 5 мина стружани, информира Сашо Точков директор на охридскиот Центар за јавно здравје. Дополнително се земени брисеви и во струшката околина, Лабуништа и околните села од мобилните екипи на центарот. Во Охрид пак, биле земени брисеви од 4 сомнителни случаи. За последните 8 новорегистрирани случаи со корона вирусот, вработени на охридска бензиска пумпа, Точков смирува дека нема место за загриженост. „Вирусот...
Без верници во храмовите ќе се празнува најголемиот празник Велигден за прв пат во историјата на православната црква
Post Views: 137 Велигден ќе се празнува без верници во храмовите за прв пат во историјата на православната црква. Низ вековите ова никогаш не се случило, вели отец Љупчо Симиџиоски.Додава дека верниците ќе недостасуваат в црква , но се надева дека до година ќе бидат посплотени и ќе ја ценат соборноста при празнувањето на Велигден кој е темелот на христијанската вера. „Се разбира дека ќе недостасуваат верниците . Овој празник со векови се славел масовно и самата црква е соборна црква. Црквите се изградени од камен и се симбол на верниците, соборноста...
Пред шалтерот на Центарот за социјални работи расте редицата луѓе кои поднесуваат барања за социјална помош
Post Views: 134 Зголемен бројот на лица кои бараат помош од државата. Пандемијата удира се посилно врз стандардот на се поголом број граѓани. Луѓето остануваат без редовен работен однос или сезонска работа па бараат помош од држвата. Се зголемува редицата на луѓе кои чекаат пред шалтерот од Центарот за социјални работи со барања за социјална помош. Имаме зголемен број на подносители за барања за гарантирана минимална плата, лица кои бараат еднократна парична помош или барања за нега за трето лице, информира Ајтен Мусли директор на охридскиот Центар за социјални работи. „Овој месец...
Нова вонредна состојба во времетраење од 30 дена
Post Views: 148 Продолжува вонредната состојба во земјава за уште 30 дена. Одлуката е донесена на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Се одлучи за ваков статус врз основа на добиените информации на дневна основа од Централниот кризен штаб и Владата, а вчера добив извештај за преземените мерки во изминатите 30 дена и предлог за воведување на кризна состојба во следните 30 дена, рече Пендароски. „Согласно направените проценки за периодот кој следи е јасно дека е потребно повтроно порогласување на вонредна состоја. Одлуката ќе ја донесам...
Проблем при чистењето на канализациониот систем во центарот на градот се замастените цевководи
Post Views: 141 Замастените цевководи се најголемиот проблем при чистењето на секундарната канализација во градот. Посебно со тој проблем се соочуваат во моментов екипите на фирмата Еко тим кои работат на чистење на одводните цевки. Од 18 км секундарна канализација досега се исчистени 5 км секундарна канализација, информира Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор. „Најголем проблем кој го затекнавме на терен се песокта и маснотиите од рестораните кои се испуштаат во секундарната канализација.Од тоа доаѓа до големо затврднување на цеководите и зачепување на цевките во секундарната...
Инспекторите од АХВ изрекле 30 инспекциски мерки во јануари и февруари
Post Views: 246 Инспекторите на АХВ во Охридско – струшкиот регион, во првите два месеци од годинава спровеле 22 вонредни контроли кај оператори со храна од неживотинско потекло и 18 контроли кај оператори со храна од животинско потекло. При вонредните инспекциски контроли бил направен увид и дали се почитуваат препораките за спроведување на засилената дезинфекција на опремата, транспортните средства и објектите, со цел намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, информира Велика Атанасова портпарол на Агенцијата за храна и ветеринарство. „За констатираните...
Само 12 парови го кажале судбоносното да пред матичар во месец март
Post Views: 189 Според евиденцијата во матичната книга на родени, венчани и починати се бележи пад кај сите три демографски индикатори, информира Кристина Митевска портпарол на Управата за водење матични книги. Се регистрирале шеесет брачни парови во првите три месеци од годинава. Минатиот месец само 12 парови го кажaле судбоносното да пред матичар и склучиле брачна заедница. Епидемијата со Ковид 19 го преполови бројот на склучени граѓански бракови во Охрид, покажува евиденцијата на матичната книга на венчани. Во јануари и февруари оваа година биле регистрирани 48 брачни заедници...