Автор: Валентина Неловска
Post Views: 157 Строго се забранува шетање, возење велосипеди и моторцикли, четвороколки како и движење на излетничките места на територија на НП Галичица за сите граѓани како мерка за спречување на корона вирусот. Забраната е согласно заклучоците од четиринаесеттата седница на Владата, оддржана вчера со цел да се спречи внесување и ширење на COVID-19, соопштува Васко Паскали директор на НП Галичица. „Се забранува движење и групирање на излетничките места, местата за рекреација во Националниот парк како и во шумите во границите на истиот. Се забранува движењето и во викенд населбите...
Опаднат е прометот и пратките во охридската пошта
Post Views: 172 Пандемијата со корона вирусот негативно се рефлектира и врз финансиското работење и прометот на поштенските услуги во охридската поддружница на Македонски пошти. Охридската пошта работи редуцирано заради заштита на своите вработени, информира директорот на подружницата Раим Бајрами. „Уплатата и исплатата ние опадната за околу 20 посто. Исто така и поштенските услуги, пратки и писма и тие се намалени за околу 20 посто “, информира Бајрами. Поштенските пратки функционираат нормално во рамките на државата додека со странство во моментов се одвиваат само со неколку...
Охридските основни училишта ги чекаат смарт таблите
Post Views: 162 Модерната технологија која се воведува во основното образование од прво до четврто одделение полека ги заменува зелената табла, кредата и сунѓерот, со смарт табли. Во рубриката Ти Си Твојот Град, родителите кои ги пополнија анкетните прашалници за состојбите во образованието имаат забелешки за опременоста на училиштата со нагледни средства, пред се со интерактивни табли. Во време на дигитализација смарт таблите се од големо значење за интерактивност помеѓу наставниците и учениците во совладување на наставата и проверка на знаењата, децидни се наставниците. Охридските...
Комуналец ќе го подига отпадот и за време на полициски час
Post Views: 151 Останаа неподигнати дел од контејнерите и садовите за отпад од домаќинставата во делови на градот за време на полицискиот час кој траеше викендов. Службите на ЈП Охридски комуналец го увиделе пропустот на терен и ќе работат и за време на полицискиот час, информира Љупчо Грданоски директор на ЈП Охридски Комуналец. „Се соочивме со ситуација денес граѓаните масовно да го вадат отпадот по контејнерите и да не се повтори таа ситуација решивме од наредната недела екипите на ЈП да го подигаат отпадот од сите населени места и за врема на полицискиот час. ЈП ќе работи по...
Охридскиот кризен штаб бара забрана за влез на жители од други градови во Охрид
Post Views: 136 Воведување на забрана за влез на жители од други општини во Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Охрид при влез и излез од градот. Ова е барање од Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, упатено до Кризниот штаб на Владата. Охридскиот кризен штаб бара да се разгледа можноста за ваква мерка која сметаат дека е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели. „Барањето се заснова и на фактот што во Охрид...
Први ги затворија угостителските објекти но први и ќе закрепнат од економската криза
Post Views: 146 Вообичаено посетеноста на гости за време на Велигденските и првомајските празници во охридско- струшкиот регион беа репер каква ќе биде претстојната летна сезона. Но, моменталната ситуација со коронавирусот во светот повеќе е од јасна дека ќе има негативни последици врз домашниот туристички сектор, вели Цветко Андреески декан на охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Туризмот е во потешка ситуација во споредба со угостителството без разлика колку ќе трае оваа ситуација. Колку подолго ќе трае пандемијата толку ќе биде се потешко, напоменува деканот. „Според...
Дефект на водоводна линија ги остави без вода жителите од населбата Гоце Делчев
Post Views: 154 Од утрово без вода за пиење останаа повеќе домаќинства од населбата Гоце Делчев и улицата АРМ. Од ЈП Водовод Охрид информираат дека во раните утрински часови се случил дефект на водоводната линија па со намален притисок во водоснабдувањето останале петнаесетина домаќинства во истата населба. Нивни екипи работеле на водоводната линија каде што настанал дефектот , зачепување на цевководот. Информираат дека работата ја отежнувале изградени објекти, а со работа ќе продолжат и утре заради тоа што екипите мора да го почитуваат полицискиот час. „Стручните екипи на ЈП ВОДОВОД...
Лице од Велешта ја злоупотребило дозволата за движење за време на полициски час
Post Views: 141 Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на седум општини кои ги покрива СВР Охрид. Полициските службеници во изминатото деноноќие затекнале две лица кои го прекршиле полицискиот час. Синоќа околу 18 часот, во полициската станица во Струга, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир, со карање и оштетување на предмети, извршено на улицата „Елпида Караманди“ во Струга, а друго лице е приведено во Охрид на Булевар Туристичка,информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот, при извршена контрола на булеварот „Туристичка“...
Охриѓани дисциплинирани во изминатото деноноќие
Post Views: 382 Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 16.00 до 05.00 часот секој ден која почнува од денес и целосно за време на викендите. Во изминатото деноноќие охриѓани биле дисциплинирани. Стабилна е и безбедносната состојба и на подрачјето на остантите 6 општини кои ги покрива СВР Охрид. Без проблеми се одвивала и контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР...
Градинари стравуваат за насадите поради ограниченото движење за викенд
Post Views: 150 Производителите на раноградинарски култури стравуваат дека ќе пропаднат посевите по забраната за ограничено движење донесени со владините мерки. На поголем дел од нив одгледувањето пластеници им е дополнителна дејност и не живеат во село туку во градот и се над 67 години . Тие како локални микропроизводители на земјоделска храна не се регистрирани земјоделци и не можат да ги користат поволностите за да добијат дозволи за движење во услови на време на ограничено движење. Бараат од владата да најде начин и за оваа категорија мали земјоделци да им овозможи движење за...
Обезбеден интернет пристап за учениците од семејства во социјален ризик
Post Views: 152 Непречено образование ќе добијат сите ученици. За семејствата во социјален ризик е обезбеден интернет со картички преку Македонски телеком. Во овој период е особено важна солидарноста на сите чинители на општеството, порача министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски. „Договорот што денеска го потпишавме со Македонски телеком овозможува образованието да биде достапно за сите. Имајќи предвид дека некои немаат интернет дома, Македонски телеком донира 18.400 картички со 10гб интернет месечно на социјално загрозени семејства кои имаат...
Охридските пчелари донираа мед и прополис на Општа болница Охрид
Post Views: 171 Стотина тегли со мед и пчелни производи донираа од здружението на пчелари на ЈЗУ Општа болница Охрид. Охридските пчелари со овој гест подарувајќи им здрава храна им искажаа благодарност на здравствените работници кои се грижат за здравјето на граѓаните во борбата со корона вирусот бидејќи тие се на првата борбена линија, информира Тони Јосифоски од здружението на пчелари Охрид. Тие што се вклучија донираа несебино кој кило кој две мед и прополис, а прозиводите ќе бидат доставени до инфективното одделение, додава Јосифоски. „Пчелните производи се здрава храна, која...