Автор: Валентина Неловска
Post Views: 9 Во ПИСИ образовниот центар од Охрид се одржуваат бесплатни он лине часови за математика за третоодделенци. Како центар со долга традиција и успех, професионалци во својата област меѓу која е и он лине наставата, Писи одржува настава за трето одделенците од цела Македонија, но и за сите ученици кои разбираат Македонски јазик од целиот свет, информира проф. Ангел Јанев сопственик на ПИСИ образовниот центар. Наставата се одржува веќе еден месец според наставниот план и програма за основно образование дадена од МОН , во деновите понеделник и среда од 20 и 15 до 20 и...
Во музичкото школо за индивидуалната настава ќе има физичко присуство на ученици
Post Views: 3 Во основното музичко училиште Методи Патче настава ќе посетуваат 325 ученици во учебната 2020 -2021 година. Имавме голем интерес за упис на нови ученици и запишавме 53 ученици во прво одделение, информира директорката Емилија Маринова. Музичкото училиште доби согласност за изведување на индивидулната настава со физичко присуство за учениците од 2 до 9 одделение, а за теоретските предмети предавањата ќе бидат он лајн од 1 до 9 одделение, напоменува Маринова. „Запазени се сите протоколи со индивидуалната настава и немаме реални проблеми. Професорите работаат со...
Службата 194 доби современо возило и опрема
Post Views: 5 Охридската итна медицинска помош доби современо амбулантно возило и софистицирана медицинска опрема. Возилото е донација од европскиот проект „Безбедни градови за срцето“ со прекугранична соработка на охридските ЈЗУ Здравствен дом и Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања и рехабилитација Св. Стефан со градовите Тракија и Каламарија од Република Грција. Амбулантното возило има најсовремена опрема и за градот е од многу голема важност при интеревенциите за спасување човечки животи кога секоја минута е драгоцена, напоменува д-р Ајсел Зејноска, директор...
Жители на Абас Емин револтирани заради чести прекини во водоснабдувањето
Post Views: 7 Чести прекини во водоснабдувањето од градската мрежа ги револтира граѓаните кои живеат на краци од улицата Абас Емин. Граѓаните од улиците Дејан Војвода и Македонски Просветители од 23 септември до денес многу пати во текот на денот остануваат без вода за пиење. Не можат да функционираат нормално ниту вработените во продавниците и други правни субјекти.Со недостаток од вода се соочува и Територијалната противпожарна единица чии возила се полнат со вода од ЈО Нискоградба. Светозар Стефановиќ , директор на ЈП Водовод појаснува кои се причините за појавата на честите...
Еко-фап функционираат од душа за почист Охрид
Post Views: 3 Членовите на Здружението Еко-фап го обелуваат образот на охриѓани. Ентузијастички расчистуваат и подигаат разни видови отпад и шут низ делови од градот и околината. Општествено одговорните охриѓани се луѓе кои се дел од пловидбената флота и од туризмот. За идејата со еко акциите велат дека биле потикнати од коментарите од странските гости. Нивните забелешки се дека од Охрид не виделе поубаво место, но дека му недостасува хигиена и свест на населението за да не фрла ѓубре насекаде и да не се нагрдува животната средина, раскажува Горан Устијаноски, еден од...
Прв регистриран случај на Ковид 19 во охридска градинка
Post Views: 7 Прв регистриран случај Ковд 19 во охридска градинка. Денеска ЦЈЗ го доби позитивниот резултат од тестот за корона вирус на негователка во еден од клоновите на детска градинка Јасна Ристеска. Децата од групата за кои таа се грижела ќе останат дома во следните денови, информира директорот на центарот, Сашо Точков. „Епидемиолошката служба контактира со надлежните и во моментов се врши анкета. Ќе се преземат сите мерки за заштита на децата кои биле во контакт со негователката ќе бидат изолирани дома и нема да доаѓаат во градинка. Ќе се преземат сите мерки, нема место...
Се сумираат резултатите од туристичката сезона 2020
Post Views: 7 Туристичките работници ги сумираат економските резултати од летната сезона 2020. Во услови на пандемија од ковид 19 и затворени граници странските гости ова лето беа малубројни посетители на охридското крајбрежје. Корона пандемијата го сопре подемот на рецептивниот туризам на охридското крајбрежје кој се случуваше последните години. Туристичките работници правејќи споредба на економската моќ и бенефит од странските и домашните гости сметаат дека не може да очекуваaт домашните гости да го спасуваат туризмот и секторите поврзани со него. „Туризмот е комплексна...
Почна учебната година за првачињата
Post Views: 6 Почна учебната година за првачињата. Училиштата им посакаа топло добредојде на првоодделенците кои носеа заштитни маски и беа распоредни според посебни протоколи. Меѓу 480 -те охридски првоодделенци се и 122 ученици од ОУ Григор Прличев. Тие се распоредени во 6 паралелки од кои 5 се во централното и една во поддрачното школо во населбата Рача. „Мора да забележам дека децата беа видливо среќни и насмеани. Иако, да малку е чудно, но тоа е новото, нормалното. Тековно ќе се навикнуваме на предизвиците кое ни ги носи секојдневието и ќе ги решавме проблемите доколку...