Автор: Валентина Неловска
Post Views: 179 Во општините Охрид и Дебрца има основци и средношколци кои не можат да си дозволат следење на online настава. Причините се различни, учениците не можат да си дозволат компјутери, смарт телефони или интернет пристап и не се вклучени во вонредниот наставен процес. Повеќето од нив се од семејства во социјален ризик, но има и такви каде што родителите се немарни. Во Средното угостителско училиште Ванчо Питошески 15 проценти од нивните ученици немаат пристап до интернет за да се вклучат во вонредниот порцес на настава. Станува збор за 30 ученици од различни класови кои...
13 лица дневно е бројот на земени брисеви за тестирање на корона вирус во охридскиот ЦЈЗ
Post Views: 170 На 10 до 13 граѓани од Охрид и Струга дневно им се земаат брисеви за тестирање од корона вирусот во центарот за јавно здравје. Брисевите се земаат од екипи максимално заштитени и во посебна просторија од понеделник до сабота, информираат од охридскиот центар за јавно здравје. Матичните лекари креираат упати преку опцијата Мој термин по направените анкети со пациентите според препораките на ресорното министерство, информира Сашо Точков, директорот на Центарот за јавно здравје.. „Пациентите кои што доаѓаат се по препорака од матичните лекари и се 10- 12 пациенти....
Кривична пријава заработи скопјанецот заболен од Ковид 19 кој го загрозил здравјето на вработени во охридски кабелски оператор
Post Views: 179 44 годишен скопјанец заработи кривична пријава за загрозување на здравјето на вработените во охридски кабелски оператор. Лицето допатувало во Охрид со цел да се самоизолира во својот стан откако го дознал својот статус на инфициран со корона вирус. Но пред да се стави во самоизолација отишол да си обезбеди приклучок на интернет и телевизија без безбедносна заштита, односно маска и нараквици, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. „Кривичната пријава е поднесена во моментот кога е констатирано дека тој излегол од неговиот стан во Охрид и се упатил кај кабелскиот...
Новиот директор на општа болница врши реорганизација за да им се излезе во пресрет на сите пациенти да се примаат во услови на епидемија
Post Views: 150 Новиот директор на охридската болница, д-р Горан Балевски, интензивно работи на реорганизација на работата на Инфективното одделение. Денес на стручен колегиум е формиран Кризен штаб на општа болница и направен е протокол какви случаи ќе се примаат на лекување. Сите лекари ќе бидат маскимално заштитени и ќе се вклучат во поддршка на работата на трите лекари инфектолози. Инфектолозите од одделението според препораките на одделот за лекување да ги примаат сите пациенти од регионот без разлика дали им е утврден вирусот или не. По утврдување на состојбите ќе ги упатуваат...
Со втор сет мерки тежок 200 милиони евра владата ќе се справува со последиците од корона вирусот
Post Views: 162 Техничката влада го донесе вториот пакет финансиски мерки за справување со кризата во економијата поради коронавирусот. На денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски ги презентираше новите мерки тешки 200 милиони евра. Приватниот сектор ќе добие финансиска помош за исплата на платите на вработените за месеците април и мај, рече Спасовски. „Го донесовме вториот сет мерки за справување со кризата со консултација и суштинска дебата низ разговори со економски познавачи експерти и стопанственици.Со мерката 1 се предвидува финансиска помош за приватниот...
Пациентите со забоболка ќе се лекуваат во итната стоматолошка служба при Здравствен дом
Post Views: 176 Охридските стоматолози од итната стоматолошка служба при Здравствен дом Охрид ќе ги лекуваат пациентите со забоболка по нов протокол за работа. Според новите протоколи во вонредни услови итните случаи ќе се лекуваат кај овие стоматолози по претходна консултација со матичните стоматолози, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. „Ќе објавиме на влезната врата на амбулантата и на вратите на сите приватни ординации пациентитет да го контактираат матичниот стоматолог и тој да одлучи ако има потреба...
Стручни лица треба да изготват протокол за делување на здравствените установи од четирите општини во регионов
Post Views: 148 Стручни лица, епидемиолози и инфектолози, ќе треба деновиве да изготват протокол за делување на здравствените установи од Општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца во справување со корона вирусот. Патеката на движење на заболените лица ќе мора строго да се придржува според протоколот за лекување кој треба да се изработи. На предлог на општинското координативно тело од Охрид градоначалниците од регионов одржаа состанок со раководителите на ЈЗУ и договараа план за регионализација и усогласување на процедурите за треман на потенцијални пациенти од КОВИД 19. „Тоа што...
Нова опрема за Библиотеката и Спортската сала во ОУ „Григор Прличев“
Post Views: 188 Јана, Андреа и Георгина од ОУ „Григор Прличев“ се вклучени во сликање на мурал во школскиот хол. Талентираните ученички од деветто одделение испраќаат силна порака преку ликовното творештво дека сите деца имаат право на образование. Со нивната дарба за сликање се дел од проектот „Редовно на часови“- Активно вклучување на ромите во образованието на Фондацијата „Чекор по чекор“.Со овие симболи за редовно посетување настава ние покажуваме на креативен начин покрај со реченица и мисла дека сите треба да ги почитуваме правата. За посета на часови нема граница на сите...
Руралните општини Дебрца и Вевчани функционираат според препораките за вонредна состојба
Post Views: 285 Се почитуваат препораките за работа и живеење во овие вонредни услови и во руралните средини кои ги опфаќаат општините Дебрца и Вевчани. Градоначалниците на двете општини Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, информираат дека се преземени сите мерки за заштита на населението од корона вирусот и во нивните рурални општини. Јавните површини во двете општини се дезинфицирани, упатени се апели до жителите како да се однесуваат во овие вонредни услови на живеење. Засега жителите ги почитуваат мерките за самоизолација, и ограничување на движењето на старите лица. Во општина...
Во Охрид регистриран нов случај на заболен од Ковид 19
Post Views: 469 Регистриран нов случај на заболен од коронавирус во Охрид. Охриѓани стравуваат за состојбата на медицинскиот персонал од одделението за трансфузиологија. Во државава 12 проценти од потврдените случа на заболени со КОВИД 19 се медицински лица што е загрижувачко. Од Центарот за јавно здравје информираат дека пред два дена зеле брисеви од персоналот од ова одлденеи кое без да знае биле во контакт со заболено лице со Ковид 19. „Вчера беа тестирани тие лица и други лица кои беа упатени од матичните лекари. Резултатите ги очекуваме и не знаме какви се. Се надевам дека...
ЈП Комуналец секојдневно ги дезинфицира градските и приградските улици, тротоари , паркинзи
Post Views: 214 Секојдневно се дезинфицираат градските и приградските улици со две цистерни, информира Стевчо Маслов ОД ЈП Охридски Комуналец. Во вонредни услови, според програмата за работа градот е поделен на 4 зони и покрај улиците се прскаат тротоарите, паркинзите, игралиштата, автобуските постојки. Денес се прскаа Кејот, Чаршијата, населбите Билјанини извори и Гоце Делчев, селата Косел и Вапила. Имаме за прскање по две села во програмата секој ден. Користиме дезинфекционо средство Дизентал кое го имаме во доволни количини , кажува Маслов. „Тоа е концентриран раствор се меша...
Во вонредни услови започна да функционира за сите училишта првата националната програма за далечинско учење
Post Views: 169 Од денес започна да функционира за сите училишта националната веб платформа за образование. Досега, наставницте од средните и основните училишта изведуваа интернет настава индивидуално прилагодена секој како знае и умее. ТВМ Телевизија ги контактираше директорите на неколку основни и средни училишта како ќе се одвива наставната програма и отценувањето на знаењето на учениците во овие вонредни услови. Сите ги очекуваат препораките на МОН и Бирото за развој на образованието. „Размислуваме да одржиме наставен совет преку on -line платформата и ќе ги слушнеме искуствата...