Автор: Валентина Неловска
Post Views: 10 Во реонот на селото Мешеишта во тек е експропријација на земјиште од страна на МЕПСО за изградба на трафостаница. Ова е најновата експропријација со која се соочуваат граѓаните од охридскиот регион. Експропријација имаше и за земјиштето на автопатот Кичево – Охрид која е во тек, а започна во 2014 година. Актуелноста на овие ситуации го наметнува прашањето колку луѓето ги знаат своите права во ситуации кога државата сака да го одземе нивниот имот по одредена цена. За оваа проблематика го консултиравме адвокатот Александар Карали, кој советува, засегнатите...
Туристичките агенции се задоволни од четвртиот сет економски мерки
Post Views: 16 Туристичките агенции задоволни од донесените владини економски мерки. Со нив, сметаат дека од банкрот ќе се спасат постабилните туристички агенции кои беа најпогодени од корона пандемијата. Иако помошта доаѓа малку подоцна секако е добредојдена, вели Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“. Маленко кажува дека голем товар во работењето им било тоа што биле оставени сами на себе да се снаоѓаат за плати и режиски трошоци во месеците јули, август и септември . „Туристичките агенции останаа на работ на егзистенција затоа што освен неколку поголеми тур оператори од државата...
Платежни картички за 100 самохрани семејства и 2837 охриѓани кои не бараат работа
Post Views: 4 Усвоен четвртиот пакет економски мерки тежок 470 милиони евра, а со кој Владата продолжува да им помога на граѓаните, вработените и стопанството да се надминат последиците од кризата предизвикана од ковид-19. Меѓу, позначајните мерки кои се 31 на број, е и мерката платежни картички за поголема потрошувачка и за развој на домашните економските дејности. Оваа мерка ќе изнесува 27,2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени над 280 илјади граѓани кои не беа опфатени во првите 3 сета економски мерки. Платежни картички со износ од 6000 денари ќе добијат 5.726 самохрани...
Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци
Post Views: 6 Се отвараат двата охридски домови за сместување на студенти и средношколци. Според протоколите може да се сместат редуциран број станари во собите на двата сметувачки објекти. Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ има услови за да го спроведе протоколот за сместување на студентите, информира Жарко Куциноски директор на домот. Сите соби во студенскиот дом се со 3 и 4 кревети и може да се сместат најмногу по две лица. Во домот има сеуште слободни места за уште 80 студенти. „Во нашиот студенски дом имаме сместувачки капацитет за 160 студенти кои ќе бидат...
Националната Платформа за on line настава лесна за употреба
Post Views: 8 Лесна е за употреба Националната Платформа за он лине настава, тврдат 30 национални обучувачи кои своето знаење го пренесле на сите свои колеги во македонските училишта. Денес школите ги добија корисничките имиња за најавување на ученците во платформата, а од понеделник одделенските раководители ќе ги поделат, информира Ивана Маховска Шикалоска, директор на ОУ Григор Прличев. Напоменува дека платформата за наставниците, родителите и учениците е предизвик бидејќи е нешто ново, но не е несфатливо и е лесно за употреба. За да нема нејаснотии ќе бидат дадени упатства...
Жителите од месноста Надвис во Велгошти кои два месеци беа оставени без вода за пиење бараат трајно решение на проблемот
Post Views: 5 Јулијана Милеска, Велика Ѓонеска и Нада Љаткоска од месноста Надвис, од Велгошти се соочувале со живот без вода од водоводната мрежа два месеци. Тие се дел од 60-тина семејства со околу 240 луѓе кои имаа секнати славини на чешмите за пиење вода. Од 10 август па се досега во време на пандемија биле принудени да штедат вода која ја собирале во доцните ноќни часови. Преку ден не можевме да се испереме, истушираме, се миевме капка по капка со вода, вели Милеска. Додава дека секое утро првиот шок им бил дали ќе имаат вода или не во водоводната мрежа. Навечер чекале да...
Поставени се повеќе прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба
Post Views: 9 Од секторот за комунални дејности, патишта и улици при Локалната самоуправа поставиле прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба. При изработката на автопатот по наше барање и на барање според потребите од ЈП Водовод и Нискоградба се договоривме со изведувачите да се направат 5-6 прелази на автопатот, информира Томе Нанески, раководител на Секторот за Комунални дејности, патишта и улици. „Поставивме цевки кои можат да се искористат за повеќе намени. Може да се искористат за менување на електрични кабли и кабелски оператори. Кога ќе се заврши автопатот да...
Малолетници дивеат во ноќните часови по улици и паркови
Post Views: 6 Граѓани пријавуваат до полиција малолетници кои го нарушуваат јавниот ред и мир во ноќните часови со бучно возење на моторцикли и трки по улиците. Подолго време, се ремети јавниот ред во населбата Билјанини извори и во Бараки. Кај градскиот полигон се забележува собирање на малолетници кои се бучни и конзумираат алкохол. Покрај конзумирањето алкохол малолетниците посегнувале и по наркотици во парковите и школските дворови, но и на други места низ градот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за досегашната работа на полициските службеници од...