Автор: Валентина Неловска
Post Views: 160 Службата за трансфузиологија во Охрид целосно е преземена од одделението кое што се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Трансфузиолошкото одделение во Охрид е затворено. Епидемиолозите одлучиле 10 мината вработени лекари, медицински и помошен персонал од одделението да бидат во домашна изолација. Иако сите вработени не биле во директен контакт со пациентот кој подоцна бил дијагностициран со Ковид 19 се наоѓаат дома, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека во моментов во Охрид има доволно единици крв...
Граѓаните кои не ги платиле сметките за струја нема да бидат исклучени од електричната мрежа
Post Views: 234 ЕВН Македонија нема да ја исклучува струјата на граѓаните кои не ги подмириле сметките за потрошена енергија, уверува Атанас Ковачески портпарол на компанијата за снабдување со електрична енергија. ЕВН ќе ги следи препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика и ќе ги преземе сите мерки за спречување на корона вирусот и ќе ги заштити и корисниците и своите вработени, вели Ковачески. „Никој не треба да биде загрижен за дистрибуција на електричната енергија и одржувањето на системот за дистрибуција. Тоа е работа на ЕВН. Снабдувањето со електрична енергија...
Во охридскиот центар за јавно здравје земени материјали за скрининг тестови на 5 лица
Post Views: 207 Центарот за јавно здравје утрово започна со скрининг тестови кај пет лица за Ковид 19. Брисевите се земаат од грло и нос од страна на стручни лица од центарот соодветно опремени за оваа постапка, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. „На пациентите кои претходно преку матичниот лекар добиле термин за да се изврши таа услуга доѓаат во центарот. Сите пациенти кои сметаат дека треба да се тестираат имаат симптоми или имале ризичен контакт треба да се јават кај матичниот лекар по телефон за да ги остават потребните податоци и да ја спроведат анкетата. Матичните лекари...
Двајцата охриѓани заболени од корона вирус засега се на домашно лекување
Post Views: 190 Двајцата охриѓани кај кои е потврдено постоењето на вирусот Ковид 19 се наоѓаат на домашно лекување. Тие засега се со лесна клиничка слика и не се сместени во болнички оддел при инфективното одделение, информираат од ЈЗУ Општа болница. Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека инфектолозите од општа болница телефонски контактираат два пати во текот на денот со заболените и го следат текот на нивната здравствена состојба. Славица Малеска Стојадиновиќ, директор на ЈЗУ Општа болница за ТВМ Телевизија информира дека нивната установа постапила по насоките и препораките...
Регистер на микро производители на храна
Post Views: 366 Охридските производители на храна и пијалоци ќе ја промовираат локалната гастрономија. Поголема промоција се овозможува со конвивиумот на SLOW FOOD организацијата на Македонија. Досега нашиот регион е познат само по автохтоната Охридска пастрмка, а гастрономската понуда може да е многу поголема, информира професор д-р Ангела Крстаноска Пјачели, која активно е вклучена во македонската SLOW FOOD организација која брои 10 конвивиуми и 3 президиуми. Од големата палета на локални производи ги наведува охридските цреши и праски, домашната зимница, ѓомлезето, домашниот леб...
Баба Надежда Герасмова доби пакет со намирници од волонтерите на ОО ЦК
Post Views: 185 96 годишната охриѓанка Надежда Герасимова доби домашна достава со пакет производи од ОО ЦК. Волонтерите денес го посетија нејзиниот дом, но и на останатите лица кои се обратиле до членовите на оваа хуманитарна организација преку телефонската линија за помош. Со давање помош на ранливата категорија сограѓани волонтерите започнаа од 10 март, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. „Оваа недела имавме повици. За два дена имавме опслужено 48 луѓе од социјален ризик кои седат дома, не излегуваат, им ги носиме дома потребните намирници , лекови и средства за лична...
Наставничката Петковска одржува настава со своите ученици од дома
Post Views: 155 Виолета Петковска, професор по одделенска настава од 0У Кочо Рацин, одржува настава со своите ученици од дома и во овие вонредни услови. Наставата лице во лице од нашата училница секако, многу ми недостасува и мене и на моите 16 второодделенци, но замена имаме со користење на ИТ технологијата, објаснува Петковска. За да не се изгуби наставниот процес Петкоска потенцира, дека наставникот сам одлучува во изборот каква и која алатка им одговара на учениците во зависност од возраста, од наставните предмети и наставните програми. Денот ми започнува со снимање видео и...
Сеуште има такси компании кои возат не ги дезинфицирале возилата
Post Views: 202 Некои такси компании сеуште вршат јавен превоз со недезинфицирани такси возила. Додека поголемите превозници од јавниот превоз како автобуси, минибуси и комбиња во Охрид и Дебрца извршиле дезинфекција на возилата, некои сопственици на такси компаниите одолговлекуваат со почитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Од Центарот за јавно здравје, како единствено овластена институција, кажуваат дека од пред неколку дена ги контактирале нивните служби, такси компании и побарале услуга за дезинфекција на возилата, информира Сашо Точков,директор на...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец кој не ја почитувал мерката „здравствен надзор и домашна изолација“
Post Views: 222 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен охриѓанец со иницијали А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Полициските службеници вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се приддржува кон мерките за 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „ Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на...
Продолжен мораториумот за градење
Post Views: 276 Со 17 гласови ЗА , Советот на Општина Охрид едногласно ја донесе одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации, како и за времен прекин на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Советниците со тоа го продолжија мораториумот за градење до 01 октомври 2020 година. „И покрај вонредната состојба со епидемијата , градот мора да функционира и да се носат одлуките кои се од витално значење за Охрид. Една таква одлука е продолжувањето на мораториумот за градење. “ – кажа...
Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош
Post Views: 261 Граѓаните деновиве многу почесто од вообичаено го вртат бројот на Итната медицинска помош. Зголемениот број на повици се однесуваат на здравствени проблеми од кои граѓаните креваат паника, вели д-р Ајсел Зејноска, директорот на Здравствен Дом. „Дуплирани се повиците затоа што граѓаните паничат викаат за обична настинка, зголемена температура, вртат на 194, тимовите на итна медицинска помош се должни да дојдат на повик, ги смируваат пациентите. Апелирам да сите да се смират, трезвено да се придржуваат на сите препораки на министерството за здравство и се ќе биде...
Околу 150 припадници на МВР и Армијата се ангажирани за обезбедување на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа
Post Views: 140 Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешани работи инфромира за 14 нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа . Тие се обиделе да ги напуштат Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност и биле спречени од полицајците кои го обезбедувале реонот. „Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје. Овозможено...