Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Се планира доизградба на колекторскиот систем на струшкото крајбрежје

Post Views: 8 Се планира доизградба на колекторскиот систем на струшкото крајбрежје на Охридското езеро. Од идната година би требало да се изградат уште 2,5 км колекторски систем на потегот од Елен Камен до Радожда, информира Владимир Алексијоски, директор на ДЈП Колектор. Предвидено е зафатите да се реализираат со средства од Ипард 3 фондовите на Европската унија. Со проектот кој  тежи околу 9 милиони евра треба да се направи целосна реконструкција на пречистителната станица во Враништа и да се доизгради колекторскиот систем на овој потег, посочува Алексијоски за идните...

Продолжи со читање

Ќе се подготвува проект за поставување на монтажна болница

Post Views: 3 Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при ЛС доби напатствија за средување на теренот за поставување на монтажна болница во кругот на Општа болница. Општина Охрид треба да ги направи подготвките на теренот каде што се планира да се постави модуларната болница, а со која градот треба да добие тријажен центар и проширени капацитетите за лекување на болни од Ковид 19. Договорено е да се среди просторот со површина од 500 до 700 м квадратни, позади геријатриското одделние, информира Томе Нанески, раководител на Фондот за комунален развој при ЛС. „Обврска...

Продолжи со читање

8 милиони денари издвоени за ИТ опрема и квалитетен интернет за сите охридски училишта

Post Views: 5 Близу 8 милиони денари ќе се издвојат од општинскиот буџет за обезбедување на ИТ опрема и квалитетен интернет за сите охридски училишта.Вака одлучија охридските советници на денешната 47ма седница со само две точки на дневен ред. Советниците усвоија две предлог одлуки, за измена на програмата на општината во областа на образованието за 2020 година и за измена на распоредот на средствата во буџетот. „На денешната седница ќе се издвојат средства за обезбедување на ИТ опрема и поквалитетен интернет и набавка за основните и средните училишта. Во основно образование...

Продолжи со читање

Струшката фабрика „Екоферт“ единствена за производство на органско ѓубриво во земјава и Балканот

Post Views: 16 „Екоферт“ е единствената струшка фабрика која во земјава произведува органско ѓубриво. Во фабриката се преработува и произведува нов производ на македонскиот пазар пелетрирано органско ѓубриво. Започнале скормно пред три години со преработка  и пелетирање на органското ѓубре кое досега завршувало неискористено и при тоа  ја загадувало животната средина. Во производниот процес на органското ѓубриво вклучиле  експерти од повеќе области за да дојдат до домашен конкурентен производ.  „Долги години на искуство и релации и комуникации со професори , агрономи и...

Продолжи со читање

Сеуште нема зелено светло за работа на театрите.

Post Views: 9 Од неодамна владата донесе протоколи за организација на манифестации во затворен простор. Но, сеуште нема зелено светло за работа на театрите. „Ние би почнале со кино проекции во најбрз можен рок.За театрите нема поконкретни насоки како би се одвивало тоа и за нив ќе почекаме. Актерите, публиката и ние како куќа сме желни што побрзо да почнеме, од наша страна организационо за протоколите сме подготвени, но чекаме амин од министерство да почнеме да работиме“, кажува Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Григор Прличев. Во НУ ЦК Григор Прличев, досега се одложи само...

Продолжи со читање

Охрид е најскап град според разликите на цени на производите во малопродажба во земјава

Post Views: 3   Разликите на цени на производите во малопродажба го прават Охрид најскап град во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Големи се разликите кај цените во малопродажба низ државата. Цените на производите во малопродажба за исти производи со иста грамажа имаат различни цени низ градовите во земјава. Според податоците на заводот, многу од продуктите се поскапи во Охрид за разлика во останатите македонски градови. Разликите кај одредени производи достигнуваат и до 100 денари по килограм. Тоа зависи од производот и локацијата каде што се...

Продолжи со читање

Охридски станоиздавачи реагираат дека не добиле исплата на средства за дадените услуги за ваучерите за летување

Post Views: 7 Охридските станоиздавачи од мал обем ги чекаат исплатите на средства од искористените ваучери за летување од граѓаните кои ги користеле нивните сместувачки капацитети. Реагираат дека досега од министерството за економија немаат добиено исплата на средства до 5-ти во тековниот месец за искористените ваучери во предходниот. Некои од поголемите сместувачки капацитети, исто така, се жалат дека на нивните сметки сеуште нема уплати за дадените услуги. Во хотелите пред 20 дена почнале да пристигаат првите уплати ,вели Крсте Блажески прет на Хотам. Наскоро ќе почнат да ги...

Продолжи со читање

Студиото МПМ дизајн за изработка на витраж одбележува 25 години успешна работа

Post Views: 12 Охридското специјализирано студио за изработка на витраж МПМ дизајн одбележува 25 години јубилеј. Студиото го раководи aрхитект, Митко Поповски, автор на голем број уметнички дела изработени во техниката витраж. Сите овие изминати години, сме ги издржале со макотрпна работа, со амбиција и ентузијазам без разлика на променливоста на времињата. Секогаш имало тешки времиња посебно за уметноста. Но, и во најтешките времиња уметноста успеала да преживее затоа што е тоа емоционална состојба на оние кои се занимаваат со таа работа, вели Поповски.  „Многу е битно за...

Продолжи со читање