Автор: Валентина Неловска
Post Views: 181 Паника внесе кај студентите и родителите вчерашната информација од работната средба во охридската локална самоуправа дека во случај на потреба студенскиот и училишниот дом ќе бидат пренаменети во центри за карантин за изолација и лекување на лесни случаи заболени од Ковид-19 во општина Охрид. Веднаш почнаа јавувања од родителите кои загрижени прашуваа како се ќе се одвива, информира директорот м-р Жарко Куциноски од СД Никола Карев. „ Апелирам да нема паника да не се создава страв кај студентите и родителите, домот нормално функционира, нема заболени нити некој...
Студенскиот и училишниот дом ќе се пренаменат во центри за изолација
Post Views: 164 Градоначалникот Константин Георгиески го свика координативното тело кое презема оперативни мерки за справување со коронавирусот во општина Охрид. Донесени се низа конкретни мерки кои ќе се имплементираат во таа насока, информира Георгиески. На состанокот беа присутни претставници од Центарот за јавно здравје, директорите на здрвствените установи и приватните матични лекари, сите директори на ЈП , Пазарниот инспекторат, како и директорите на Студенскиот дом и училишниот интернат на угостителското училиште чии обејкти ќе се адаптираат за лекување на полесни случаи...
Дезинфекцијата на јавниот превоз делумно се почитува
Post Views: 204 Дополнителната законска обрска за заштита од заразни болести за дезинфекција на јавниот превоз досега ја испочитувале поголемиот дел од автобуските и комби превозници кои вршат линиски и меѓуградски превоз. Меѓу одговорните компании кои го испочитувале Законот за заштита на населението од заразни болести, а со тоа покажале и грижа за здравјето на нивните корисници и вработени се Ад „Галеб, Пупе компани, Експрес Димакс, Дебрца Експерес, Бале турс, информира Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје. Службите на Центарот се единствената јавна здравствена...
Не се усвои урбанистичка планска документација за изградба на бетонски бази
Post Views: 184 Охрид не доби локација каде што ќе се дислоцираат бетонските бази од населените места. Пропадна предложената локација во близина на Мауцкер , во КО Долно Лакочереј на 6 хектари. Ова го одлучија повеќето советници иако досега градот немаше локација. Раководителот на секторот за урбанизам образложи зошто ја избрале таа локација според која согласно Законот за просторно урбанистичко планирање требаше советниците да дадат зелено светло за локална урбанистичка планска документација каде што ќе се градат бетонските бази. „Ние сметавме дека најсоодветно место да се дислоцираат...
Точката за продолжување на мораториумот не беше ставена на дневен ред
Post Views: 163 Точката за продолжување на мораториумот за градење како дополнителна точка од сферата на урбанизмот не се најде на денешниот дневен ред на седница на градскиот Совет. Гордана Коњаноска, од опозицијата ВМРО ДПМНЕ, побара оваа точка да се разгледува на посебна седница. „Имаше доволно време и роковите беа познати и нема оправдани да се носи ваква точка под превезот на итност без можност советот детално да се запознае со содржините на материјалот кој денес треба да се разгледува и носи. Ние како совет ќе побараме на наредната седница само со таа точка на дневен ред...
Таксистот Ацо Бакрески позитивен пример во заштитата од корона вирусот
Post Views: 156 Таксистот Ацо Бакрески е возач од компанијата Сузики .Тој презел мерки на самозаштита, но и на патниците кои ги вози. Самоиницијативно во неговата секојдневна работа заради заштита од болеста набавил ракавици, маска и спреј со дезинфекционо средство. „ Може некому ќе му е смешно, но ова е сериозно . Не знам како ќе го толкуваат луѓето ова , не знам, но давам апел за користење на самозаштита која би требало да помогне. Кризниот штаб да им препорача на газдите на такси компаниите да ги дезинфицираат возилата“, порачува Бакрески.
„ Екотим“ бара соработка со граѓаните во термините кога ќе се изведуваат работи инсталирање цевка во цевка
Post Views: 158 Фирмата Еко тим која работи на санација на колекторскиот сиситем бара од граѓаните иинстиутциите соработка при изведување на градежните зафати. Во периодот кој престои, ќе почне изведување на методата инсталирање цевка во цевка. При процесот ќе мора да се прават бај пасови со кои краткотрајно ќе се наруши сообраќајниот режим посебно кај Лагадин и Далјан. Исто така, при процесот на работа во цевките нетреба да има допир со други материи кои би направиле проблем при обложувањето на цевководот. Од Еко тим замолуваат граѓаните во одреден период од денот за кој ќе бидат...
Започна дезинфекција на јавниот превоз на автобусите на автопревозната компанија Галеб
Post Views: 188 Почна дезинфекција на сите 80 автобуси на автопревозникот Галеб кои возат на меѓународни, републички и локални линии. Почнавме со превенции и претходно со едукација на возачите и вработените како да се заштитат себе си , но и патниците вели Димитар Василески директро на АД Галеб. „Денес вршиме и дезинфекција и ќе ги опремиме вработените возачите и шалтерските работници со заштитни маски и ракавици. Тоа е максимумот кој што може да го направиме како фирма“, вели Василески. Центарот за јавно здравје ги следи препораките и обврските во делот на секој кој обавува автобуски...
Во Охрид побарувачката на станови бележи пораст, а во соседна Струга е во опаѓање
Post Views: 339 За купување стан во Охрид на прва крајбрежна линија купувачот ќе плати и до 1500 евра за метар квадратен , а во Струга 800 евра. Агенциите за недвижности во двата соседни града имаат различна понуда и побарувачак ,а со тоа и движење на цените на пазарот на недвижности. Наташа Спасеска Цветкоска, од охридската Агенција за недвижности Капитал, информира дека иако понудата на станови е во опаѓање побарувачката на недвижности се зголемува. Според таквите движења на пазарот цената во Охрид бележи пораст и до 20 посто. Цените на недвижностите во изминативе години паѓаа,...
На Преспанското Езеро му се заканува катастрофа доколку не почнат разумно да се користат неговите води
Post Views: 150 Критична е состојбата на Преспанското езеро со намалување на нивото на водата не само во последниве месеци туку во последнава деценија, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт. Бесмислица и не точна е последната информација дека Охридското Езеро истекува од месноста Казан пред с. Стење. За намалувањето на водостојот покрај сушата виновници се и земјоделците од двете страни на езерото со исклучок од албанската страна. Земјоделците ги користат водите за наводнување на своите овошни насади од двете страни на езерото . „Виновници сме ние и Република Грција...
Тројца учесници во сообраќајот настрадале на некој од кружните текови во Охрид
Post Views: 153 Се подобрува сообраќајната безбедност и се зголемува протокот на возила на Булевар Туристичка по воведувањето на кружните крстосници, информира Стефан Димоски портпарол на СВР. Додава дека се бележи континуиран пад на бројот на случени сообраќајни несреќи меѓу моторните возила и другите учеснци во сообраќајот во близина на кружните раскрсници. Во првите два месеца од оваа година, во и околу раскрсниците со кружен тек на сообраќајот, на Туристичка, евидентирани биле три сообраќајни несреќи во кои двајца пешаци и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди. „Најчести...
Вмро Дпмне: И понатака се депонира градежен шут и ѓубре на Мауцкер
Post Views: 211 Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина и создава депонија на Мауцкер и не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, обвинуваат од ОК Вмро Дпмне. Прашуваат зошто и покрај забраната и спротивно на законите повторно се одлага ѓубре на Мауцкер. „Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето. Градоначалникот...