Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Ќе се изготвува Стратегија за развој на туризмот во општина Охрид

Post Views: 186 Градот ќе работи Стратегија за развој на туризмот која треба да ги вклучи сите субјекти кои учествуваат директно или индиректно во развојот на туризмот. Последното истражувања за сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна. Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ. Меѓу економските показатели еден од најпоразителните факти е податокот дека иако расте бројот на посетители во земјава опаѓала сумата од потрошувачката на пристигнатите гости. Со стратешките насоки градот треба да избира каков туризам ќе развива масовен или елитен. „Тоа...

Продолжи со читање

Граѓаните габаритниот отпад може да го пријавуваат на еко линија

Post Views: 152 Се загадува животната средина и се расфрла секаков вид дотараени електрични и електронски апарати, а постои можност да бидат бесплатно подигнати од домовите. Лиценцираното друштво за управување со отпад „Нула отпад“ ги собира габаритни непотребни електронски и електрични предемети како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството. Пријавувањето е на Еко-линијата 070 23 60 00 информира Билјана Костадинова маркетинг агент од оваа компанија. Компанијата паралелно работи на едукација за подигнување на еко свеста кај граѓаните , но сепак има грешки заради несовесно...

Продолжи со читање

Општина Дебрца со над шестотини илјади евра ќе ја подoбрува локалната патна инфраструктура

Post Views: 163 Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески. „Ние веќе имаме аплицирано со еден проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести“.   Општината...

Продолжи со читање

Ридот над Чекоштина секојдневно се затрупува со разни видови отпад

Post Views: 182 Разни видови отпад се растовараат и се затрупува шумата на ридот Чекоштина. Со тоа продолжува да се загадува природата и животната средина во овој пригардски дел од градот каде што живеат околу 100 тина семејства . До загaдувачите не допираат поставените табли со натписи кои укажуваат на еколошката свест до несовесните кои се ослободуваат од отпадот на крајно несоодветни места како што е шумата, вели екологистот Ванчо Стојаноски. „Инспекторите многу добро знаат како ефикасно и ефтино да го решат проблемот. Со поставување на мала камера која ќе следи 24 часа. Денес...

Продолжи со читање

Се зголемува бројот на охриѓани кои примаат трета доза вакцина

Post Views: 203 Над 120 охриѓани ја примиле третата доза на вакцина по препорака на Националната комисија за имунизација, информира д-р Соња Мариноска, раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци. Бустер доза може да примат граѓаните кои пред три месеци се имунизирале со кинеските вакцини, а по шест месеци лицата кои примиле вакцини на Спутник, Фајзер и Астра Зенека. На трета доза со вакцината Фајзер се одлучиле граѓани над 50 години, а меѓу нив има лица од различни професии меѓу кои и вработени во образование и здравство. Оваа бројка на имунизирани лица постојано...

Продолжи со читање

Во регионов инфективен оддел има само Општа болница Охрид

Post Views: 225 Инфективен оддел за лекување на пациенти од различни видови инфективни болести има само во охридската болница. Голем број на пациенти од целиот регион добиваат медицинска помош при потешки здравствени компликации од сезонски грип или вирозни и во лето и во зима. Она што загрижува е што на инфективното одделение болничките услови се лоши. Објектот каде што е сместено одделението е многу стар иако овде се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти годишно. Располага со 6 соби и капацитет за лекување од околу 20- тина пациенти. Медицински се згрижуваат пациенти од Охрид, Струга,...

Продолжи со читање

Одбележани 76 години од смртта на охридскиот револуционер од НОБ Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход

Post Views: 222 ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца , претставници од ЛС , почитувачи на борците за слободна на Македонија од НОБ им одадоа почит на револуционерот Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход во 1944 година. Се одбележаа 76 години од двата настани , од смрта на Андон Дуков и изведувањето на Февруарскиот поход. „Борбата зеде бројни жртви пред кој ние се поклонуваме и чие дело го славиме. На овој ден им оддаваме почит за нивната пожртвуваност, храброст, борбеност, истрајност и визија. Без почит кон минатото нема просперитетна сегашност ни подобра иднина. Денес...

Продолжи со читање

ЈП Градски пазар врши продажба на метални тезги

Post Views: 169   ЈП Градски Пазар Охрид, врши продажба на расходовани метални тезги, поставени на отворениот Зелен Пазар на Бул. Туристичка бр. 79.  По Одлука на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-117/7 од 14.02.2020 година, ЈП Градски Пазар ќе врши оттуѓување на расходовани метални тезги и тоа:-Комплетни метални тезги за расходовање по цена од 2.000,00 денари/парче -некомплетни метални тезги за расходовање по цена од 10,00 денари /кг Продажбата ќе се врши од 02.03.2020 до 06.03.2020 година , во стариот отворен Зелен Пазар од 08.00 до – 14.00 часот

Продолжи со читање

Oдбележана годишнината 145 години од раѓањето на Кирил Прличев

Post Views: 180 Се одбележаа 145 години од раѓањето на Кирил Прличев револуционер, новинар, писател, преведувач. Во Прличевата одаја на НУ Библиотека Григор Прличев се одржа историски час за неговото општествено и револуционерно дело посветено на самостојноста на македонската државност. Денешното одбележување на годишнината од раѓањето на синот на охридскиот Хомер, големиот охриѓанец Григор Прличев, во организација на општина Охрид. За неговата општествена дејност осврт даде Живка Ангелоска, претседател на Советот на Охрид. „ Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, журналист,...

Продолжи со читање

Природни реткости крие блатното езерце Сино Дувло во Белчишкото блато

Post Views: 193 Со подводни активности на охридкси нуркачли се  разоткриени  тајните на Белчишкото Блато кое се нарекува и Сини вирој. Охридските нуркачи од центарот  АКВАТЕК  и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016″ од Охрид  регистрирале многу природни особености во најголемото блатно езерце Сино Дувло. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат езерцето со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Подводните богатството покрај со вода изобилува и со рибна фауна.Од подводните...

Продолжи со читање

Советниците не ја намалија комуналната такса и фирмарина за охридските занаетчии

Post Views: 166 На денешната 39-та седница охридските советници едногласно усвоија повеќе предлог одлуки и за две точки донесоа компромисни одлуки. Тие се однесуваа на барањето на РЗК И ЈП Нискоградба. Од дневен ред беше повлечена предлог одлуката на Вмро Дпмне да се намали комуналната такса и фирмарина за охридските занаетчии од 6000 на 4000 денари. Ова беше одлучено по консултацијата со правната служба на ЛС која констатира дека нема законска основа да се удоволи барањето на Регионалната занаетчиска комора. Кирил Пецков, координатор на пратеничката група на Вмро Дпмне, предложи,...

Продолжи со читање

Различни ставови за исправноста на водата за пиење во Струга

Post Views: 146 Во Струга водата за пиење денес е исправна, тврдат од ЈП Пораква Струга. Оваа информација стигнува  по издадената наредба на Агенцијата за храна стружани да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод, а врз основа на анализите на водата од Центарот за јавно здравје дека изминатиов викенд во струшката водоводна мрежа се откриени бактерии. Иако системот два дена останал без хлор,  веќе  од петокот хлорот е набавен и системот за водоснабдување се хлорира, тврди Аднан  Речи раководител за исправноста на водата за пиење во струшка Проаква. „Им препорачуваме...

Продолжи со читање