Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

На социјалните мрежи се почести се апелите зa крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот

Post Views: 3 45 годишен охриѓанец кој е хоспитализиран поради Ковид 19 на клиниката Филип Втори има потреба од крвна плазма од донатор со крвна група Нулта позитив кој ја прележал болеста. Се почести се ваквите апели на социјалните мрежи за потреба од крвна плазма. Состојбата на некои од пациентите брзо се влошува, а од друга страна донирањето и испитувањето на крвна плазма е сложена постапка. Од Институтот за трансфузиологија во Скопје апелираат излекуваните од заразната болест да не чекаат на поединечни апели туку да донираат плазма порано кога ќе се почуствуваат подобро за...

Продолжи со читање

Се зголемува купувањето on line преку интернет ама растат и измамите на купувачите

Post Views: 3 Граѓаните се почесто избираат да купуваат производи on line преку интернет, нагласуваат од ОПМ. Ваквиот начин на купување заштедува време и пари, нема физичка комуникација што е добро во услови на пандемијата со Ковид 19 ама има и многу неправилности. Паралелно со овој современ начин на купување во пораст се измамите кон купувачите, според анализите на ОПМ, вели Катерина Павлоска од охридското Советодавно биро. Граѓаните  јавуваат дека при on line трансакцијата продавачите не го испочитувалe рокот на испораката на прозиводот или за купениот прозивод не доставиле...

Продолжи со читање

Секое утро паркинг просторот кај Горна Порта се претвора во мини-депонија

Post Views: 7 Во мини-депонија се претвора паркинг просторот кај Горна Порта секое утро. Комуналниот проблем на оваа локација се повторува со години наназад , но е појава која се случува и на многу други локации низ целиот град, реагира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец. Во многу мои досегашни изјави ги повикував граѓаните и комуналната инспекција и сите фактори да дадат придонес во создавање на комунален ред, но ништо од тоа, резигнирано вели Грданоски. Решението за воспоставување на комунален ред го гледа во изрекување санкции од страна на комуналната...

Продолжи со читање

Домашната економија доживеа пад во вториот квартал од годинава

Post Views: 6 Трговијата, рударството и преработувачката индустрија ги почуствуваа најсилно економските удари како резулата на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19 во вториот квартал од годинава. Статистичките податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека овие три сектори имаат најголем екомски пад. Во овие дејности има застој во работата во месеците април, мај и дел од јуни, поради рестриктивните мерки на заштита од пандемијата од коронавирусот.           29,4 проценти има пад во преработувачката индустрија. Статистичарите забележале податок од 23,4...

Продолжи со читање

Во охридските градинки може да се згрижат околу 600 деца според критериумите и протоколите од Комисијата за заразни болести

Post Views: 2 Охридските градинки ќе ги отворат вратите за да згрижат околу 600 дечиња. Од среда, ќе почнат да посетуваат градинка децата чии 2 -ца родители мора да ги извршуваат работните задачи од работното место и самохраните родители. Подготовките за отворањ ена гардиснките се целосно завршени во санитарно хигиенски поглед и е постапено според дадените критериуми, информира Мери Рилкова, директор на JОУДГ „Јасна Ристеска“. Според протоколите во групите од 0 до 2 години може да згрижиме по 6 деца, а во останатите групи над 2 години до 10 години по 15 деца. Во моментов според...

Продолжи со читање

Туристите кои летуваат на охридско струшкото крајбрежје не носат заштитни маски

Post Views: 4 На истекот од летната сезона 2020 се сумираат финансиските резултати од туристичката посетеност, но и од степенот на култура на гостите. Годинава, туристичката сезона е карактеристична по мошне сложена општествена сосотојба која ја наметна ковид 19 и пропишаните протоколи за хотелиерите и за гостите како заштита од пандемијата. Неодминливо е прашањето колку угостителите, хотелите и туристите кои летуваа на охридско-струшкото крајбрежје ги почитуваа пропишаните мерки. „Првите две недели беа збунети во однесувањето. Хотелите и рестораните постапија по пропишаните...

Продолжи со читање

Се бележи опаѓање на водостојот на Охридско Езеро

Post Views: 11 Се бележи намалување на водостојот на Охридско Езеро. Денес, котата на Охридско Езеро изнесува 693,30 , информираат од УХМР. Од хидролошки аспект се евидентира секојдневно намалување на водостојот од 1 цм од 27 август до денес. Нивото на езерото, пак од вчера до денес, се намалило за два цм. Со вчерашното мерење била забележана висина на котата од 693,32. Минимално дозволената кота на езерските води е 693,10. Просекот на спуштање на нивото на водата во последните 10 години бил 693,33 , информираат од УХМР. Од таму додаваат дека ситуацијата не е алармантна....

Продолжи со читање

Македoнските граѓаните не се сигурни дали јадат безбедна хранa

Post Views: 9 Македонските граѓани немаат доволно информации каква храна јадат. Не добиваат јавни податоци од релевантните државни органи и научните институции, укажува проф. д-р Владимир Какуринов, од консалтинг и тренинг центарот Клуч. Недостасува и поголема одговорност на државните инспекциски служби при контролите на храната кои ќе влеваат доверба кај граѓаните, беше истакнато на денешниот меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храната,здравјето и нутриционизмот, „Нутрикон 2020“. „Сметам дека нема доверба во ниту една државна институција не само кај нас туку во...

Продолжи со читање