Автор: Валентина Неловска
Post Views: 189 Прекинато ќе биде реемитување на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските кабелски оператори. Тие ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Ова едногласно го одлучи Здружението на информатичко – комуникациски технологии. Во соопштението упатено до медиумите се вели дека здружението се одлучило на овој чекор заради новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги што Собранието го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа....
За неполни два месеци одземени 38 возачки дозволи
Post Views: 180 Триесет и осум возачи од почетокот на оваа година до сега биле исклучени од сообраќај. Триесет возачи управувале автомобили во алкохолизирана состојба и сообраќјанат полиција им ги одзела возачките дозволи , информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. „ Сообраќајната полиција одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај ги презема континуирано и неселективно мерките против оние кои ги крашат одредбите од Законот посебно кон лицата кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол,ја надминуваат дозволената брзина на движење или управуваат под...
Кардиоваскуларните болести се убиец број еден и понатака во светот и кај нас
Post Views: 182 Доктор Виолета Мојсоска, специјализант по кардиологија од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” одржа предавање во рамките на Неделата на Кардиоваскуларни заболувања во ОО Црвен Крст. Д-р Мојсоска сподели информации од СЗО дека кардиоваскуларните болести и понатака се убиец број еден во светот. Во 2019 година биле регистрирани близу 18 милиони луѓе кои починале од овие болести, укажува д-р Мојсоска. „Огромна е тоа бројка на која треба да се обрне внимание. Она што е...
Со заеднички сили за благосостојба на граѓаните во кризни ситуации
Post Views: 155 Претставници од владини институции на локално ниво одржаа работен состанок со десиминатор од Охридската организација на Црвен крст. Беа претставени капцитетите на ОО ЦК во насока на зацврстување на заедничката соработка со другите институции во кризни ситуации. Присуствуваа вработени од Капетанија, Пожарна, Центар за управување со кризи, Општа болница и други институции на кои им беа претставени капацитетите со кои располага Општинскиот Црвен крст за идна соработка. Целта е како да ја подобриме благосостојбата на граѓаните во кризни ситуации, истакна Весна Терзиоска,...
Министерството за култура ги одбило проектите на НУ Центар за култура за енергетска ефикасност.
Post Views: 199 Нема финансиски средства за енерегетска ефикасност за Центарот за култура „Григор Прличев“. Ресорното министерство не дало зелено светло за проектите со кои центарот аплицирал за подобрување на енергетска ефикасност на објектот. Станува збор за огромен простор кој во зимскиот период тешко се загрева и брзо се лади. „Не добивме пари. Имавме аплицирано со проект да се замени дограмата во НУ. Не беше одобрена програмата, побаравме со проект да се сменат и влезно -излезните врати, во двете сали и тој проект беше одбиен. Во тој поглед не сум задоволен , но не се откажуваме...
Охридското семејство Хусоски живее во крајно субстандардни услови
Post Views: 187 Петто членото семејство Хусоски од Охрид живеат во крајно субстандардни услови. Потстанари се во една изнајмена соба за која плаќаат месечно 3000 денари кирија. Покрај тешките услови во кои живее ова семејство, две од трите малолетни деца имаат сериозни здравствени потешкоити. Парите кои ги заработува сопругот и детскиот додаток за трето дете кое го зема Нермина не им стасуваат за купување лекови и патни трошоци за лекување во скопските Клиники , вели младата мајка. 36 годишната Нермина Хусоска апелира да и помогне заедницата нејзините три деца да добијат нормални...
10 милиони денари за инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделското земјиште
Post Views: 153 Од програмата за капитални субвенци за развој на 8 -те плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој е распишан јавен повик за аплицирање на проекти за таа намена. Целта на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги подобри руралната патна инфраструктура, која е предуслов за развој на земјоделството и руралниот развој. „За 2020 вкупниот фонд е 10 милиони денари за сите плански региони. Може да аплицираат само Центрите за развој на планските региони. Максималниот износ по апликација е 2 милиони денари, а може да се достави...
За поголем економски развој на регионов потребно е поинтензивно користење на фондовите од ЕУ
Post Views: 170 Општините во регионот да се стимулираат да изготвуваат проекти со кои ќе аплицираат до фондовите на ЕУ за да имаат бенефит граѓаните, порачува Горан Милески министер за локална самоуправа. Потенцира дека голем неискористен потенцијал во земјава и регионот е туризмот. На тоа подрачје може многу да се направи за поголем развој преку проекти за прекугранична соработка, вели Милески. „Ако најдеме можност преку Стратешки проект да направиме во Струга и Поградец, а да се искористи и пристаништето во Охрид, да се набават бродови за развој на туризмот, еколошки бродови....
Министерството за култура одобри средства за реализација на три проекти за Охридскиот народен театар за годинава
Post Views: 159 „Сопружници“ ,„ Балкански шпион“ и „Изгубени Германци“ се трите театарски проекти за кои Министерството за култура одобрило финансиски средства на Охридскиот театар за оваа година. Станува збор за две комедии „Сопружници“, адаптирана драма од Вуди Ален, во режија на Драгана Танеска , „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ во режија на Љупчо Георгиески и политичката драма „Изгубени Германци“ од Дејан Дукоски во режија на Сашо Миленкоски. Аплициравме со 7 проекти , но ни се одобрени овие три, напоменува Горан Симоноски директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“. „...
Во новата одлука на совет за урбана опрема нема место за поставување тезги околу чинарот
Post Views: 164 Градот ја усвои програмата за поставување на урбана опрема за оваа година. Во програмата нема големи промени на постојните локакции, но покрај досегшаните се планирани и две нови, напоменува општинскиот портпарол. „Нема големи промени во однос на оние како решение од минатата година. Промените се мали. Нема тезги околу чинарот туку на малиот паркинг кај некогашната Нама. Ќе има и типизирани тезги на кеј Македонија, по две-три тезги на локацијата кај сега поставеното лизгалиште и кај хотел Палас. Другите локации остануваат исти на улицата Кузман Капидан во близина...
Ќе се заменува столаријата во ОУ Христо Узунов
Post Views: 169 За Југозападниот плански регион се доделени средства за два големи регионални проекти во висина од 44,3 милиони денари. Владата ги одобри за искористување овие средства, а општините веќе издвоиле и изготвиле приоритетни проекти. Во првата програма за енергетска ефикасност се доделени 27 милиони денари , а партнери се 6 општини со 7 објекти со кој ќе се менуваат столарија и изолaција на кровната конструкција, како и изведување на термофасада. Во општина Охрид од тој проект ќе се користат средства за замена на дотраената дограма на основно училиште, информира Мирјана...
Сликата на импактот од туризмот во Охрид не е многу добра
Post Views: 173 Сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна.Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ Александар Трајков, Цветко Андреески и Науме Мариноски, а изработена на барање од ЛС. Бројките направени врз основа на истражувањето со современи методолошки методи покажале дека во периодот од 2000 до 2017 година во регионот доаѓале туристи, но ја избегнувале Македонија. Безбедносните и политчките кризи што се случуваа во изминатиов период во земјава го зеле данокот со намалување на приходот од туризмот во локалната и националната економија....