Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Машко бебе се роди во Охрид во 2023

Post Views: 11 Во охридската болница, во Новата 2023 година на свет е донесено здраво машко дете. Првороденото бебе е породено по природен пат, тешко е 3450 грама и долго 53 цм. Во посета на бебето и мајката дојде охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а притоа му врачи на првото новороденче пригодни подароци.Од општина Охрид традицинално се подаруваат плишана играчка, мече и чек на 10.000 денари. Тоа е традиционален подарок за секое новороденче. Му посакувам добро здравје, среќа и успех. Мајката е во добра состојба и и посакавме и нејзе добро здравје. Со директорот на...

Продолжи со читање

Успешна 2022 за општина Охрид

Post Views: 7 Годината на заминување е успешна за локалната самоуправа, вели Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид. Година која ја одбележаа сериозна економска и енергетска криза за граѓаните и за функционирањето на локалната самоуправа. Градоначалникот има позитивна оцена за успешно сработените, планирани проекти во 2022 година.„Предизвик е да се биде градоначалник на Охрид. Град со голема традиција, во кој многу треба да се работи за да се смени сликата за повеќе работи. Посебно во оние кои се предизвик за повеќето кои на некој начин живеат од туризмот“, вели Кирил...

Продолжи со читање

Времето ги нагризува музејските објекти

Post Views: 14 Музејските објекти претрпуваат разни оштетувања под дејство на различните атмосферски влијанија. Во низата објекти врз кои треба да се интервенира се спомен куќата на Григор Прличев и Ранохристијанската базилика на локалитетот Плаошник. Од неодамна попуштила рамката на надворешениот прозорец на спомен куќата на Григор Прличев. Во годината која што доаѓа, покрај, потребата од санација на овој обејкт треба да се поправи и кровната конструкција на Ранохристијанската базилика. Дел од кровот кој треба да го штити мозаикот е оштетен и може да се сруши. Потребно е...

Продолжи со читање

Костал завршува успешна деловна година

Post Views: 13 За автомобилската групација „Костал Македонија“ од Охрид изминува успешна деловна година. Компанијата ја завршува тековната годината без отпуштање на вработени и покрај сериозните проблеми кои ги донесоа ковид кризата, економската и енрегетската криза предизвикани со војната во Украина. Успејаа да ги надминат предизвиците пред кои се соочија, како што се падот на продажба на возила во Европските земји којшто ги зафати економска рецесија и стагнација, а којашто се одрази со потфрлување на планираниот раст на компанијата. Имавме пад од 6 до 7 проценти споредено со...

Продолжи со читање

Пополнето приватното сместување во Охрид

Post Views: 12 Домашните гости и странските туроператори се се помалку заинтересирани да резервираат легла во хотелите за претстојните празници, велат туризмолозите. Повеќето хотели се одлучија да ги затворат вратите за гости во овој дел од зимскиот период пред се заради високите трошоци за електрична енергија, вели Климент Наумов од ФТУ . Тоа доведе до помала заинтересираност кај туристичките агенции за испраќање на туристите за новогодишните празници во охридските хотели. Настанатата ситуација која ја наметна енергетската криза сепак не значи дека Охрид ќе остане празен за...

Продолжи со читање

Финишираат инвестиции во школото во Лескајца

Post Views: 9 Учениците од ОУ „Братство Единство“ од населбата Лескајца ќе го стартуваат второто полугодие во 2023 година во подобри училишни услови. После четири децении ова училиште ќе добие реновирани санитарни јазли. Локалната самоуправа издвои над 1,3 милион денари за да се подобрат санитарните услови за 500тина ученици кои посетуваат настава на Македонски и Албански јазик, информира Џемал Мехмед, директор на ОУ. Школската зграда е градена пред 55 години и има застарена инсталација, потсетува директорот Мехмед.„Локалната самоуправа покажа голем интерес за...

Продолжи со читање

Новогодишна забава со домашни пејачи во Охрид

Post Views: 14 Охрид е подготвен за дочек на Новогодишните празници. Осветлен и декориран, градот е подготвен да им приреди незаборавна забава на охриѓани и гостите кои ќе бидат на градскиот плоштад за дочек на новата 2023 година. Загревањето на новогодишната атмосфера ќе започне на 31 декември на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ со програма прилагодена за најмладите. Музичка програма ќе има хорот на КУД Ѓердан, ќе следуваат новогодишната театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“. Во 20 часот ќе почне забавната програма, информира...

Продолжи со читање

S&S мала винарија со одлично вино

Post Views: 13 Винаријата „Стојан и синови“ ја збогатува охридската туристичка понуда. Браќата Ванчо и Николче Шутароски ја продолжуваат семејната традиција на винаријата. Во правењето вино внеслe многу љубов и почит кон она што го започнал пред 50-тина години нивниот татко. На љубителите на добрата капка вино им нудат повеќе сорти со потекло од охридскиот регион , пропратено со уживање во прекрасен амбиент на винаријата и околината, а воедно и незаборавни зајдисонца од Охридското езеро, вели постариот брат Ванчо.„На посетителите ќе се потрудуме да им понудиме винска...

Продолжи со читање