Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во инфо центарот на НП Галичица мал е бројот на посетители

Post Views: 172 Слаба е посетеноста на Инфо центарот кој постои во рамките на НУ НП Галичица. Прекрасно уредениот простор за едукација и за купување сувенири не е доволно искористен. Идејата за неговото постоење е да се подигнува јавната свест за еколошките вредности кои ги има овој национален парк, напоменува Андон Бојаџи од НУ НП Галичица. Од десетината општински училиша во Охридско и од регионот досега нема интерес за едукативни посети, напоменува Бојаџи. „Досега немало организирани посети. Тоа најчесто биле случајни и не биле системски. Тоа се должи и на слабиот персонален...

Продолжи со читање

Потпишан меморандум за соработка меѓу Националниот Координативен центар за гранично управување и Планинската спасителна служба

Post Views: 197 Националниот координативен центар гранично управување и Службата за спасување на планина потпишаа меморандум за прекугранична соработка. Планинската спасителна служба сега е подговена да делува уште побрзо и поефикасно, кажа Антонио Додевски проект менаџер на проектот Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам. Со потпишување на протоколот за соработка се овозможува 24 часовно делување на спасителната единица при што границата нема да претставува пречка и значително ќе се скрати времето за интервенција, посочува Антонио Додески проект менаџер. „Се водиме...

Продолжи со читање

Општа болница Охрид ќе добие апарат за магнетна резонанца

Post Views: 709 Ресорното министерство обезбедило средства за набавка на апарат за магнетна резонанца за потребите на Општа Болница Охрид и специјалната болница Св. Еразмо. Со тоа пациентите ќе имаат подобар пристап кон здравствените услуги во болниците, најави министерот за здравство Венко Филипче од Охрид. Со набавката на овој современ апарат ќе се скрати времето на чекање за снимање и за оперативните интервенции, кажа Филипче. „ Направивме информација за Владата со која се обезбедува средства во рамките на развојниот буџет на министерството за здрвство да обезбеди средства за...

Продолжи со читање

Кинеските туристи ги откажуваат априлските туристички аранжмани во земјава

Post Views: 200 Корона вирусот го зема данокот и во областа на туризмот. Доаѓаат најави со кои се откажуваат аранжманите на Кинеските туристи.Нивниот број е многу помал во однос на земјите од регионот, но туристичките работници во Охрид гледаат со загриженост на откажувањата. Според нивните информации сите пакет-аранжмани кои носат кинески туристи во земјава се откажани како резултат на корона вирусот во нивната земја. Владее страв кај луѓето да ги напуштат живеалиштата во својата земја и да патуваат, посочува Филип Стефановски Тур-оператор од Охрид. „Аранжманите се откажани до...

Продолжи со читање

Заврши 54-та поетска манифестација Струшки вечери на поезијатаЗаврши 54 поетска манифестација Струшки вечери на поезијата

Post Views: 187 Со доделување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“  заврши  54. издание на Струшките вечери на поезијата. Наградите беа врачени на поетската интернационална средба „Мостови“. Струга во изминативе деновиве беше престолнина на поезијата.  Признанието „Златен венец“,филигрански изработен ловоров венец,  доби кинескиот поет Беи Дао, кој е 50-ти јубилеен добитник на ова високо поетско признание. Наградата  му ја додели претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски. Наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска книга на...

Продолжи со читање

Лицата со посебни потреби за авто обука најчесто користат сопствени прилагодени возила на нивните потреби

Post Views: 275 Законот за безбедност во патниот сообраќај пропишал услови лицата со посебни потреби да може да се обучуваат и да се стекнат со возачка дозвола. Лицата со телесен инвалидитет во обуките и полагањето за возачка дозвола најчесто користат сопствени прилагодени возила. Целосната обука може да се прави со лекарско одобрение во кое е нагласено дека станува збор за лице со посебни потреби и треба да користат возила со автоматски менувач, напоменува м-р Соња Шикалоска, сообраќаен инженер и сопственик на авто школата „Старс Инжeнеринг“. „Ние како авто школи немаме такви...

Продолжи со читање

Објавен е тендер за изведба и реконструкција на улицата Абас Емин

Post Views: 187 Од 5 февруари започна објавата од страна на Министерството за транспорт и врски за избор на изведувач за целосна реконструкација на улицата Абас Емин. Со изборот на изведувач на градежните работи според тендерската процедура предвидена е сложена реконструкција. Одделението за комунаен фонд изработи неколку проекти . Средствата за овие зафати се во висина од околу 46 милиони денари. 26 милиони се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој преку МТВ , информира Томе Нанески раководител на Фондот за Комунален развој. Работите се очекува да почнат на пролет...

Продолжи со читање

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се одржаа традиционалните „Прличеви беседи“

Post Views: 233 Традиционалните „Прличеви беседи“ се одржаа во НУ Библиотека “Григор Прличев“. За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер беседеше проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид. Беше промовиран Каталог на стари и ретки книги – издание на библиотеката, а промотор беше Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга. Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ја промовираше книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар...

Продолжи со читање

Промовирана стихозбирката „Мојата шарена стихувалка “ од деветоодделнката Матеа Стоев

Post Views: 205 Со промоција на своето поетско првенче , стихозбирката ,,Мојата шарена стихувалка“ ученичката Матеа Стоев беше дел од програмата за одбележување на патрониот празник на ОУ ,,Григор Прличев “ Охрид . На промоцијата поздравен збор имаше директорката Ивана Маховска Шикалеска која ја искажа својата гордост што Матеа е ученик токму во нивното училиште и што ја имаат таа чест да бидат домаќини на промоцијата на нејзината прва стихозбирка, токму во деновите кога се празнува делото и ликот на великанот Григор Прличев. „Не само Григор Прличев Сердарот туку и ние варботените...

Продолжи со читање

ОУ „Григор Прличев“ го чествуваше името на големиот литературен деец чие име го носи

Post Views: 154 Општинското училиште Григор Прличев на достоен начин го одбележа името кое го носи на големиот литературен деец. Аманетот што ни го остави Григор Прличев е јасен, од овие школски врати да излегуваат способни и талентирани ученици кои ќе израснат во здрава младина, која ќе има свој став, истакна во обраќањето Ивана Махоска Шикалеска, в.д директор на училиштето. „Секогаш ќе се стремиме да едуцираме уште многу Прличевци кои ќе бидат светла точка не само на нашето училиште, туку и на целата младина и ќе го прослават неговото име високо издигнувајќи ловорики во времето...

Продолжи со читање

Екипите на Комуналец подготвени за справување со снегот

Post Views: 147 Во градот и околината рано утрово наврнаа околу 9 цм снег. Екипите на ЈП Охридски комуналец од 4 часот изутрина се на терен и го расчистуваат снегот, информира Трајан Љаткоски , раковител на паркови и зеленило. Имаме доволно и механизација и човечки ресурси за да се справиме со снежните врнежи , вели Љаткоски. „Според прогнозите снегот беше очекуван Бевме навреме на терен излезени за расчистување со механизација во центаралното градско подрачје и косите улици, а потоа ги расчистувавме и улиците и тротоарите кон периферијата “, информира Љатксоки. Утрово и во текот...

Продолжи со читање

ОУ „Григор Прличев“ со богата програма го одбележува својот патронат

Post Views: 165 Основното училиште Григор Прличев во кое учат над 1000 ученици од 1 до 9 оддоление со низа  активности го одбележа својот патронат. Учениците од одделенска и предметна настава со отворени часови на еден поинаков и многу интересен начин ги презентираа своите активности и знаење по скоро сите предмети. Покажаа колку труд и знаење вложуваат во секојдвениот наставен процес. За некои ученици се интересни природните науки, а за други странските јазици, како што е тоа пример за неколку ученички кои по германскиот јазик планираат да запишат студии и да го изучуваат во иднина....

Продолжи со читање