Автор: Валентина Неловска
Post Views: 5 Во Охрид мета на крадците се поскапи, но и постари велосипеди. Не е мал бројот на охриѓани кои деновиве останале непријано изненадени по кражбата на нивниот велосипед. Некои граѓани кражбите ги пријавуваат во полиција, некои не, други пак, бараат помош со објави на социјалните мрежи. Кражбите на велосипедите се случувале најчесто од јавните површини, помал дел од дворовите и влезовите од станбените згради, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Во полиција се пријавени 19 кражби на велосипеди во првите девет месеци од оваа година.Во таа насока, може...
Поголемиот дел од охриѓани не се одлучуваат за летување во странски дестинации заради Ковид 19
Post Views: 5 Стравот од короната ги спречи многу граѓани да заминат на летување надвор од земјава. Охриѓани многу ретко избираат туристички аранжмани за летување во странство оваа летна сезона. Единствена можност каде што без ПЦР тестови може да летуваат се туристичките одморалишта во Албанија, Турција и Египет. Засега само таму се патува без овие тестови, но интересот за патување е многу слаб, вели Јаким Маленко од ТА „Вис пој“. „Воопшто интересот е многу слаб. Интересот изразено во порценти е послаб за 99 проценти. Ако лани букирањето било 100 посто годинава е еден...
Разнишана бизнис климата во охридското стопанство
Post Views: 2 233 фирми се избришани, а само 90 се основани во Централниот регистер во Охрид, во првите 6 месеци од годинава. Бизнис климата во градот била неповолна и ги погодила најмногу услужните дејности. Пандемијата од Ковид 19 предизвика тешка екомомска состојба и ги принуди да стават клуч на врата и стопанственците од најразлични други дејности. Според податоците од Централниот регистер за Охрид најголем број избришани дејности има во услужниот сектор како што се затворени ресторани и продавници. Февруари бил најкритичниот месец кога над 160 стопанственици морале да ги...
Охриѓани стануваат поодговорни за чистење на оџаците
Post Views: 3 Граѓаните се почесто ангажираат оџачар, но и самоиницијативно ги чистат оџаците и одводните чадни канали. Со тоа покажуваат дека посериозно и поодговорно се однесуваат за својата и општата безбедност при употребата на грејни тела за затоплување на домовите, информира Спасе Прентоски, командир на ТППЕ. Напоменува дека нивните апели допреле до граѓаните како да ги избегнат ризичните ситуации во зима.Противпожарната култура се презентира како основна заштита на граѓаните. Секое семејство се менува. Во позитивна смисла се менуваат навиките пред грејната сезона...
Стручен тим се грижи за децата со аутизам во охридскиот Центар за сензорна терапија
Post Views: 21 Дипломираните дефектолози Ангела Чингоска и Нада Костоска се дел од стручниот тим кој работи во Центарот за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Стручниот тим покрај 5 мината дефектолози, специјални едукатори, го сочинуваат и логопед и психолог. Повремено доаѓа и невропсихијатар од Скопје. Стручниот тим работи според подготвен план и програма за работа за развој на децата според индивидуалните потреби на секое дете, вели Ангела Чингоска. „Нема две деца исти. Сите деца се различни. Постојано за секое дете има индивидуализиран план....
Булеварот Железничка е една од најопасните сообраќајници во градот
Post Views: 5 Булеварот Железничка е една од најфрекфентните и најопасните сообраќајници во градот. Најкритична е состојбата на оваа улица бидејќи секојдневно се случуваат сообраќајни несреќи, информира дип. инж. по сообраќај Зоран Шикалоски од Секторот за Комунален развој, сообраќај и улици. „Улицата Железничка е изградена пред 10 и повеќе години со стар проект од 30 години без можности за леви свртувања на безбеден начин туку на самата лента се прават тие леви свртувања. Со тоа се забавува сообраќајот, се зголемува небезбедноста и се случуваат несреќи“. Некој ќе праша...
Последните анализи покажуваат дека има нарушување на квалитетот на површинските води на Охридското Езеро
Post Views: 7 Анализи од ЦЈЗ направени на површинските води на Охридското Езеро покажуваат дека во некои делови има нарушување на квалитетот на езерските води. На мерните места каде што претходно се испитувал квалитетот на водата примероците покажувале дека водата е од прва класа, а сега се од втора класа. Тоа се должи на напливот на туристи во Охрид и крајбржјето. Сведоци сме на голем број дефекти што ги имавме во овој период заради несовесното и неодговорно однесување на некои корисници на угостителските објекти и на апартманите во приватното сместување. На дел од пумпните...
Се одржа 41-то издание на Илинденскиот пливачки маратон
Post Views: 6 34 пливачи пливаа на годинешното 41-во издание на Илинденскиот пливачки маратон. Од нив 13 беа учеснички во женска и 21 пливачи во машка категорија. Првите три места во двете категории им припаднаа на пливачите од Градскиот пливачки Сојуз на град Скопје. Во машка конкуренција прв на целта пристигна Андреј Стојаноски со резултат од 31 мин 31 сек и 04 стотинки, а на второ и трето место се пласираа Стефан Цветкоски и Андреј Караскаковски. Во женска категорија прва на целта пристигна Ева Петровска со резултат од 34 мин и 40 сек, а веднаш зад неа се пласираа Марија...