Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Корења од дрва и влажни марамчиња го затнувале колекторскиот систем

Post Views: 191 Интензивно се работи на прочистување на колекторскиот систем после 30 години од неговото ставање во функција за заштита на Охридското езеро. Екипите од Еко тим,Скопје, подизведувачи на хрватската фирма Индеко, која го доби тендерот за изведување на работите, кажуваат дека користат најсофистицирана компјутерска технологија во работата која се изведува без ископи. Започнале со чистење на пумпните станици од талог на суво, се мнуваат лежишпта и редуктори, вели Игор Атанасовски, машински инжинер од оваа фирма.Тој при тоа кажува кои се најчестите причини за затнување...

Продолжи со читање

НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата

Post Views: 166 Националниот парк Галичица, конечно,  ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува Бојаџи....

Продолжи со читање

МОН најавува реформи во средното стручно образование

Post Views: 207 Практична работа ќе се воведува во наставниот процес во сите стручни училишта. Се продолжува со започнатиот процес на реформи како што е примерот со дуалното образование во средното стручно улилиште „Св Наум Охридски. Ученици од електро- машинското училиште 2 години изведуваат практична настава во компаниите ОДВ, Костал и Леарница, а со поддршка од Делегацијата на Германското стопанство. Од примерот на ова училиште се констатира дека на овој начин учениците добиваат повеќе знаење и вештини и се поподготвени во производниот процес, кажа Мила Царовска, вицепремиерот...

Продолжи со читање

Засадени десетина садници на местото од исечените стебла кај каналот Студенчишта

Post Views: 162 Десетина нови фиданки се засадени кај каналот Студенчишта. Тие се посадени по сечата на повеќе стебла брези за кои Комисијата за сечење дрва дала согласност дека се опасни за минувачите, вели општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „На секое пресечено дрво се разбира со дозвола од нашeто одделение за животна средина пропорционално на дебелината на исечените стебла се засадуваат 1, 2 или повеќе дрва“, вели Џамтоски. Општинскиот инспекторат е задолжен за контрола дали се почитуваа законските одредеби и решенијата од Комисијата која издала согласност дали се заменети...

Продолжи со читање

Охридски семејства во социјален ризик добиле поудобен дом за живеење

Post Views: 187 На вратата на ЦК секојдневно се појавуваат граѓани во социјален ризик кои бараат најразлични видови на помош , вели секретарот на ООЦК Мимоза Ставрева. Помагаме во различни ситуации со храна, облека, за лекување, со покуќнина, додава таа. Тоа го правиме преку различни програми, собирни акции и донации од општествено одговорни фирми и поединци. Минатата година помогнале на повеќе охридски семејства во социјален ризик и им овоможиле поудобен дом за живеење. „Направивме уредување на купатило, уредување дневна и детска соба или купување на неопходни технички апарати...

Продолжи со читање

Формиран Меѓудржавен Комитет за заштита на Охридското Езеро под Унеско

Post Views: 185 За да се одржи статусот на Охридскиот басен како дел од културното и природно Светско наследство под Унеско од двете страни на езерото се формира Меѓудржавен Комитет за заштита, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.  Едмонд Адеми, претседателот на Националниот комитет на Унеско, кажа дека во иднина двете земји ќе имаат обврски и задачи во процесот на менаџирање на сите активности кои се однесуваат на Охридскиот регион. „Сите одлуки ќе се носат со консензус било да станува збор за рибниот фонд, заштитата на културното и природното наследство или...

Продолжи со читање

Јавнатa хигиена секојдневно се нарушува од несовесни граѓани

Post Views: 199 Граѓани поединци сеуште се со ниска комунална свест. По улиците се фрлаат разни видови ситен отпад почнувајќи од догорчиња на цигари па се до хартиени паковки од чоколадо или пециво. Службите на комуналец се трудат да ја одржуваат хигиената на улиците и тротоарите и секојдневно метат големи количини на расфрлан ситен отпад, вели Љупчо Граданоски директор на ЈП Охридски Комуналец.„Улиците и тротоарите се метат од 5 часот наутро од единиците за јавна хигиена. Има потреба од чистење, има  секојдневна собирање  на поголеми  количини ситен отпад. Не можам да споредам...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг

Post Views: 292 ЈП „Билјанини Извори“ ќе ги заменува блокаторите со платни налози за неплаќачите на јавниот паркинг. Оваа мерка ќе се применува од 20 јануари за неплаќање на користен јавен паркинг во А и Б зоните, информира Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини извори кое стопанисува со јавниот паркинг простор во градот. Недиспциплинираните возачи ќе имат можност казната да ја платат веднаш или за 8 дена, а по истекот на овој рок се активира преку извршител. „Охриѓани се дисциплинирани плаќачи, но има луѓе кои се инаетат и не сакаат платат. Има проблеми, расправии со вработените...

Продолжи со читање

Во ОО ЦК граѓаните може да донираат разни делови од покуќнина

Post Views: 234 Охриѓани кои имаат вишок на покуќнина и мебел имаат моженост да ги донираат во ОО на Црвен Крст. Тие ги кординираат потребите на граѓаните во социјален ризик со граѓаните кои имаат нешто да подарат, информира Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК. „Се јавуваат луѓе во Црвен крст. Пуштаме наша екипа да види дали мебелот е функционален, се сликаат понудените делови од покуќнината во каква состојба се. Потоа од нашата дата база на податоци ги контактираме лицата од социјален ризик кои имаат потреба од разни видови на мебел“, објаснува Точков како функционира конекцијата...

Продолжи со читање

Во охридското село Куратица се одржа Курајчкиот Карневал

Post Views: 271 Боки 13 и Катица Јанева, но и многу други маски продефилираа, синоќа, на традиционалниот Курајчки карневал. Голем број на гости и учесници беа дел од традиционалниот карневал кој е со долга традиција во ова охридско село и годинава се одржа по 22-ри пат. Со музика, песна и смеа се одбележа празникот Василица. Василичарите беа маскирани и на шегобиен начин преку различни маски придонесоа за веселата празнична атмосфера. Беа прикажани разни маски инспирани од многу теми, а не изостанаа секако и политичките случувања во земјава. Месната заедница од село Куратица, здружението...

Продолжи со читање

Земјава минатата година бележи поголем број на посети и ноќевања од туристи

Post Views: 164 Во пораст е бројот на посетите на туристи во земјава , и на странските и на домашните гости, кажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Според нивните податоци бројот на туристите во ноември 2019 година изнесува 64.458, а бројот на ноќевањата изнесува 135.866. За 2.6 % се бележи пораст на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, а за 19.3 % е зголемен бројот на странските туристи. Бројот на туристите во ноември минатата година , во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 13.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за...

Продолжи со читање

Дефект на возило за собирање отпад привремено ги затвори контејнерите за селектирање пластичен отпад

Post Views: 178 Во празничните денови на неколку локации во градот на еколошки свесните граѓаните им беше скратена можноста да го одлагаат пластичниот отпад. Специјалните садови за одлагање на пластика беа преполни и запечатени со леплива трака. Тоа се должи на дефект кај возило за собирање отпад па дојде до привремено затворање на контејнерите за селектирање на отпадот, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски Комуналец. „За празнење на садовите за селекција на отпадот е задолжено ЈП Охридски комуналец. Покрај подигање на пластичен отпад задолжено е и за хартија. Тоа...

Продолжи со читање