Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Студенчишкото блато ќе биде прогласено за заштитено подрачје. Мнозинството советници во охридскиот совет денеска ја изгласа предлог одлуката за предлагање прогласување за заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На денешната седница претходно беше усвоена Студијата за валоризација на просторот на Студенчишкото блато. Изготвувачот на студијата кажа дека станува збор за уникатен еко систем и на блатото се направени зони на заштита. Според студијата се предлага реставрација на Блатото и обновување на природната врска со Охридското езеро и...
Брзата помош се почесто интервенира на повици од малолетници во алкохолизирана состојба
Post Views: 5 По околу 30 интервенции на терен во текот на 24 часа имаат во просек лекарите од охридската Итна медицинска помош. Дополнително имаат амбулантни интервенции, вели д-р Љупка Николоска, раководител на службата. И оваа летна сезона брзата помош се соочува со бројни интервеници, како што се давање помош на хроничните болни, сообраќајни несреќи, транспорт на болни во Скопје. Но, посебно се загрижени за зачестените интервенции кај малолетици во алкохолизирана состојба, посочува д-р Љупка Николоска, раководител на ИМП. „Во однос на малолетниците апелирам до родителите...
Интересот за рекреативно играње баскет во градов е многу голем
Post Views: 7 ЈП СРЦ Билјанини извори ќе ги проширува спортските терени. Наскоро ќе се уредуваат површини за спортување на две спортски дисциплини како што се кошарката и фудбалот. Едниот терен ќе биде непосредно до затворениот пливачки базен кој е во тек на изградба. Кај Агенцијата за млади и спорт наидовме на позитивен одговор. Потребно е да се формира Владата за да се потпише договор, а ќе почне да се гради паралелно со базенот. Кога ќе биде готов базенот ќе биде готов и тој терен, вели Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори. „Ние побаравме од Агенцијата...
Најавен протест на туристичките работници
Post Views: 4 Охридските туристички работници ќе бидат дел од утрешниот најавен протест во Скопје. Вработените во туристичките агенции, водичите, придружнците, превозниците и останите кои се дел од туристичкиот сектор имаат низа економски барања. Тие преку Стопанската комора утре ќе ги испорачаат до владата, информира Елида Битрак од ТА „Елида турс“. Меѓу барањата за помош на овој сектор кој е најпогоден од Ковид кризата се предлагаат продолжување со дел од економските мерки, но да се воведат и други субвенции и поволности за опстанок. Бараат неповратна финансиска помош за...
Во болничкиот комплекс ќе се поставува модуларна монтажна болница
Post Views: 6 Општа болница Охрид од Министерсвото за здравство ќе добие монтажна модуларна болница како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона вирус. Со тоа болницата ќе добие тријажен центар и ќе се прошират капацитетите за лекување на болни од Ковид 19, информира Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница. Двата монтажни објекти ќе се постават во кругот на болницата со што ќе се прошират капацитетите за 35 кревети. „За модуларните болници имаме голем простор има пристап од две страни за влез и излез по протоколите и проектот за триажен...
Се поставуваат редуктори на пречистителната станица во Враништа
Post Views: 4 Се привршува санацијата на колекторскиот систем. Интезнивно се работи на пречистителната станица во Враништа, информираат од ДЈП Колектор. Директорот Владимир Алексијоски, вели дека работите се скоро на самиот крај. „Во моментов се поставуваат редукторите на пречистителната станица во Враништа . На охридскиот дел колктроскито систем е во целост завршен. Со прочистување, вовлекување на цевка во цевка, репарција на пумпните станици“. При изведување на санацијата на колекторскиот систем од ДЈП на терен откриле и бројни диви приклочоци на системот, информира...
Гостите на охридското крајбрежје зад себе оставаат големи количини отпад
Post Views: 5 Има зголемени количина на отпад од вообичаено на охридските плажи и во градот, информираат од ЈП Охридски комуналец, по зголемената посетеност со домашни туристи овој викенд на крајбрежјето и градот. Стевчо Маслов од ЈП, вели се соочуваме со девијантни појави и некултурни граѓани кои го депонираат отпадот каде што не му е местото и се создава грда слика за градот како туристички центар. „Во овој период дневните количини на отпад кои ги собира ЈП се околу 300 метри кубни комунален отпад, околу 20 метри кубни хартија., Неделено празниме пластика и собираме колку...
Летово има помалку интервенции на гаснење пожари на отворен простор
Post Views: 7 Летото секогаш подразбира повеќе работа за пожарникарите и поголем број интервенции на отворен простор. Но оваа година во периодот пролет-лето охридската ТППЕ бележи стотина интевенции помалку на отворен простор споредено со истиот период лани. „Можам да кажам дека периодов имаме многу мал број пожари на отворен простор. Во јули имаме околу 13 интервенции што како бројка е доста мала што се должи на временските прилики и зелената вегетација на територија на општините Охрид и Дебрца“. Минатата година од 1ви јануари до крајот на јули пожарникарите имале 270...