Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

„Од Белото Езеро до Белата планина“ е документарниот филм посветен на охриѓаните кои се искачија на врвот Мон Блан пред 4 децении

Post Views: 5 Снимен документарен филм за првата охридска експедиција планинари кои пред 4 децении го искачиле највисокиот Европски врв Мон Блан. Филмот со наслов „Од Белото Езеро до Белата планина“ е посветен на охридските планинари Љупчо Поп Стефанија, Климе Волкан, Миле Битрак, Људмил Цветаноски, Андон Бојаџи, Владимир Тунтев, Владо Бојаџи, Кире Филев, Миле Бавчанџи. 9 мината планинарски ентузијасти, од ПК Галичица, во летото 1980 година, се упатиле кон целта да го искачат врвот Мон Блан. По претходни интензивни тренинзи, подвигот го извеле со оскудна опрема , но со голема...

Продолжи со читање

Спречено понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта

Post Views: 11 Екипите на ЈП Нискоградба го спречија понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта. Во текот на вчерашниот ден во долниот дел од каналот беа забележани фекални отпадни води кои еколошки го загрозуваат овој дел од крајбрежјето. Реакции за загaдување на водата пристигнаа од граѓани и екологисти. Ова не е прв пат да се случи ваков еколошки проблем на тој потег во каналот, инцидентно се појавува веќе подолго време. Нина Трендфилова, помошник директор на оперативно технички работи во ЈП Нискоградба, кажа дека нивните екипи ја испитале фекалната и атмосферска...

Продолжи со читање

Охрид е еден од ретките градови во земјава каде што инспекторите и Мвр спречуваат организирање забави

Post Views: 8 Угостителите и хотелите ги почитуваат протоколите за безбедност од Ковид 19. Градот Охрид е еден од ретките каде што навреме сe спречува организирање забави со превентивно делување на службите од ДПИ и другите служби како што е МВР и останатите инспекторати. Благодарение на нашиот ангажман досега протоколите се почитуваат, информира Цветко Ристески, раководител на подрачната единица на ДПИ. „Таму каде што бевме известени дека е планирано да се одржуваат музички настани, а јавноста како што знае според протоколите музички настани со естрадни уметници се забранети...

Продолжи со читање

Малолетно дете, болно од детска парализа напуштено од родителите чека институционално згрижување

Post Views: 6 Единаесетгодишно дете, неподвижно и болно од детска парализа чека институционална грижа. Пред еден месец прво го напушта таткото, а од пред една недела и мајка му. Сега болното дете е оставено на милост на соседите под надзор на социјалните работници. Детето прима терапија , консултиран е матичен лекар и психијатар. Се бара институција или згрижувачко семејство да се грижи за напуштеното дете, информира Ајтен Мусли, директор на Центарот за социјални работи од Охрид. „Три дена работиме на случајот но заради Ковид 19 многу се ограничени капацитетите за сместување...

Продолжи со читање

Посетители реагираат на висока цена за влез во НП Галичица

Post Views: 5 Високи цени за влез и посети на локалитети во НП Галичица и отстуство на чуварска служба за наплата на влезот, се реакции кои стигнаа до редакцијата на ТВМ. На четворица граѓани неодамна им било наплатено по 200 ден од лице и тоа, како што велат, на излез после кратката прошетка, а кога влегувале немало наплатна служба. Овие коментари од вљубеници во планинарењето и Галичица беа повод да упатиме низа прашања до НП меѓу кое како се информираат посетителите и како функционира чуварската служба на паркот. Дали има промена на ценовникот за посети во НП, дали на...

Продолжи со читање

На Галичица се уредува Виа Ферата

Post Views: 5 Виа ферата ќе се уредува на планината Галичица. Охридските алпинисти од клубот Патагонија добија согласност за изградба од Министерството за животна средина и НУ НП Галичица, информира долгогодишниот искусен алпинист Антонио Додевски од АК Патагонија. Виа фератата ќе биде изградена во должина од 500 метри според сите Европски стандарди. Новата атрактивна понуда ќе биде готова пред почетокот на летната сезона. Најбитните сегменти се веќе дефинирани, обележани се позициите за поставување на инфраструктурата. Има 200 м чисти вертикали  на раскршен терен. Вкупно...

Продолжи со читање

Пристигна првата група Полски туристи во студенскиот дом Никола Карев

Post Views: 3   Во Охрид на летување пристигна првата група од педесетина полски туристи. Тие една недела ќе претстојуваат во Студентски Дом „Никола Карев“ и при доаѓањето ги запазиле сите безбедносни протоколи, вели туристичкиот водич Мачеј Чох. Полските туристи, втора година по ред доаѓаат во Охрид, се одушевени од откритието,  за нив новата туристичка дестинација, која ги привлекува полските гости. Чох вели не ги плаши пандемијата од Ковид 19, се придржуваат до протоколите за заштита и не се откажуваат од посетата на прекрасното туристичко место какво што е Охрид. ...

Продолжи со читање

Охридските пратеници откриваат кои ќе се нивните заложби во Парламентот

Post Views: 5 Според официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија во новиот парламентарен состав Охрид и охриѓани ќе бидат застапувани од четворица пратеници. Во 5ИЕ коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ обезбеди 8 пратенички мандати , исто толку пратеници ќе има СДСМ со Колаициајта Можеме, ДУИ 3, Алијанса за Албанците и Алтернатива 1 пратеник. На листите на двете најголеми политички партии во оваа изборна единица по двајца кандидати се од Охрид. Во новиот парламент наскоро ќе им бидат верификувани мандатите на Лидија Петкоска и Кирил Пецаков од...

Продолжи со читање