Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 На ЈП СРЦ Билјанини извори доделени се две катастарски парцели од поранешна касарна за изградба на спортски објекти. Покрај постоечкото фудбалско и игралиште наскоро ќе почне да се гради нов кошаркарски терен, информира Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори. „Тоа ќе е современо игралиште со гумени подлог, со семафор за броење на времето и поени. На него ќе се органзираат и спортски турнири, а на друга поголема парцела под име спортски содржини засега нема конкретна идеја што ќе се направи“. Од ЈП СРЦ Билајнини извори , наскоро ќе прават...
Започнува собирање на стаклена амбалажа од домовите
Post Views: 4 Засукајте ги ракавите и исфрлете го непотребниот стаклен отпад од домовите, подрумите или гаражите , повикуваат од „Пакомак“овластена компанија за собирање стакло. Тие почнаа акција за собирање стаклена амбалажа директно од домовите на граѓаните. Игор Маколоски, од компанијата очекува соработка со граѓаните, а идејата е да заживее и овој начин на собирање и рециклирање на стаклена амбалажа кој се овозможува за прв пат. „Имаме поставено низ 35 градови ѕвона, контејнери од каде секојдневно се собира стакло кое го одлагаат граѓаните. Вториот канал е собирање на...
Ресорното министерство за земојделие ќе прави Стратегија за изградба на хидро мелиоративни системи
Post Views: 6 Земјоделството е особено чувствително на екстремни временски услови и катастрофи. Климатските промени предизвикуваат големи штети на земјоделското производство и влијаат на руралната егзистенција и сигурноста на храната. Ова беше тема на онлајн работилницата што ја организираше Организацијата за храна и земјоделство при ООН, ФАО, а на која присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. При презентацијата на новиот проект за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни...
Почнува кампањата „Дома си е дома“за поддршка на домашниот туризам
Post Views: 4 Стартува кампањата „Дома си е дома“ за поддршка на домашниот туризам. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка ги промовираа 10-те видео записи за поддршка на домашниот туризам. „Кои што ја одсликуваат нашата земја. Односно во нив прикажуваме повеќе од 65 атрактивни кои може да се посетат во 2020 година. Се надеваме со овие видеа како дел од кампањата Дома си е дома да помогнеме да се оствари нашата цел да имаме повеќе од...
Лифтовите во охридските згради не се дезинфицираат
Post Views: 5 Граѓаните кои живеат во станбени згради и имаат станови на повисоките спратови се изложени на ризик при користење на лифтовите. Од март па досега до ЦЈ , кој е овластена институција за дезинфекција пристигнале многу мал број на барања од фирмите кои се бават со одржување на зградите. Само една, голема охридска фирма, која одржува поголем број на згради побара од нас стручна дезинфекција на влезовите и лифтовите , информира Сашо Точков , директор на ЦЈЗ. Има фирми кои прашуваат, но не ги дезинфицираат објектите за да ги заштиат граѓаните од епидемијата. „Релативно...
„Мозаик колаж“ е насловот на претстојната изложба на охридскиот уметник Никола Упевче
Post Views: 8 Охридскиот уметник Никола Упевче со свои мозаици и реставрации ќе се претстави на самостојна изложба на 24 јули во Музејот Куќата на Робевци. Уметникот Упевче, две децении, камче по камче вградува во неговите дела голема љубов и трпеливост. Автор е на бројни мозаици и реставрации на мозаици на архолошките локалитети кои ги има Охрид. Упевче за претстојната изложба, вели, после 2 децении насобрав доста материјал, кој е на различни места во светот сега ќе го обединам во една голема изложба. Пред љубителите на уметноста ќе се претстави со околу 40 негови дела и разни...
Пливачките школи започнаа со работа на пливалиштето кај малото пристаниште
Post Views: 5 Започнаа со работа пливачките школи. Од утрово раздвижена и во спортски дух е атмосферата на отвореното пливалиште кај малото пристаниште. Младите пливачи под будното око на тренерите започнаа да ги совладуваат пливачките техники, а други пак кои тренираат подолго време продлжија со понапредни техники. Иво Коталески е еден од младите пливачи кој, вели, со радост чекал да почнат тренинзите по пливање. „Пливав во базенот, а сега ќе пливам во езерото“, вели Коталески , малиот вљубеник во пливачкиот спорт. За безбедно одвивање на тренинизите по пливање се изготвени...
Од утре граѓаните ќе може да ги користат ваучерите за летување
Post Views: 7 Охридските угостителски и сместувачки капацитети пријавени на платформата Дома си е дома се подготвени од утре да ги дочекаат гостите кои ќе плаќаат со ваучерите за летување. Над 100 000 граѓани ќе можат да изберат од хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи кои ги понудија своите капацитети да бидат опфатени со владина мерка како поддршка туристичкиот сектор погоден од ковидкризата. Агенцијата за туризам очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, а голем удел во тој приход ќе имаат токму...