Автор: Валентина Неловска
Post Views: 164 Пчеларите се загрижени од невообичаените високи есенски температури за овој дел од годината. Ваква есен досега не сме имале, велат со доза на страв пчеларите загрижени за опстанокот на пчелните семејства. Растенијата се уште цветаат, а пчелите неместо да презимуваат излегуваат и трошат храна и стравуваме дека нема да имаат доволно за преживување ако има долга студена зима, вели Ицко Китанечев долгогодишен охридски пчелар. Вообичаено пчеларите ги проверуваат пчелните семејства околу Водици кога се отвараат сандаците и се проверуваат каква е состојбата со храна, додава...
Лицата со инвалидитет реагираат на злоупотреби со паркинг места наменети за нив
Post Views: 256 Се узурпираат паркинг местата наменети за лицата со инвалидитет на паркиралиштата низ градот, реагираат лицата телесни инвалиди. Несовесни возачи постојано паркираат на места обележани за лицата со отежнато движење, без грам совест, вели една наша сограѓанка. Друг пак, реагира за читањето на картичките од страна на инкасаторите на рампите во Охрид. „Зошто автоматски не ја читаат нашата картичка би требало да ја читаат автоматите бидејќи ја читаат на патарина и на други места,напоменува лице со хедникеп. Венко Голабоски , претседателот на здружението Мобилност од...
Хотелите на езерското крајбрежје распродадени
Post Views: 195 Целосно исполнети се сместувачките капацитети во поголемите хотелски комплекси на охридско струшкото крајбрежје. Гостите кои ќе одмараат во нашиот Охрид и Струга се претежно од соседството. Најбројни се гостите од Бугарија и Србија, велат директорите на хотелите. Генералниот директор, Анета Бар, од хотелот Инекс Олгица кажува дека се исполнети сите расположлви капацитетите со гости од Бугарија и Србија и помал број на македонски гости. Аранжманите се закупени претежно за три дена, а за Божик има најави за одмор на грчки гости. Гостите за дочекот на Нова година...
Поскапувањето на струјата негативно ќе се одрази врз рентабилноста на Јавните претпријатија
Post Views: 164 Поскапувањето на електричната енергија финансиски ќе ја оптовари Локалната самоуправа, а ќе ја доведе во прашање и рентабилноста на големите потрошувачи меѓу јавните претпријатија. Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков за да се ублажи финансискиот удар од поскапувањето на електричната енергија најави дека општината ќе бара поддршка од државата. Катастрофална е состојбата во Локалната самоуправа во однос на електричната енергија и не само овде, туку во сите локални самоуправи, сите се среќаваат со овој проблем. Заедно преку заедниците на Локалната самоуправа,...
Интересни експерименти прикажаа охридските гимназијалци на отворениот ден по природни науки
Post Views: 215 Во пресрет на патронатот на гимназијата Св Климент Охридски во оваа училишна установа започнаа да се реализираат отворени денови по природни науки. Денес, учениците изведоа интересни експерименти по хемија и физика и покажаа дека со практична настава полесно се совладуваат природните науки. Маја, Катерина, Теодора, Евгенија, Климент, Петар, Лука , Андреј беа дел од тимот физичари кои покажаа дека полесно се учи преку забава и експериементи. „ За физиката има стереотипи дека е тешка и невозможна за учење. Но, ако од почеток видиме колку интересни работи се случуваат...
Лицата со инвалидитет бараат поголем слух за нивните потреби од општествената заедница
Post Views: 196 Охридските здруженија го одбележаа Светскиот ден на инвалидите 3 декември. Венко Голабоски , претседателот на здружението Мобилност од Охрид и Дебрца порача дека општествената заедница треба во текот на целата година да има слух за нивните потреби. Бараат надминување на сите бариери со кои се среќаваат во нивното секојдневие. „Во одредени животни околоности , посебно со денешното темпо на живеење секој може да стане инвалид. Инвалидноста не е нешто што се бира, тоа е состојба, која за жа,л недостигнува. Ние апелираме до сите, посебно до институциите да имаат сенс...
Јавното претпријатие за Државни патишта го избра изведувачот за реконструкција на ул 15-ти Корпус
Post Views: 169 Северниот влез во Охрид наскоро ќе добие современ изглед. Со претходна одлука на градскиот совет, Локалната самоуправа обезбеди изведување на инфраструктурни проекти за поголема безбедност на пешаците и велосипедистите со изградба на тротоари и велосипедски патеки на 15 ти Корпус. Во меѓувреме и ЈП за Државни патишта минатата недела ја заврши постапката за избор на изведувач на рекoнструкцијата на оваа улица, инфoрмира охридскиот градоначалник Константин Георгиески. „Избран е изведувач на горниот слој на улицата за износ од 30 милиони денари. Остатокот од инвестицијата...
Во најскоро време се планира реновирање и поправки на училишните згради во Косел и Куратица
Post Views: 165 Подобрување на училишните услови во 4 -те згради кои влегуваат во рамките на ОУ Ванчо Николески е предизвик на раководниот и наставниот тим. Во централното училиште Ванчо Николески од село Лескоец влегуваат и подрачните школи од трите блиски селски населби Косел, Куратица и Ливоишта. Станува збор за стари и руинирани објекти кои постојано имаат потреба од поправки и реновирање, вели Елена Ел Нади директор на школото. На школата во Куратица потребно е да се поправат олуците, а поалармантна е состојбата во подрачното школо во село Косел, по земјотресите кои го зафатија...
Консументите на информации ќе се едуцираат за медуимска писменост
Post Views: 310 Ивана Петреска и Сезар Сади се охридски средношколци кои велат дека нивната генерација многу малку е медуимски писмена. Обајцата велат дека во мноштвото информации кои им се достапни имаат проблем да ја утврдат нивната точност. Ивана и Сезар се дел од проектот насловен „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – едукација за медиумска писменост“ кој има за цел да ја крене свеста кај заедницата како да се препознаваат лажните вести во медумите и на социјалните мрежи. „Проектот го видов на социјаните мрежи и се заинтересирав да научам нешто повеќе за лажните вести,...
ФТУ на барање од општина Охрид работи на студија за ефектите од туризмот
Post Views: 172 ФТУ на барање од општина Охрид работи на студија за ефектите од туризмот. Предмет на истражувања во новата анализа ќе биде економскиот импакт на туризмот во општина Охрид и врската меѓу сезоналноста и остварените приходи од вработувањата , трошоците од работењето и секторската меѓузависност, вели проф д-р Александар Трајков од ФТУ. Професорот напоменува дека новата студија произлегла како потреба од претходно направените истражувања од пред три години. Податоците покажале неповолна работна клима од деловно регистраните субјекти во охридското стопанство, напоменува...
Реконструирана е централната зграда на ОУ Ванчо Николески во село Лескоец
Post Views: 147 Основците од Ванчо Николески од село Лескоец добија подобри училишни услови. Со рекострукцијата на централната зграда се интервенираше во градежни зафати за санација на работните простории и училишните тоалети, информира Елена Ел Нади, директор на ОУ Ванчо Николески. „Најгорлив проблем беа санитарните јазли и се насочивме кон решавање на тој проблем. Целосно реконструирани беа канализационата мрежа, поставување на нови плочки и санитарни елементи. Се обработија и ѕидовите во училниците, се гипсираа таваните, се освежи и ламперијата, а и холот доби ново осветлување....
Комуналец ќе набавува специјална алга за спречување на самозапалувањето на ѓубриштето
Post Views: 148 ЈП Охридски комуналец бара начини како да се справи со чадењето на депонијата Буково. Горењето на депонијата се случува под дејство на хемиски процес, во услови на недостаток на кислород и ослободување на метан. Тој е гас кој предизвикува ефект на стаклена градина и со палењето се ослободуваат јаглероден диоксид и други токсични материи. „Ние цело лето потрошивме огромни средства и многу труд вложивме за покривање со земја на делови каде што гори депонијата. Но, таа оксидира и ова е максимум што ние може да направиме. Во тек е јавна набавка на прскање на депонијата...