Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Во месец мај се регистрира драстичен пад на туристичките посети и ноќевања во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристите во мај 2020 година изнесува 838 , а бројот на ноќевањата е близу 5000 или изнесува 4 946. Бројот на туристите во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 99.2 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.6 %.Бројот на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97.8 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %.И во бројот на реализирани...
Откриени голем број диви приклучоци на фекалната и водоводната канализација при реконструкцијата на улицата Абас Емин
Post Views: 5 Во тек е првата од 4 фази на реконструкција на улицата Абас Емин. Темпото на градежните зафати се забавува затоа што на терен службите од ЈП се соочуваат со голем број проблеми, информира градоначалникот Константин Георгиески. „Исклучително е тешка работата, има многу диви приклучоци , многу подземни инсталации кои не знаеме дека се тука и ние нужна потребата од подземен катастар што планираме да го направиме заедно со Југозападен плански регион да го направиме. Се надевам дека од 2 фаза натака ќе имаме помалку проблеми со подземените инсталации кои ни одземаат...
Петкоска: Нов објект за охридскиот театар и надградба на Центарот за култура
Post Views: 9 Промени во културата и воспоставување концепт на обнова која ќе донесе реформи, квалитет и мотивација , најави Лидија Петскоска , кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 на денешната прес конференција. Се обврзуваме на реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со цел добивање на нов објект наменет за Македонски народен театар „Григор Прличев“за да се обезбедат достоинствени услови за работа на уметниците и презентирање на културните и уметничките достигнувања, рече кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО...
Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани 52.510 гласачи
Post Views: 4 Во ОИК Охрид се привршуваат сите подготовки за реализација на предвремените парламентарни ибори на 15 јули, информира раководителот Марга Димковска. Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани 52.510 гласачи. „Во прегледот за запишани избирачи во општина Охрид има 43 707 и во другиот преглед за граѓани кои се во странство или на привремен престој во странство се 8.803. Но, тие не се пријавиле да гласаат во странство. Доколку се во Охрид ќе може да гласаат бидејќи се на тој список или вкупно 52.510 општина Охрид“. Во општина Дебрца има 3480...
Музичарите бараат од надлежните да им се овозможат музички настапи во живо во сите угостителски објекти
Post Views: 7 Мирен простест на членовите на Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“. Испратија барање до Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести да пронајдат начин музичарите да ја работат својата работа како и останатите дејности. Игор Бежаноски, претседател на Здружението, кажа дека бараат музичарите да бидат вклопени во системот на работа во вонредна здравствена состојба. „Да се изменат членовите во Законот со кој се забранува организирање на жива музика во угостителските објекти. Сигурни сме дека со донесените протоколи за работа на угоститеските...
Подолго време нема објава за оздравени охриѓани од ковид 19 во дневните извештаи на МЗ
Post Views: 6 Јавноста ја загрижува фактот што во дневните извештаи од Министерството за здравство подолго време нема податок за излекувани пациенти позитивни на Ковид 19 од Охрид. Станува збор за нереално прикажување на состојбата која се должи на преоптовареноста на лабораториските испитувања на скопскиот Институт за јавно здравје, смируваат од охридскиот Центар за јавно здравје. „До крајот на ова недела очекуваме да ја заокружиме бројката со 50 оздравени лица. Утрово ги анализиравме податоците и од 209 активни позитивни случаи во Охрид, 81 лице се оздравени до вчера, 6 се...
Георгиески: Законот ќе важи за сите и покрај сите притисоци во справување со дивоградбите на крајбрежјето
Post Views: 7 Никој да нема илузија дека нема да го стигне законот дека со било какви притисоци ќе биде поштеден од процесот на постапување со дивоградбите. Процесот ќе трае до расчистување на последниот бесправно изграден објект, порача охридскиот градоначалник Константин Георгиески. Постапуваме со одстранување на објекти кои се опасност за регионот и се во спротивност со режимот за заштита под Унеско во зависност од тоа каде имаме правосилни решенија. Нема да има селективност и мора да се врати владеењето на правото и законот. Законот ќе важи за сите и покрај личните и...
Само 4 лица во Охрид позитивни на Ковид 19 побарале да гласаат од дома
Post Views: 8 Утре на полноќ истекува рокот за пријавување во ОИК за гласање на лица болни од ковид 19, лица во самоизолација , немоќни, хронично болни и лица во затвор и во домашен притвор. До ОИК пристигнале 64 барања од лица со хронични болести, а само 4 лица со Ковид 19. Во СВР Охрид на територија на општина Охрид контролираат 244 лица за кои Државниот санитарен инспекторат издал решенија за изолација, а не се евидентирани лица во самоизолација. Во Охрид, до денес има 180 активни случаи на лица позитивни на вирусот. Само 4 барања од лица позитивни на Ковид 19 е мал број...