Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Масовно труење на напуштени кучиња се случи на градскиот плоштад

Post Views: 164 Мачна слика на градскиот плоштад од агонијата во која се најдоа две бездомни затруени кучиња. Засега непознат сторител се обидел масовно да ги отруе напуштените кучиња во градскиот парк. Овој нецивилизиран чин, кој наиде на остра осуда од охриѓани, заврши со едно пцовисано куче, а за две, ветеринарот кој дојде на повик на Здружението за заштита на животните „ Анималија“, се бореше да им ги спаси животите. Климент Арнаудов, активист од Анималија, стравува дека бројот на затруени кучиња може да биде поголем. „ Може има и други отрови расфрлани на околу. На терен сме...

Продолжи со читање

Одбележан 7 ми Ноември Денот на ослободувањето на Охрид

Post Views: 247 Охрид го одбележа 7 ми Ноември Денот на ослободувањето. Со полагање на 75 рози за 75 години слободен живот градот им одаде почит на сите борци кои дале придонес во стекнување на слободата од фашистичкиот окупатор. Во организација на Општина Охрид и ОО Сојузот на Борци се одржаа бројни свечености. Се одржа и свечена академија на која се обрати градоначалникот Константин Георгиески. Денес, се потсетуваме на пожртвуваноста на борците кои пред 75 години ги вградија своите животи за слободата на Охрид, рече меѓу другото во обраќањето Георгиески.   „Историјата забележала...

Продолжи со читање

Се поставува фекална канализација во делови на Лескоец

Post Views: 241 Повеќе споредни улички кои се сечат со главната улица Илија Смически во Лескоец ќе бидат поврзани на фекална канализација. Се поставуваат цевковод фи 200 и шахти. За дел од жителите од Лескоец тоа ќе значи решавање на голем комунален проблем и крај на постоечките септичките јами на кои досега беа поврзани жителите од ова приградска населба. „Екипи на Нискоградба работат на градежни зафати на 3 краци од улицата Илија Смически во должина од околу 300 метри. Планирано е да се работи и на уште еден крак и на дел од патот што води од селото Лескоец кон селото Лакочереј“,...

Продолжи со читање

Мал е одзивот за почитување на законската регулатива од Законот за вршење на занаетчиски дејности

Post Views: 182 Заврши на 1-ви ноември рокот за вадење дозоволи за работа за занаетчиите и вршителите на занаетчски дејности. Според, измените на Законот за вршење на занаетчиска дејност досега само 96 занаетчии од 250 регистрирани во охридската Занаетчиска комора имаат дозвола за работа. Бројот пак, кај вршителите на занаетчиска дејност во Охрид е уште помал. Од 500 евидентирани во Министерството за економија само 13 -мина го испочитувале законскиот рок од 2 годишно прилагодување, вели Сашо Богоески , претседателот на Занаетчиската комора на Охрид. „Нема вршење на занаетчиска...

Продолжи со читање

Нема податоци колкав е бројот и против кого се води постапка за загдување на животната средина

Post Views: 158 Македонските граѓани живеат во нездрава еколошка средина. Јавноста  е секојдневно бомбардирана со податоци за  аерозагдувањето, загадувањето на водата и почвата. Евегенија Крстевска, адвокат и докторант од областа на правото на води при Филозофскиот факултет, тврди дека во земјава недостасуваат точни податоци колкав е бројот на претставки кои граѓаните и НВО ги покренале против загадувачите на животната средина до надлежните институции и Јавното обвинителство. Нема податоци ни за кои сторители е досега покрената постапка на гонење, вели Крстевска. „Самите институции...

Продолжи со читање

Започна чистењето на речните канали во околинатa на Охрид

Post Views: 211 Жителите кои имале проблеми со излевање на водите од речните корита на Коселска, Сушица и Грашница стравуваат дека е можно повторно да им се случат поплави доколку не се исчистат речните канали. Тие посочуваат дека во речното корито на Коселска, но и во останатите речни корита, под влијание на долгиот сушен период кој траеше од месец јули па се досега нема ни капка вода, а тоа носи опасност каналите да бидат обрастени со вегетација и корења кои ќе го попречат нормалниот водотек. Како втор проблем, го наведуваат органскиот отпад кој завршува во речните корита, а го...

Продолжи со читање

Завод и музеј финансиски ќе ја помага заштитата на неколу приватни објекти во Охрид

Post Views: 245 НУ Завод и музеј обезбеди средства од ресорното министерство за реконструкција на 5 приватни објекти во Охрид. Станува збор за заштита на семејните куќи на Ленче Петанова на ул.Димитар Влахов, Томислав Стефоски на ул. Гоце Делчев, Славко Патчев на ул. Цар Самоил, Стевче Талев на ул 11 Октомври и куќата на Момирови во сопственост на Завод и Музеј на ул. Илинденска. Со тоа продoложува институционалната грижа во заштитата на приватните објекти кои со својата архитектура се дел од значајното културно наследство , информира Даниела Недељковиќ, в.д. дир на Завод за заштита...

Продолжи со читање

НП Галичица ги промовираше новата веб страна и мобилна апликација за посетителите

Post Views: 152 НП Галичица ги следи светските примери во управувањето со природните ресурси. Од прогласувањето пред 6 децении до денес националниот парк се трансформира и ги менува активностите во користење на природните ресурси на планината. Денес, во рамките на одбележување на јубилејот беа промовирани нова веб страна и мобилна апликација. Посетителите ќе добиваат повеќе информации и слики со што ќе им стануваат подостапни убавините на псркот, кажа Васко Паскали, директор на НУ НП Галичица. „Се повеќе се имплетираат туристичките активности за разлика од порано кога паркот се...

Продолжи со читање

Во кино салата на ЦК утревечер ќе има премиера на македонскиот филм Врба

Post Views: 155 Во охридското кино ќе се прикажува филмот “Врба на режисерот Милчо Манчески. Шестото долго метражно остварување на Манчески тргнува да ја освојува домашната публика со премиерните проекции кои ќе се случат истовремено во Скопје, Битола, Штип и Охрид. Охридските љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го видат најновиот филм на Манчевски по само десеттина дена од светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим. „Прикажувањето почнува утре во петок и ќе се дава во наредните 5 дена се до вторник 5 ноември. Ја поканувам охридската публика да ужива во филмската...

Продолжи со читање

Водата за пиење од селските водоводи во Дебрца не е сподоред законските стандарди

Post Views: 182 Жителите од повеќето села од општина Дебрца пијат вода со лош квалитет. Тоа се должи на нестручното управување со водоводните системи кои се под надлежност на месните заедници, вели првиот човек на општина Дебрца, Зоран Ногачески . „Еден од пропблемите со кои се соочуваме е тоа што до крај не е уредено управувањето со водоснабдителниот систем. Во еден дел е затекната стара состојба каде со водоснабдителниот систем управуваат месните заедници. Според Законот за вода тоа не е дозволиво. Проблемот е во здравствената исправност на водата за пиење. Анализите на Центарот...

Продолжи со читање

Средношколците од Јахја Кемал прикажаа различни култури и цивилизации

Post Views: 210Раскошот на Староегипетската култура од времето на Клеопатра 7, воените вештини на Шаолините, цветните Дрогби, тиркизните Бербери беа  дел од богатата презенатција на фестивалот на култури и цивилизации. Средношколците од приватното средно училиште Јахја Кемал го одржаа Фестивалот на светски култури и цивилизации. Колеџот е мултикултурно училиште и од тие причини се негува културниот релативизам, нагласува професорката по социологија, Фросина Постолоска. „ Конкретно учениците од трета година самите ги изработија костимите, а ги истражуваа  и културите кои ги претставуваат...

Продолжи со читање

Граѓаните не се борат за своето уставно право за еколошки чиста средина

Post Views: 165 Македонците се почесто дишат загаден воздух, пијат загадена вода, се дават во диви депонии. Досега нема ниедна лична преставка од граѓанин до институциите или судовите за повреда на уставното право за чиста еколошка средина. Граѓаните не ги корист механизмите во заштита на нивното право на здрава животна средина туку тоа го прават граѓанските здруженија, вели Кирил Ристовски претседател на здружение на граѓани Флоразон. Граѓаните имаат оправдувања за својата пасивност. „Генерален заклучок е дека правдата е многу спора во нашата земја и чини многу пари. Основен проблем...

Продолжи со читање