Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Почна откупот на црешни во охридскиот регион

Post Views: 9 Во тек е бербата на охридските црешни. Охридската долга шишка и црна се откупуваат по 70 денари за килограм. Бербата почна пред една недела во охридскиот регион и во селата Мешеишта, Требеништа и Волино. Приносот на црешни е доста помал во однос на минатата година, но затоа пак плодовите се покрупни, информира овоштарот, Ванчо Стојаноски производител на црешни. Во регионов за 30 посто се зголемени површините со црешови насади и се субвенционираат површините од страна на државата. Производителите не се задоволни од откупната цена, а исто така и откупувачите , вели...

Продолжи со читање

Лидерите на верските заедници во земјава апелираат граѓаните да бидат поодговорни кон себе и блиските за опасноста на корана вирусот

Post Views: 6 Едногласен апел упатија денес лидерите на верските заедници во земјава до сите граѓани. Повикаа за одговорен однос кон себе си и ближните, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна по животот и здравјето. Имајќи ја предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот тие го пофалиле неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со вирусот. Според нив, најсоодветниот израз на благодарност за подвигот на здравствените работници треба да се покаже на дело – со почитување на изречените мерки од...

Продолжи со читање

Локалната самоуправа ќе им обезбеди простoр за тренинзи на пливачките школи оваа сезона

Post Views: 3 Младите пливачи сепак летово ќе има каде да тренираат. Локалната самоуправа ќе им излезе во пресрет на пливачките школи ќе се постават пливачки патеки пред малото пристаниште. Заради Ковид 19 под клуч ќе останат отворените базени на СРЦ Билјанини извори. Спортскиот клуб Охридски бранови поднесе барање за спортските активности да се одвиваат на малото пристаниште, информира Јоне Станкоски од одделението за спорт при ЛС. Општина Охрид е во фаза на издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за пливачките патеки за да се одвиваат тренинзите по пливање....

Продолжи со читање

ОИК: Завршени се техничките подготовки за работата на Избирачките одбори

Post Views: 4   Завршени се сите подготовки за нормално функционирање на избирачките одбори на сите гласачки места во општина Охрид , информира Климент Камнароски, претседател на ОИК. Поделени се 880 решенија на претседатели, заменици претседатели, членови и заменици на членови кои се во составот на избирачките одбори. Од претходниот состав на ИО 40 лица биле иземени и на нивно место се поставени  нови членови од страна на ДИК“ , кажува Камнароски. „Има промени на луѓе кои се иземени од работни позиции кои заминале в пензија, се на боледување или се со хронични заболувања кои...

Продолжи со читање

Колев: Реформи во администрацијата и промена на политичкиот систем

Post Views: 4 Петар Колев, претседателот на Граѓанско демократскат унија во Охрид, заедно со носителот на Изборната едница 5, Даниел Јорданоски и со останатите колеги од листата и ИШ ги запознаа охриѓани и регионот со нивните приоритети за овие избори. Колев, напомена дека ГДУ како еден од основните столбови и приоритети во својата основната политичката платформа и во предизборна програмата ја има поставено реформата во администрација и промената на политичкиот систем. „Затоа ГДУ се залага за намалување на бројот на пратениците во Собранието на РМ на 90 по моделот на...

Продолжи со читање

Советот одобри 2 милини денари субвенција за набавка на унифицирани тезги за ЈП Градски пазар

Post Views: 6 Едногласно беа усвоени 9 точки од дневниот ред од кои три беа ставени како дополнение на денешниoт дневен ред на 44 -та седница на Градскиот совет. Охридските советници усвоија да се даде 2 милиони денари субвенција за набавка на унифицирани тезги за градски пазар, локација за преместување на бистата на Григор Прличев и донација од 400 м квадратни ламинат за охридските училишта од Кармен Бауцентар. Покрај, овие три дополнети точки советниците ги усвоија и предлог- одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје,...

Продолжи со читање

Голем е интересот за почнување со работа на пливачките школи и клубови во Охрид

Post Views: 7 Пливачите и тренерите по пливање со нетрпение чекаат да почнат со работа отворените базени во Охрид. Спортските работници од пливачката школа Акваспирит се во голема неизвесност дали и кога ќе се отворат двата пливачки базени на СРЦ Билјанини извори. Нивните телефони постојано ѕвонат, а тие немаат одговор на прашањето од младите вљубеници во овој спорт кога ќе почнат новите уписи и тренинзите, вели пливачкиот тренер Славчо Цветкоски од ПШ Акваспирит. „Има голем интерес за отворање и отпочнување со работа на пливачките школи и клубови посебно во летниот период...

Продолжи со читање

Лазаревска:Влеговме во НАТО, МОЖЕМЕ во ЕУ

Post Views: 4 „Стојам пред Вас и сакам со гордост да потсетам дека бев дел од најновата историја на нашата Татковина која се пишуваше изминатите три години. Во парламентот работевме напорно, се боревме со деструктивците од ВМРО ДПМНЕ и останатите опоненти“, рече Жаклина Лазаревска – кандидат за пратеник од СДСМ и Коалицијата Можеме. Преку одговорни, државнички политики, успеавме да ја вратиме државата на правиот пат, на патот на евроинтеграциите, напомена Лазаревска. „Доживеавме многу немили сцени, притисоци, закани, дури и обиди за линч, но излеговме победници. Секој миг кога...

Продолжи со читање