Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Каде си Адаме документарен филм

Post Views: 738 Документарниот филм „Каде си Адаме“ е приказ за монашкиот живот во манастир Дохијар на Света Гора. Автор на филмот, е украинскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, а режијата е на Александар Запорошченко. Плиска го снимал филмот за монасите кои се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот четри години, а за време на неговиот десетгодишен престој на Света Гора. Монасите пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието и радоста. Плиска напоменува, филмот нема пораки до гледачите и остава слобода секој да се сретне лично со херојот.„До...

Продолжи со читање

Oхриѓани порачаа да се намали сиромаштијата

Post Views: 256 Караванот „Собрание за граѓаните“ претстојуваше меѓу охриѓани. Четворицата охридски пратеници од позицијата и опозиција, Жаклина Лазареска и Лазо Танески од СДСМ , како и нивните колеги од опозициската Вмро Дампне, Лидија Петкоска и Грациела Бакраческа имаа средби со нивните сограѓани. Охриѓани им упатија пораки на народните избраници.Пратенците да работат во интерес на граѓаните, да се намали сиромаштијата, беа дел од пораките на охриѓани упатени до пратениците од Охрид. Целта на караванот е на средбите лице в лице да се слушнат проблемите, забелешките и потребите...

Продолжи со читање

Прличевци не сакаат сивило и бетон

Post Views: 231 Основците од |||-2 од „Григор Прличев“ упатија еколошка порака. Порачаа дајте ни зелено наместо сиво, дајте ни парк наместо бетон. Учениците заедно со родителите и наставничката уредија еколошко катче и организираа акција за покревање на еколошката свест под мотото „Ние и климатските промени“.Проектот за подигнување на еколошката свест кај најмладите се организира во месец ноември, месецот посветен на Правата на децата, а со поддршка од Советот на родители и училиштето, кажува Лилјана Ефтимовска, директорка на основното училиште.„Децата покажаа дека...

Продолжи со читање

Јапонскиот амбасадор ја посети охридската болница

Post Views: 360 Амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада ја посети ЈЗУ Општа болница Охрид. На хируршкото одделение направија увид на затворање на јапонскиот грант за набавка на подвижен рендген апарат кој чини над 60.000 евра заедно со градоначалникот Кирил Пецаков и директорот на болницата Асен Шаин. Амбасадорот Савада од името на својот народ напомена дека е среќен што Македонскиот народ ја има нивната поддршка за подобри здравствени услуги кои се прават во рамките на јапонскиот проект GGP „Mали грантови за основни потреби и човекова безбедност“.„Драго ми е што во изминатите...

Продолжи со читање

Да се гордееме со нашата традиција

Post Views: 390 Имаме автентично плодно богато поднебје и традиција. Да не се срамиме туку да го издигнеме на повисоко ниво со едукација за градинарството и сточарството во нашите школи. На учениците природно да им се всади љубовта кон земјата и домашните животни, а не да се срамат од работата на нива или на фарма, споделува Наташа Неданоска професор по Македонски јазик и домаќинка во Пирустија од селското домаќинство во с.Рамне. Неданоска со голема љубов ги споделува нејзините искуства кои ги носи во себе , но и кои ги стекнала од контактите со посетителите за кои со нејзиното...

Продолжи со читање

Социјални пакети за семејствата во ризик

Post Views: 327 Поделена хуманитарна помош за 250 семејства во социјален ризик. Пакетите со храна и средства за хигиена беа доделени на социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца. Со оваа хуманитарна акција заврши кампањата „Недела во борба против гладот“. Членовите на Лајонс клубот „Десарети“ по 15 пат се вклучуваат во оваа кампања за да им помогнат на сограѓаните кои се нашле во тешка економска состојба во соработка со Општинската организација на Црвен крст, напоменува Устијана Речкоска Шикоска претседателка на Лајонс клубот Десарети.„Има многу социјално ранливи категории...

Продолжи со читање

Проектни концепти за подобар живот

Post Views: 305 Општините од Југозападниот плански регион започнаа со подготовки на проектни концепти за подобрување на животот и услугите на граѓаните, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Центарот со дел од нив ќе аплицира за искористување на средства од националниот буџет и од странски донатори. 50 тина претставници од општините од регионот, од бизнис секторот, невладиниот сектор , образование и други поединици учествуваа на првиот форум каде што беа презентирани проблеми и се предлагаа решенија. Интерес има за да се подобри...

Продолжи со читање

Хотел Радич најдобар документарец на Манаки

Post Views: 651 Документарниот филм „Охридските хотели и хотел Радич“ од Љупчо Паункоски е добитник на Првата награда и Гран при награда на Филмскиот фестивал Манаки. Наградениот филм е во категоријата краток документарен аматерски филм ,во период кога годинава се слави јубилеј 3 децении од постоењето на филмскиот фестивал Манаки. Меѓународно жири од 10 члена го додели ова високо признание во конкуренција од 40 меѓународни документарни филмови во оваа категорија. Охриѓанецот Паункоски ја споделува големата сатисфакција од наградата и високото признание кое ќе му биде врачено, вечерва,...

Продолжи со читање

Се шири мрежата на згрижувачки семејства

Post Views: 570 Анкица и Ладе Крстаноски се згрижувачко семејство од Охрид. Единаесет години згрижуваат деца без родители и родителска грижа, а љубов и внимание досега им дале на четири деца. Тие се грижат за три деца во моментов, а веќе одгледале и полнолетно момче, раскажува со многу емоции Анкица. За да се грижиш за децата е хуман чин и треба голема љубов и широка душа. Среќни сме што имаме повеќе дечиња од различни родители со различни карактери, но така ни е поинтересно. Им даваме еднакво љубов на сите наши деца, раскажува Крстаноска и упатува препорака до своите сограѓани.Сите...

Продолжи со читање

Подобрени условите за зимски туризам

Post Views: 245 Успешно реализиран проектот „Нови можности за безбеден авантуристички туризам“ . Во изминатите три години со меѓуграничниот проект меѓу Македонија и Албанија финансиран од Европската унија носителите на проектот ЦК Охрид и АК Патагонија посветено работеа и создадоа услови за безбеден зимски туризам во регионот. Се формира Оперативен центар за спасување, се обучија тимови за планинската спасителна служба и спасителна служба на вода, се набави современа опрема и возила за интервенции во зимски услови, чамец за спасување на вода, се реновира планинарски дом. Исто така,...

Продолжи со читање

Нема зима за охридскиот Центар за култура

Post Views: 366 Електричната енергија рационално се користи во охридскиот Центар за култура. Редовно се одвиваат претставите на театарскиот репертоар и проекции на филмови. Навечер се гасат рекламните паноа, а преку ден се штеди струја според сите владини препораки за заштеда на електричната енергија во оваа енергетска криза , вели Горан Симоноски, директорот на НУ ЦК Григор Прличев. Додава дека во прилог на заштедата на електричната енергија им оди и топлото време.„Времето ни е наклонето и нема сеуште греење. Кога ќе треба ќе го користиме.Но, термо печките ќе ги исклучиме....

Продолжи со читање

Охриѓани незаинтересирани за имунизација

Post Views: 629 Трет ден тече имунизацијата против сезонски грип. Охриѓани во мал број доаѓаат да примат бесплатни и комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје. Од почетокот на имунизацијата до денес само 14 мина се вакцинирале со комерцијална вакцина. Со бесплатни вакцини, пак преку Мој термин на првиот ден од почетокот на имунизација се вакцинирале 98 мина, вториот 85 , а денес има слаб одзив, информира епидемиологот, д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Д-р Стурлакова Коровешоска напоменува лицата кои аплицирале за бесплатни вакцини, а не добиле термин да ги проверуваат...

Продолжи со читање