Автор: Валентина Неловска
Post Views: 13 Изработувачите и чувари на домашни, традиционални производи и сувенири ги изложија своите производи на манифестацијата „Купувај локално“. Настанот е во рамки на проектот на Локалната самоуправа,а е во организација на Студенското собрание при ФТУ и поддржан од организацијата „Слоу Фуд“. На едно место беа собрани над триесеттина производители на храна, сувенири и рачни изработки од Охрид, Струга и Вевчани. Градоначлникот Кирил Пецаков на свеченото отворање на манифестацијата најави понатамошна поддршка на настанот.„Овој фестивал во иднина, го гледам како уште...
Усвоен буџетот на Општина Дебрца
Post Views: 11 Буџетот на општина Дебрца е усвоен. Проектиран е на 113 милиони денари за претстојната 2023 година. Дел од средствата се од сопствен прилив, а дел од државата и заеми од Светска банка. Основната цел на проектираниот буџет е максимално кратење на непродуктивните трошоци и реализација на проекти неопходни за подобрување на животните услови на жителите од општината, вели градоначалникот Зоран Ногачески. Посочува дека во буџет се обезбедени средства за реализација на повеќе капитални инвестиции за проекти од инфраструктурата, културата, спортот, животната...
Државата ќе субвенционира нови авиолинии
Post Views: 8 Субвенционирање на нови авиолинии од охридскиот и скопскиот аеродром, најави Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната прес-конференција. Предвидени се 1,1 милиони евра од буџетот за следната 2023 година. Јавниот повик е отворен и може да се пријават сите заинтересирани авиокомпании. Државата ќе доделува субвенции во наредните три години, а за разлика од претходно ќе можат да се изберат повеќе авиокомпании. Повикот е отворен заклучно со 19-ти следниот месец до кога може да се доставуваат барања до Министерството за транспорт и врски....
ОJO оформи предмети за злоупотреби во ЗД Вевчани
Post Views: 9 Основното јавно обвинителство Струга оформи три предмети за злупотреби во вевчанскиот Здравствен дом. Постапувајќи по поднесена кривична пријава обвинителството оформи предмет против лажниот доктор за кривични дела фалсификување, измама и надрилекарство. Пријавениот, иако не поседувал диплома изготвил фалсификувано уверение за положени испити на факултет за медицински науки и фалсификат уверение и лиценца од Лекарската комора. Документите ги употребил пријавувајќи се на оглас за работно место – доктор во ЈЗУ Здравствен дом – Вевчани и во 2018 година бил избран и...
Фото изложба пејзажи од Охрид
Post Views: 12 Прекрасни пејзажи од природните убавини на Охрид и езерото беа претставени на изложбата од фото клуб Охрид. „Традиционално изложбата се организира во рамките на чествувањето на Св. Климент Охридски патронот на градот. Имавме убав избор на фотографии и луѓе“, истакна задоволно Ѓоко Симјаноски, еден до ветераните на фото клубот.Кога велам луѓе мислам на младите луѓе во клубот. Има млади луѓе членови што е многу важно за опстојување на овој фото клуб. Се што е изложено е поглед кон убавото на нашиот град, го предаваме на сите вљубеници на нашиот град, но и на...
Промовиранa книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски
Post Views: 16 Промовирано делото „ Книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски“. Книгата е синтеза на науката и уметноста од дела посветени на сесловенските учители, а автори се Проф. д-р Димитар Пандев и поетот Славе Ѓорго Димоски. Во научниот дел од книгата се поместени делата за Климент и Наум Охридски низ целата Македонска историја од нивното време, од времето на седмочислениците преку времето на просветителите и преродбениците, македонската револуционерна борба па се до наше време, напоменува проф д-р Димитар Пандев. Даден е избор на најзначајните искажувања од...
Нема леб по пониска цена во продажба
Post Views: 8 Нема намалување на продажната цена на лебот во охридските продавници. Лебот се продава по исти цени иако, од први декември, според најавите од влада, граѓаните требаше да го купуваат по пониски цени. Производителите требаше да ги намалат цените на артиклите затоа што од владата добија субвенции за струја на пазарот со електрична енергија. Но, и по пет дена, производителите основните прехрамбени артикли до трговците не ги нудат по пониска цена, велат од маркетите. Нашите истражувања во поголемите охридски маркети покажаа дека по непроменета цена не се продава само...
Варичела во охридските градинки
Post Views: 13 Зголемена е појавата на варичела во охридските градинки. Заразната болест, позната како овчи сипаници, е една од најчестите детски болести. Се јавува на возраст од 2 до 8 години и се пренесува во градинките и училиштата. Децата инфицирани со варичела се заразени околу 1 недела пред појавата на осипот по телото и трае обично од 6 до 10 дена.„Варичела има во сите градинки. Нема доминација во некоја туку бројот на заболени деца е рамномерен. Децата се од различан возраст и не можам да кажам заразени се од една или две генерации и дека се јавува само кај нив....