Автор: Валентина Неловска
Post Views: 152 Со театарската престава „Каде е пиштолот “ старуваше есенската сезона во Центарот за култура Григор Прличев. Со детската претстава „Алиса во земјата на чудата“, охридските актери гостуваа и во Штип, на фестивалот за детска драма. Успешно преставување актерите имаа и на двата театарски фестивали во Скопје и Струмица. Актерот Стрезо Стаматоски и охридските актери од преставата Стаклена Менажерија беа забележани со актерската инвентивност и квалитет, а сега ќе продолжат со квалитетна игра и на матичната сцена, информира Горан Симоноски директор на Центарот за култура...
Градоначалникот Георгиески ќе оди во работна посета на Унеско во Париз
Post Views: 138 Градоначалникот Константин Георгиески утре патува за Парис во канцеларијата на Унеско. Во понеделник ќе се сретне со претставници на Унеско каде што треба да поднесе прв извештај како тече постапувањето по препораките кои треба да се исполнат за да не се најде Охрид на црната листа на загрозени подрачја под заштита на Унеско. „ Проблемот со ситуацијата во која Охрид се најде со Унеско во добар дел е и заради немање комуникација со стручните и советодавните тела на Унеско досега. И информациите кои таму се презентираат претходно се од несоодветни извори“, вели за...
Георгиески: Мора да се почитуваат правото и законот
Post Views: 158 За градоналникот Константин Георгиески нема дилема дека треба да се почитуваат правото и законот во урбанистичката сфера. Во моментов општината постапува по решенија за одстранување на нелегални градби, а при тоа се користат сите правни лекови, рече охридскиот градоначалник. Проблемот со дивоградбите, напластени со години, не може да се реши за ден- два, вели Георгиески. Од 2003 година во општината не е срушено нити едно столпче на дивоградбите, кажа градоначалникот. Покрај рушење на дивоградби во делови на градот, тој најави дека ќе се одстрануваат и сите платформи...
ПХВ младинците од ОО на Црвен крст одржаа дефиле под мотот Дефилирај не се фолирај
Post Views: 186 Под мотото „Дефилирај не се фолирај“ се одржа марш во организација на ПХВ младинците на ОО ЦК. Во прошетката која се одвиваше од плоштадот Крушевска Република од Холандскиот парк зедоа учество голем број охридски основци и средношколци од сите општински училишта. „ Ние денес испративме порака за соживот, толеранција, разбирање, почитување на разликите. Промоцијата на хумани вредности е програма со која 20 години на годишно ниво се обучуваат по 1200 млади кои прават проекти за доброто на заедницата“, напоменува Весна Терзиоска инструктор за ПХВ и потпретседател на...
Струга урбанистички се уредува
Post Views: 175 Струга урбанистички ќе се уредува пред почетокот на туристичката сезона. Започна реконструкцијата на шеталиштето на левиот кеј од реката Црн Дрим, од мостот на улица Маршал Тито до хотел Дрим. Секторот за урбанизам ги спровел сите законски регулативи, избрал најповолен изведувач и издал градежно одобрение. Според идејниот проект за реконструкција на речниот кеј, во првата фаза кејот ќе биде поплочен со гранитен камен, ќе бидат поставени канделабри, клупи за одмор, а просторот ќе биде оплеменет и со хортикултурно зеленило, информира раковдителот на секторот...
Во петок ќе се одржи културната манифестација Охридски староградски средби
Post Views: 155 Традиционално, последниот петок во месец септември е датумот за одржување на културната манифестација Охридски староградски средби. По 31-ви пат во Центарот за култура ќе се слушнат песни со староградски мелос, информира Горан Симоноски директор на установата „Григор Прличев“. Манифестацијата нуди можност да се слушнат песни со строградски призвук од сите краишта на земјава. Годинава на средбите ќе настапат хорови, пејачки групи и Културно уметнички друштва од Скопје, Штип, Прилеп , Тетово, Гевгелија, Богданци, Охрид и Дебрца. Музичките групи кои негуваат ваков мелос...
Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска
Post Views: 157 Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска. Човекот, утрово, завршил со скршена нога во близина на пресекот на улиците Егејска и 7-ми Ноември. Станува збор за повозрасен човек, кој завршил со повреда како резултат од отворена и необезбедена шахта. Жителите кои се обратија до нашата редакција, а гравитираат на овој дел од градот стравуваат за својата безбедност, посебно на децата кои се движат по тротоарите. Реагираат дека по целата должина на тротоарите од двете страни на Егејска има опасни шахти. Нашата камера ја забележа ситуацијата на терен. При тоа...
Сопствениците на кафе барот Аквариус започнаа да ја одстрануваат платформата поставена во Охридското езеро
Post Views: 137 Започна одстранувањето на платформата на кафе барот Аквариус од водите на Охридското езеро. Сопствениците на Аквариус започнаа сами да ја одстрануваат платформата. Тоа го изјавија пред еден месец по најавата на локалната дека по завршување на летната сезона ќе постапува според барањата на Унеско. Во меѓувреме сите сопственици на платформи в долж крајбржјето добија решенија од надлежните инспекциски органи за одстранување на нелеглно поставените платформи од водите на Охридското езеро. И додека граѓаните ја очекуваат конечната разврска од најавите на ЛС, некои од...
Средношколци од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски на Macedonia Manufacturing Expo 2019
Post Views: 158 Во среда, ученици од Општинскиот електромашински училишен центар Св Наум Охридски ќе присуствуваат на настанот „ Macedonia Manufacturing Expo – 2019“ во Скопје. Над триесетина средношколци од овој центар ќе имаат можност да слушнат повеќе информации за значењето на дуалнот стручно образование, а исто така да земат учество и во дискусија. Настанот и поканата се во организација на делегацијата Германското стопанство во Република Северна Македонија. Покрај, средношколците од прва година, на настанот ќе бидат и неколкумина ученици од втора година, информира директорoт...
Младите се почесто го избираат велосипедот како превозно средство низ градот
Post Views: 188 Голем број на учесници меѓу кои граѓани и ученици, денес зедоа активно учество во велосипедското дефиле што се одржа низ градските улици. Младите луѓе се почесто избираат да возат велосипед низ градот, а со тоа покажуваат дека се пријателски расположени кон животната средина, а мислат и на своето здравје. Организатор на дефилето е општина Охрид, вклучувајќи се и оваа година во одбележување на Ден без автомобили во рамките на Европската недела на мобилност. Во велосипедското дефиле учество зеде и Ристо Николески, заменикот градоначалник на Охрид. Открива дека вози...
Здружението на социјални работници од земјава повикува во грижата за граѓаните во ризик да се вклучи локалната заедница
Post Views: 193 Социјалниот работник Наташа Павиќевиќ Стојменовска од Здружението на социјални работници на Македонија и координатор на проектот „ Социјалните работници во акција во реформираниот систем на социјална заштита“ информира за законските измени во Социјалната заштита и улогата на општините, давателите на социјални услуги и здруженијата на граѓани. Препорака е сите чинители во заедницата да се вклучат во наоѓање на начини на локално ниво да ги препознаат ризиците кои постојат, да се наочат кон заштита на населението со меѓусебна соработка за надминување на ризиците кои...
Охридското стопанство има зголемена потреба од стручни кадри
Post Views: 218 Средното стручно училиште Св. Наум Охридски ја следи зголемената побарувачка на стручно квалификувана работна сила за потребите на охридските компании. Во склад со потребите на стопанството се отвараат нови профили со кои се едуцира квалификувана работна сила, информира Сашо Недески, директор на средното училиште. Оваа учебна година ја стартуваме со 230 ученици или 60 повеќе од претходната година, вели Недески. „Ние имавме добар настап во минатата година посебно со воведување на паралеката техничар за индустриска мехатроника од дуалното образование. Имаме нов профил...