Автор: Валентина Неловска
Post Views: 4 Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19, информира Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница, по вчерашната најава на министерот за здравство д-р Венко Филипче дека повеќе нема место во Клиничката болница во Битола. Директорот Балевски кажува дека охридската болница има стручен и материјален капацитет за справување со новонастаната состојба. Во Општа болница Охрид е повторно направена нова реорганизација за згрижување на пациентите од охридскиот регион. На инфективното одделние има пациенти на различна возраст од 40 до 80 години,...
Намален бројот на поднесени барања за категоризација на леглата во приватното сместувањe
Post Views: 3 Новонастанатата ситуција со Ковид 19 се рефлектираше и врз доставување на барањата за пријави на категоризација на сместувачките легла на охридското крајбрежје, инфромира Илкер Мустафа од одделението за Туризам и локален економски развој. „Враќајќи се наназад неколку месеци барањата за категоризација се намалени што е нормално. Но, по олабавување на мерките, станоиздавачите почнаа да поднесуваат нови барања за категоризација на приватното сместување. Комисијата наскоро ќе излезе на терен и да ги категоризира објектите според барањата“. Во евиденцијата на ТЛЕР...
Загрижува верувањето дека вирусот не постои не само кај граѓаните туку и кај дел од лекарите
Post Views: 5 Лекарската Комора од земјава испраќа апел не само до граѓаните туку и до лекарите доследно да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Загрижени се што нивни колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори. Порачуваат лекарите да ја исполнат својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика. Сè друго го руши нашиот улед како...
Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19
Post Views: 3 Во Охрид денес се регистрирани 8 нови случаи со Коивд 19. Од нив шест позитивни лица се од Охрид, еден од Луково и еден од Радовиш. Ова се само еден дел од земените брисеви од понеделникот и вторникот. Во ЦЈЗ се очекуваат резултатите и од останатите земени брисеви, информира директорот Сашо Точков . „Од тие 8 случаи два не се со место на живеење во Охрид. Тие се од Луково, струшко и Радовиш. Шест случаи се од Охрид, од кои пет од позитивните се поврзани со новиот кластер во Охрид кој започна да се формира, поврзан со семејно групирање, семејна веселба и еден...
Започна снимањето на првиот видео спот од рекламната кампања Дома си е дома
Post Views: 4 Почна да се снима првиот видео спот за рекламната кампања Дома си е дома, информира Љупчо Јаневски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа. Видеата ќе ги претстават најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности, производи од активниот туризам ккао што се планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн., во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија, нагласува Јаневски. Кампањата треба да не мотивира...
Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето
Post Views: 3 Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Од Националната установа имаат првичен предлог отворањето на јубилејното 60-то издание да биде на 4 август кога е роденденот на фестивалот. Од Националната установа ги чекаат насоките од Владата и Министерството за култура, информира Наташа Поповиќ, директор на Фестивалот Охридско лето. „Одлучивме, но тоа секако е предлог, Фестивалот Охридско лето кога оваа година слави јубилеј, да се отвори на 4 август, кога почнал пред 6 децении и е роденден на фестивалот. Но, чекаме да се прогласи крај...
Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав
Post Views: 3 Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав. Неодамна од комисијата беа отповикани и беа назначени нови членови. Во новиот состав на комисијата е назначен архитектот, м-р Горан Патчев. Даниела Неделковиќ, директор на НУ Завод за заштита на спомениците и музеј, информира за околностите кои дошле до измена на составот на Комисијата. „По самоиницијативното поднесено барање за престанок на работен однос од страна на архитект Елеонора Новакоска и немањето кворум за работа во Комисијата на Унеско како нов член од НУ Завод за заштита на...
ОБНОВЕНО – Денес во Охрид регистрирани два нови случаи со Ковид 19, а во Струга еден
Post Views: 5 Во Охрид од 5 јуни до денес се потврдени 11 нови случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ. Загрижува тоа што, од четирите заболени лица од вчера, само два позитивни случаи се поврзуваат со претходно заболени лица, а додека 2 се поединечни случаи за кои не може да се детектира каде се заразиле. Во Охрид од петокот до денес имаме 11 активни случаи, од кои еден е...