Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

За пет дена во Охрид се регистрирани нови 9 активни случаи со ковид 19

Post Views: 4 Во Охрид од 5 до 9 јуни се потврдени 9 активни случаи заболени од Ковид 19. Вчера, министерството за здравство објави податоци за Охрид дека се регистрирани 6 позитивни случаи, што не е точна бројка туку 4 се од Охрид, а другите два случаи се од Струга, појаснува Сашо Точков од ЦЈЗ. „Во Охрид од петокот до денес имаме 9 активни случаи, од кои 1 е хоспитализиран, а останатите се на домашно лекување. За  поголема група од тестирани од вчера и денес очекуваме резултати, за да ги поврземе или формираме кластери. Од она што го имаме досега се поединечни случаи,...

Продолжи со читање

9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни

Post Views: 5 9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни. Тие ја прекршиле забраната за сместување гости во време на пандемија со ковид 19. Контрoлите ги направиле 4 -ца инспектори од охридското одделение на пазарниот инспекторат и при тоа изрекле 2 кривични пријави и 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок. Само охридските инспектори овој викенд направиле 203 инспекциски надзори и утврдиле непочитување на владината одлука и Законот за заштита на населението од заразни болести, информира Цветко Ристески, раководител на подрачното одделение при...

Продолжи со читање

Градските јавни чешми се безбедни за пиење вода

Post Views: 3 Граѓаните пијат вода со добар квалитет од јавните градски чешми. Испитуваните примероци на вода од 10 јавни чешми и од Билјанини покажаа дека се безбедни за пиење, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Испитани се примероци од јавните чешми кои се наоѓаат во централното градско подрачје, во Далјан и Воска. Водата од Билјанини Извори во моментов исправна, но е со променлив квалитет. Граѓаните да следат дали има поставено табла со забрана за пиење бидејќи ние ги информираме инспекциските служби за кавлитетот на анализираните примероци и тие поставуваат табла со...

Продолжи со читање

Ќе се изработува Студија за валоризација за Охридско езеро и изработка на нацрт–план за негово управување

Post Views: 6 Министерството за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 јуни Светскиот ден на животната средина со најава за изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро. Ресорното министерство во соработка со проектната канцеларија на Обединети нации за животна средина во земјава обезбедува поддршка на државата во проширување на мрежата на заштитени подрачја, како и поефикасно управување со заштитените подрачја, информира Искра Стојанова, претставник од канцаларијата на УНЕП. Една од целите на тековниот...

Продолжи со читање

Забрането е издавањето апартмани и соби

Post Views: 5 Не е дозволена работата на сместувачките капацитети, а со тоа и издавањето на апартмани и соби во хотелите и кај станоиздавачите од мал обем. Забраната е дел од мерките на Одлуката на влада за спречување на ширење на ковид 19, информира Цветко Ристески, ракводител на поддрачната единица на ДПИ. „Забрането е работење на сите угостителски објекти во дел на сместувaње на гости без разлика дали се од голем или мал обем, дали се правни лица хотели или приватни апртмани, соби регистрирани во регистерот на општината. Согласно одлуката врз основа на Законот за заштита на...

Продолжи со читање

Не стивнува интересот на родителите за запишување на децата во објектите на градинката Јасна Ристеска

Post Views: 7 Има многу заинтересирани родители кои очекуваат да се отворат градинките. И покрај пандемијата со Ковид 19 има потреба од згрижување на децата во  објектите, информира Мери Рилкова, директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Барања за запишување на децата во еден од објектите на градинката Јасна Ристеска постојано пристигаат, а според протоколите се ограничува бројот на децата во сите групи почнувајќи од јасли па се до останатите поголеми групи. Во сите објекти на градинката во 43-те групи може да се згрижат околу 450 деца, во групите за најмалите ќе се згрижуваат во...

Продолжи со читање

Славко Упевче со изложба во Вевчани

Post Views: 3 Во Вевчани се прават завршните подоготовки за одржување на утрешниот традиционален  карневал. Атмосферата во Вевчани започна да се загрева  сонастапите на музичките групи Слаткаристика, Сарс и Брас Брадарс. Покрај настапот на музичките групи манифестацијата се збогатува  и со две  изложби.  Гостите во Вевчани ќе може да погледнат две изложби икони на резбарот Александар Баткоски  и слики од охридскиот академски сликар Славко Упевче. Неговите уметнички дела  ќе бидат изложени во Вевчани една недела. Упевче по 3 децении повторно гостува со изложба по неговото прво...

Продолжи со читање

Забележани се две еленчиња нови рожби во репродуктивниот центар за елени во НП Галичица

Post Views: 8 Во Националниот Парк Галичица се забележани првите две рожби на елените од репродуктивниот центар. Вработените од паркот се на терен и ги пребројуваат новородените еленчиња. Центарот со површина од 86 хектари од декември 2019 година е дом на 30 елени од кои 24 се женки и 6 мажјаци, информира Андон Бојаџи од НП.  „Според техничката спецификација од тендерот требаше да бидат бремени. Се потврди и кон крајот на месец мај и почетокот на месец јуни се породуваат. Вработени на паркот се на терен и ќе се обидат да констатираат колку млади се родени“, вели Бојаџи . Во...

Продолжи со читање