Автор: Валентина Неловска
Post Views: 182 Лекарите од Итната медицинска помош и ова лето имаат полни раце работа. Екипите на ургентниот центар се справуваат со сите повици за лекарска помош, вели д-р Ајсел Зејноска директор на Здравствен дом. „ Бевме во портокалова фаза. Службите функционираа турбо. Зголемен број на повици, прегледи, ургентни ситуации. Медицинските екипи квалитетно ја обавуваа работата на Итната медицинска помош, без застој“, напоменува д-р Зејноска. Со набавката на новите возила и опрема ургентниот центар ќе го подигне на повисоко ниво квалитетот во работењето на нивната установа. Посебно...
Одбележан Денот на Армијата
Post Views: 157 Во Охрид се одбележа Денот на Армијата. На центрланата прослава при одбележување на 27 годишнината на македонската Армија присуствуваа воени претставници од Армијата, гости како и државниот врв предводен од претседателот на државата Стево Пендароски и Министерот за одбрана Радмила Шеќеринска. По повеќе од две децении реформи и решавање на долгогодишниот спор околу името со Грција, со потпишување на Преспанскиот договор, дојдовме на само еден чекор до исполнување на целта за која напорно работевме толку години , Република Северна Македонија да стане 30-та земја членка...
Започнува културната манифестација Поетска ноќ во Велестово
Post Views: 155 Од денес до 18 август се одржува културната манифестација Поетска ноќ во Велестово. На сред село, кај Чешмата, поети од земјава и светот три дена ќе ја слават поезијата и уметноста по 31 пат. Манифетсацијата ќе почне со претставување на поетскиот портрет на македонскиот поет Иван Џепароски. Огромно задовоство е да се биде дел од плејадата најзначајни македонски автори. Од таа низа врзана за вредностите на македонската поезија, од овде, од височините на прекрасното Велестово, вели Џепароски. „Поезијата не издигнува дополнително и прави естетско доживување поврзано...
Средба меѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците во Охрид
Post Views: 157 Во Охрид се одржа средба помеѓу претседателите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, кои се коалициони партнери на овие локални избори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ имаше средби и со охриѓани, покрај онаа со Зијадин Села, претсетдателот на Алијанса за Албанците. На неколку денови пред изборите Мицкоски не го крие оптимизмот за исходот од гласањето.Јас сум убеден во голема победа предводена од ВМРО ДПМНЕ. Ќе посветиме големо внимание на Охрид и охриѓани кои го заслужуваат вистинското место. Цениме дека градот е сериозно потценет. Ако очекувате...
Шумскиот пожар во Велмеј е ставен под контрола, но не е ликвидиран
Post Views: 178 Во моментов, шумскиот пожар во атарот на селото Велмеј е смирен, но не и ликвидиран, инфoрмираат од ЈП Македонски шуми. Стотина луѓе од Македонски шуми, пожарникари од ТППЕ Охрид, Јавното претпријатие Нискоградба и од Комунално Дебрца во изминативе денови беа ангажирани во борбата со шумскиот пожар.Појавата на вчерашниот ветар го распламти пожарот кој претходно беше локализиран, а според првичните проценки за пет дена огнот проголта над 100 хектари шума. Станува збор за пожар кој зафати густа шума од даб и нискостеблеста вегетација. Непроодниот и тешко пристапен...
Шумскиот пожар во близина на селото Велмеј повторно се активира
Post Views: 162 Состојбата станува алармантна, а жителите се вознемирени, бидејќи огнената стихија е многу блиску до куќите. Теренот е непристапен, а опожарени се над 50 хектари со нискостеблеста вегетација и дабова шума, велат од противпожарната служба. Авионите на дирекцијата за заштита и спасување кои се вклучени во гасењето на пожарот според Законот може да летаат само по три часа, кусо изјави директорот на Јавното претпријатие македонски шуми, Нада Митреска. Сите вработените од подружницата Галичица се мобилизирани и на терен, заедно со пожарникарите од ТППЕ Охрид се борат...
Донесен Мораториум за градење и во Струга
Post Views: 205 Струшките советници едногласно дадоа зелено светло за Мораториумот за градење и за Акцискиот план во кој се опфатени сите постапки и активнсоти со кои ќе се исполнат препораките на Комитетот на светско културно наследство. И покрај тоа, дел од советниците се песимисти дека ќе се имплементира Акцискиот план во пракса. „Тие се одлуки од Унеско и нема отстапки. Дали ќе се реализираат од Владата и општината јас сум песимист. Немаат капацитет да го решат проблемот“, рече Имер Имери од Алијанса за Албанците. Ален Деребан, советник од Вмро Дпмне, вели дека тие како советници...
Од ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упатија обвинувања на адреса на директорката на ЈП Билјанини извори
Post Views: 170 Сашо Донев претседателот на ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Донев, при тоа кажа дека со уцени и притисоци врз вработените барала да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ. „Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Зошто градоначалникот...
Струшката „Порака Нова“ бара волонтери
Post Views: 236 Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром невладината Порака Нова бара волонтери кои ќе работат со овие лица. Помагајќи им на лицата со Даунов синдром, придонесуваме за нивна поголема социјализација. Порака Нова ги отвара вратите за хуманите луѓе кои не ја вртат главата пред луѓето кои се различни од нив. На тимот може да им се приклучат сите оние кои се подготвени дел од своето слободно време да го поминат во работа со овие лица. На овој начин ќе внесат светлина и радост во животот на лицата со интелектуална попреченост. Заинтересираните можат...
Електричните тротинети се повеќе ги има на улиците и шеталиштата
Post Views: 285 На нашите улици и шеталиштата во овие летни месеци е тренд да се возат електрични тротинети. Ова превозно средство станува се популарно и се користи за превоз до плажа, до продавница, по кејот. Досега од СВР Охрид не евидентирале сообраќајни несреќи предизвикани од лица кои управувале електрични тротинети. Посочуваат дека е потребно да се користи заштитна кацига заради лична безбедност на лицата кои ги управуваат тротинетите. Како и во многу други земји, ова превозно средство не е регулирано ни во нашиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од Министерството...
Под контрола ставен шумскиот пожар во близина на селото Велмеј
Post Views: 219 Ставен е под контрола шумскиот пожар кој три дена беснееше на планината над селото Велмеј. Пожарот бил пријавен во ТППЕ Охрид, на пладне на 11 август. Во гаснењето на пожарот не можел да се вклучи човечкиот фактор заради непристапноста на теренот и густата вегетација па на помош се вклучиле два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите за гасење пожари со 10 лета интервенирале во справување со шумскиот пожар која зафати и опустоши над 50 хектари шума, претежно со ниска стеблеста вегетација и даб, информира дип. шум. инж. Јовче Цветкоски, раководител...
Од ОК Вмро Дпмне упатија обвинувања до Локалната самоуправа за состојбите во образованието
Post Views: 182 Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК Вмро Дпмне. Тој обвини дека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажале со ребалансот и драстичното кратења на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски. „ Од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители....