Автор: Валентина Неловска
Post Views: 20 Редица охриѓани чекаа да даруваат крв на вонредната крводарителна акција. Матуранти, претставници од јавните претпријатија, општинската администрација, полициски службеници, граѓани беа дел од хуманите луѓе кои даруваа крв. Многу од нив таа одлука ја донесле за прв пат во животот. Меѓу нив беше и охриѓанката Лидија Неданоска која стрпливо го чекаше својот ред за да дарува за прв пат крв. „Искрено изминтиве три месеци и перидот кој што беше навистина тежок за целиот свет и за нас го испровицира она хуманото во нас да бидеме хумани и да помогнеме кој колку можеме...
Угостителите кои имаат летни тераси ги чекаат протоколите за работа
Post Views: 18 Угостителите кои имаат летни тераси ги чекаат протоколите според кои ќе треба да работат од утре. Сите охридски угостители не се во иста ситуација и многу од нив се во дилема дали воопшто ќе ги отворат објектите за да почне првата фаза со олабавување на мерките за работа, вели Михаил Мишев претседател на еснафот на Охридските угостители. „Постојат дилеми бидејќи редукцијата е огромна и во просторијата и на масите, присуството во објектите и начинот на чекање гости, не е дозволено стоење на шанк. Кафулињата гостите ќе треба да ги чекаат надвор на шеталиште....
Пандемијата со Ковид 19 ја пролонгира изградбата на покриената југоисточна трибини на СРЦ
Post Views: 16 Стопирани се градежните работи врз изградбата на модерната покриена југоисточна трибина на СРЦ Билајнини извори. Пандемијата со Ковид 19 се рефлектира и ја пролонгира изградбата на трибините на СРЦ, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори, за моменталните случувања со започнатото модернизирање на спортскиот фудбалски стадион. „Основата е поставена се чека надзорот. Тие се од Скопје, а имаат проблем со доаѓањето во Охрид заради пандемијата со Ковид 19. Се продолжи втората фаза со која ќе се поставуваат стопите и издигнувањето на трибините,...
ОУ „Братство Единство“ одбележува 7 децении од постоењето
Post Views: 25 Општинското основно училиште Братство Единство го одбележува патрониот празник 25 мај и 7 децении од работата. Во ова школо низ годините завршиле бројни генерации успешни луѓе во своите професии. Одбележувањето на патронатот и јубилејот годинава ќе изостанат од вообичаениот начин, свечности, без детската смеа и врева, како и гостите од збратимените училишта од Република Турција и Храватска, информира Џемал Мехмед, директор на основното училиште. Невидливиот непријател Ковид 19 ги затвори сите па и нашето училиште, вели Мемед. Додава дека во изминатите месеци...
Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица во изолација
Post Views: 15 Во Охрид се регистрирани 8 активни случаи на Ковид19 и над 90 лица се во изолација. Вчера се дијагностицираа уште два нови случаи, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. Еден од случаите е поврзан со погон од фабриката во струшкиот дел и лицето е од Охрид. Другото лице сеуште се истражуваат контактите, не било подолго време надвор било дома и се надеваме дека нема да е голем бројот на контакти“, вели Точков. „Ние го избегнуваме да го користиме зборот кластер, но ако има 3 лица од ОДВ може да го дефинираме како кластер. Но другите лица од таа фабрика кои се...
Струшките трговци ја почитуваат законската одредба за неработна недела
Post Views: 16 Струшките инспектори од пазарната и трудовата инспекција не затекнале трговци кои работат во недела во струшката околина. Во изминатиов месец, од 10-ти јануари откако стапија на сила измените за недела неработен ден, контролите од двата инспекторати покажале дека досега струшките трговци се придржуваат кон одредбите од Законот за работни односи, информира Шпендим Иљази, раководител на Државниот пазарен инспекторат од Струга.Секоја недела сме на терен и досега не сме констатирале неправилности, се почитуваат одлуките. Во општина Струга се пријавени седум...
Припадниците од друштвото Луњина од Охрид бараат промена на називот Власи во Армани
Post Views: 29 Националната заедница на Власите бараа промена на досегашниот назив во Армани. Јордан Трца од Здружението Луњина ја појаснува причината на припадниците од влашкото друштво за ова нивно барање во пресрет на 23 мај Националниот ден на Власите , кој се одбележува утре. „Официјалниот назив на националниот ден на Власите е содржан во преамбулата на Уставот, влашки народ но тоа е грешка и навредливо за нас. Врзано е со занимањето на Власите. Ние се викаме Армани. Арман, во еднина значи останат, а во множина Армани, луѓе кои останале. Со називот во Македонија кој не...
Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени во вооружен инцидент во Долна Белица
Post Views: 11 Едно лице е убиено, а две се повредени со огнено оружје во инцидент кој синоќа околу 22.30 минути се случил на патот кон струшкото село Долна Белица. Убиството и обидот за убиство се извршени со пиштол и автоматско оружје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.„ Од здобиените повреди на место на настанот починал 23 годишен жител на струшкото село Горна Белица, еден 18 годишник е тешко повреден, а 45 годишен жител од Велешта е тешко повреден. Тој е пренесен во Општа Болница Струга, и му е извршена хируршка интревенција“, информира Димоски....







