Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Најскап паркинг ќе плаќаат бродовите до 25 метри должина

Post Views: 316 Утврдени цените со кои ЈП Билјанини извори ќе наплаќа за паркирање на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Има место за прифаќање на 147 пловни објекти и се бара место повеќе за паркирање на пловните објекти. Засега се потпишани преддоговори и се исполнети сите обележани паркинг места во каналот. На листа на чекање се десетина сопственици на глисери, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини Извори. „Ние потпишваме 145 преддоговори со глсиери и катамарани и кајчиња. 25 преддоговори има со едрлици кои се на почетокот на каналот пред мостот. Средивме...

Продолжи со читање

Актерите од Народниот театар Истанбул ќе ја играат преставата „Буре Барут“

Post Views: 190 Народниот театар од Истанбул ќе ја игра култната театарска претстава „Буре Барут“ на македонскиот драматург Дејан Дуковски. Режисер на претставата е Јилдирај Шахинлер. „Буре Барут“ е претстава која се прикажувала во многу европски земји и во светот. Ремек-делото е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина. Режисерот Јилдирај Шахинлер , е директор на Народниот театар Истанбул и е дел од актерската екипа . Шахинлер е почестен што е дел од фестивалот „Охридско лето. Како режисер практикувам импровизација, но се разбира, со дозвола на драматургот...

Продолжи со читање

Реконструкција на постојните и изградба на нови регионални и локални патишта во Југозападниот плански регион

Post Views: 218 Реконструкција на постојната и изведба на нова патна мрежа, подготовка на техничка документација за локални и регионални патишта за 2019, најавуваат од Центaрот за развој на Југозападниот плански регион. 8 -те одобрени регионални проекти тежат околу 1 милион евра, а се наменети за повеќе општини од планскиот регион, од повеќе извори на финансирање, вели директорот на Центарот Мирјана Лозаноска. Извори за финансирање на одобрените проекти се Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2019, како...

Продолжи со читање

Од денес во Охрид на сила стапува мораториум за градење

Post Views: 188 Во Охрид од денес стапува на сила мораториум за градење. Тоа е одлука на мнозинството охридски советници на Градскиот совет во Општина Охрид со што се постапува по Заклучоците од 146 седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности.Oхридските советници покажаа единство за клучни теми важни за  градот, рече градоначалникот Константин Георгиески. „ Тоа значи од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување на Урбанистички планови, Урбанистички плански документации, Архитектонско урбанистичко проектирање на територија на општина...

Продолжи со читање

„Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс Живко Чинго

Post Views: 273 Најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго“ 2019  е „Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“. Комисијата за избор на најдобар расказ во состав од еминентни имиња од македонското литературно творештво, Кристина Николовска, Славе Ѓорого Димоски и Димитар Пандев го избраа расказот под шифра 11 од 40  пристигнати раскази.  „ Пристигнатите раскажи се одликуваа со нови теми. Со што се покажува напредок во развојот на македонскиот расказ. Особено расказите на овој конкурс опфаќаат широк дијапазон на теми вонременски и вонпросторни. Најдобриот...

Продолжи со читање

Пронајдени нови сознанија за поврзаноста на Михајло Пупин и Охрид

Post Views: 418 Историските архиви кријат многу податоци за поврзаноста на Михајло Пупин и Охрид, вели историчарот Проф. д-р Павле Митерски кој го истражувал животот и делото на Михајло Пупин и е автор на неколку книги за светски познатиот научник. Професорот дошол до нови историски факти за повразностана научникот и некогашен Охрид. Едно од сознанијата е што охриѓани го прогласиле Михајло Пупин за почесен граѓанин на Охрид. Повелбата ја испратил тогашниот градоначалник, охриѓанецот Темко Поповиќ, дипломат и книжевник од крајот на 19 и почетокот на 20 век. „ Одлуката на советот...

Продолжи со читање

Локалната самоуправа и ЈП ќе постапуваат по препораките на Државната комисија за спречување на корупција

Post Views: 149 Локалната и ЈП-ја ќе ги следат препораките на Државната комисија за спречување на корупција која утврди судир на интереси во склучени договри или кои се во тек да се склучат со фирма или фирми блиски до советникот Нефи Усеини. Томе Џамтоски, портпарол на ЛС инфромира дека општината годинава нема склучено договор со фирма или фирми блиски со советникот Усеини иако такви фирми се пријавиле на 2 тендерски постапки. Во едната за рушење на дивоградби испаднал од постапката според законската регулатива, додека за другиот тендер за поправка на училишните кровови постапката...

Продолжи со читање

Од ТППЕ годинава очекуваат зголем број на пожари

Post Views: 149 Последниот пожар на кој интервенирале охридските пожарникари се случил на куќа во центарот на село Пештани. Околу падне , вчера ТППЕ со 2 возила и 8 пожарникари за многу кратко време успешно ликвидирала пожар кој поради збиеност на куќите лесно можел да се прошири и да предизвика катастрофа. Опожарената куќа била стара и напуштена,  а причината за пожарот допрва ќе се утврдува. Територијалната противпожарна единица деновиве со 6 возила и 40 пожарникари беше ангажирана околу обезбедување на културните манифестации што се одржуваа во Охрид. Пожарникарите со 3 возила...

Продолжи со читање

Одредени слабости има во функционирањето на сообраќајниот режим

Post Views: 156 Од Одделението за сообраќај при Локалната самоуправа информираат дека без големи проблеми се одвива функционирањето на системот и 4 рампи со кои се регулира влезот и излез на возилата во стариот дел од градот. Ги отфрлаат реакциите на граѓани кои се жалат дека се случува да влезат од една рампа, но не можат да излезат на друга како изолирани случаи. „ Системот е врзан во целина со 4 -те рампи на еден софтвер. Тоа е можно ако има прекин на интернет врските. Тие се изолирани случаи, неколку случаи се случиле. На 2 пати кај рампата Каменско снема струја во тој дел...

Продолжи со читање

Се проширува мрежата на аптеки и отварање на ординации на специјалистите од секундарното здравство во земјава

Post Views: 169 Аптеките кои досега немаа склучено договори со Фондот за здравствено осигурување сега ќе може да издаваат лекови со партиципација,а специјалистите ќе може да отворат ординации во местото кое ќе го изберат. Со измените го нема ограничувањето за отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договори според финансиските можности на Фондот. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Уредбата за мрежата на здравствениустанови, што Владата ја усвои на последната седница. Овозможено е проширување на мрежата на здравствени установи, односно делот...

Продолжи со читање

Скопјаните Мирчевски и Костадиноска победници на Илинденскиот пливачки маратон

Post Views: 358 Божидар Мирчевски од ПК Работнички и Јана Костадиноска од ПК Младост и двајцата од Скопје се победници на 40 издание на Илингденскиот пливачки маратон во категоријата над 16 години. Меѓу 60 тината учесници во двете категории до 16 и над 16 годишна возраст овие пливачи беа најбрзи на патеката Горица- Охрид во должина од 2,5 км. „ Многу сум задоволен од трката, испливав 31 минута. Тренирам 7 години пливање“, вели 15 годишниот Мирчевски. „Прв пат ја пливам оваа патека и многу сум задоволна. Ова е најдоброто постигнато мое време со испливан резултат од 32 минути“,...

Продолжи со читање

Eurostat: За над 60 посто Mакедонци луксуз е седумдневен одмор во некое летувалиште

Post Views: 153 Понатака има пад на домашните гости во земјава, покажуваат последните обработени податоци до месец мај, од областа на туризмот на Државниот завод за статистика. Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тоа го потврдува.Додава дека тоа е состојба која трае во континуитет неколку години и се должи на неколку фактори. „ Според мене и агенцијата тоа се должи на неконкурентноста на регионот со услугите и цените. Дополнително би кажал има недостаток и од нови атракции на домашниот пазар. Инфраструктурата е друг сегмент кога е во прашање...

Продолжи со читање