Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Наскоро ќе се познати цените за резервации во хотелското и приватното сместување за домашните туристи

Post Views: 13 Хотелиерите ги прават пресметките за формирање цени за сите категории резервации во приватното и хотелското сместување, информира Крсте Блажески претседателот на Хотам. Хотелиерите се благодарни на владините мерки за помош на нивниот сектор и ќе треба да понудат избор на граѓаните кои ќе ги користат ваучерите и платежната картичка за да летуваат дома. Се очекува домашните туристи да ја спасат летната сезона и да не банкротира туристичката индустрија. Цените за семестување ќе се намалени во зависност од категоријата на објектот за да може секој да избере каде ќе...

Продолжи со читање

Се расчистуваат исушените врби на просторот Мазија

Post Views: 17   Започна да се средува дрворедот на самиот езерски брег на просторот Мазија. Утрово беа исечени четири врби за кои било констатирано дека се исушени и се опасни за посетителите на паркот во овој дел од градот. Нити едно еколошко друштво не се јавило на повикот од општината да дадат свое мислење за сечењето на дрвата и да присуствуваат на терен доддека се врши сечата. „Ние сме отворени за соработка со сите па и со здруженијата. Не го минимизираме нивното размислување и важно ние да го слушнеме мислењето. Некогаш и ние може да погрешиме, да не корегираат. Она...

Продолжи со читање

Се бара место повеќе за закотвување на пловни објекти во Студенчишкиот канал

Post Views: 16   Место повеќе се бара за паркирање на пловните објекти во каналот Студенчишта. Сопствениците на глисери, кајчина и бротчина бараат безбедни места за да ги закотват пловилата по преземањето на дел од каналот под ингеренции на СРЦ Билјанини извори, информира директорот Гордана Јованоска. „Интересот за паркирање на глисерите и другите пловни објекти од оваа страна на каналот е многу голем. Капацитетот е исполнет сто посто и сите се задоволни од нашиот начина на работа, отвореност, транспарентност и љубезност на вработените. Сигурноста која ја имаат сопствениците...

Продолжи со читање

Петиција Охрид да добие парк за миленици

Post Views: 18 Иницијативата Охрид да добие парк за миленици прерасна во петиција. Група на сопственици на домашни миленици собраа 122 потписи за еден ден, доволно за да поднесат петиција до Советот на Охрид кој треба да даде зелено светло за градот да добие современ парк за домашни миленици, информира Илина Велјаноска, дел од иницијативниот одбор. Подносителите на иницијативата сметаат дека вакво катче е потребно за секој град, а особено за туристичко место како што е Охрид.Се работи за парк за миленици во  Охрид од кој градот има потреба посебно во летниот период кога има...

Продолжи со читање

Хотелиерите гледаат помош во третиот сет на владините мерки

Post Views: 20 Со владиниот трет сет мерки ќе се помага туристичката индустрија. Ќе се доделуваат ваучери на граѓани за да одмараат во Охрид, Струга, Дојран, Преспа, на планина или во некое рурално подрачје. Помошта за домашниот туризам значи по 100 евра за околу 100.000 граѓани, кои ќе ги добијат средствата во вид на ваучери, плус дополнителна платежна картичка во вредност од 50 евра. Ваучерите се наменети само за оние граѓани кои имаат плата до 15.000 денари и немаат други приходи. Туристичката индустрија трпи големи загуби како никогаш досега. Затворени хотели, откажани...

Продолжи со читање

Објавени конкурсите за упис во средните училишта

Post Views: 23 Објавени конкурсите за упис во сите средни школи. Пријавувањето за првиот јунски уписен рок ќе почне на 16 и 17 јуни. Резултатите од запишаните ученици , но и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни. Основците ќе може да изберат каде да го продолжат школувањето и во едно од 4 средни училишта во Охрид. Во охридската гимназија Св. Климент Охридски во прва година во првиот уписен рок ќе може да се запишат 272 ученици. Во насоката гимназиско образование се предвидени 8 паралелки и тоа во јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје и...

Продолжи со читање

Антикорупциска комисија: Владата да ги преземе надлежностите за уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца

Post Views: 16 Владата да се справи со уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца а не локалните самоуправи, побара Антикорупциската комисија. На денешната прес-конференција ова го соопшти Билјана Ивановска, претседател на Државна комисија за спречување корупција по увидот што го направиле во јавните набавки за општина Охрид. При тоа констатирале дека е склучен само еден договор за уривање на дивоградбите. Ивановска кажа дека поради малиот износ на средства со кои располага општината за справување со дивоградбите, ќе се остави впечаток дека се постапува селективно при...

Продолжи со читање

Затворена ОДВ Електрик по двата новорегистрирани случаи со Ковид 19 во Охрид

Post Views: 21 Од двата новорегистрирани случаи на КОВИД 19 во Охрид, едно лице е вработено во фабриката ОДВ Електрик во ТИРЗ Струга, а членови на семејството на другиот случај биле вработени во фабриката. Погонот од вчера е затворен , а во изолација се сите контакти на лицата, вели Сашо Точков, директор на охридскиот ЦЈЗ. „Согласно процедурите со извештајот и резултатите добиени од Лабораторијата на Институтот за јавно здравје од Скопје се направи записник од страна на епидемиолозите и инспекциските служби и Комисијата за заразни болести донесоа соодветно решение за престанок...

Продолжи со читање