Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Триесет граѓани даруваа крв на вонредната крводарителна акција

Post Views: 17 Триесет граѓани дадоа крв за само 5 часа на Одделенито за Трансфузилогија во Охрид на вонредната кровдарителна акција, информира Сашо Точков претседател на ОО ЦК. Покрај повеќекратните дарители се приклучиле и повеќе млади кои прв пат дарувале крв. Задовoлни сме и изненадени од денешниот одзив на хуманите луѓе кои даруваа крв, инфoрмира претседателот на ОО ЦК . „Овие крвни единици ќе се обработуваат во Битола и ќе се употребуваат за потребите на пациентите од охридските здравствени установи. Задоволни сме имаше од сите крвни групи очекувавме од 15 до 20...

Продолжи со читање

Kорона вирусот ги замре сите културни случувања

Post Views: 20 Стопирани се сите културни случувања во НУ Центар за култура Григор Прличев. Културниот живот е замрен не само на охридските две сцени туку насекаде во земјава. Заради корона вирусот нема театарски претстави и кино проекции. Од одобрените проекти помина само одржувањето на Прличевите беседи кои се одржаа пред почетокот на кризата, информира Горан Симоноски , додека другите проекти се стопирани. Центарот годинава не доби средства за материјални трошоци и сега стравуваат со ребалансот на буџетот да не им бидат скратени доделените средства за реализација на...

Продолжи со читање

Нема избор за најхумана медицинска сестра, епитетот им припаѓа на сите кои се борат со Ковид 19

Post Views: 19 12 мај Светскиот ден на медицинските сестри во охридските здравствени установи ќе помине без вообичаените прослави и избор за најхумана медицинска сестра. Во време на пандемија овој епитет им припаѓа на сите медицински сестри кои се борат со Ковид 19, вели Анета Волканоска главна медицинска сестра од охридската Општа болница.Да се биде добра медицинска сестра не е потребно само знаење и едукација туку и љубов кон луѓето и споделување на љубезноста, вели Волканоска. Таа е горда што досега нема заболен медицински кадар во охридските здравствени установи и досега...

Продолжи со читање

Oбвинувања од ОК на ВМРО ДПМНЕ за отчетот на градоначалникот Константин Георгиески

Post Views: 13 Според опозциската партија, една година Охрид нема градоначалник, а Георгиески се кити со туѓи перја. -Георгиески е синоним за неработа, дивоградби и назадување на Охрид. Само лаги и празни ветувања, непосветено и недомаќинско работење. Му честитаме за огромната фотосесија и лично претставување небаре снима предизборен спот, наместо да даде вистински и транспарантен отчет пред граѓаните. Охриѓани видоа реализиран проект Бетонска база, на секој чекор дивоградби, никна нова депонија Мауцкер, огромен број кучиња скитници, нефункционални рампи, јавни претпријатија...

Продолжи со читање

СВР Охрид доби вредна донација за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19.

Post Views: 13 Доделена донација за СВР Охрид во висина од 10.000 евра за заштита на полциските службеници во борбата против Ковид 19. Донацијата е од Програмата ИПА на ЕУ за прекугранична соработка со Албанија и се состои од заштитни маски за повеќекратна употреба, нараквици и дезинфекциони средства, информираше Горан Милески министер за Локална самоуправа. „Ние сметаме дека е неопходно да ги заштитиме полицајците кои се на првата борбена линија по здравствените работници. Нашата полиција во регионот на СВР Охрид ги опфаќа Охрид, Струга , Кичево и Дебар и обезбеди 2500...

Продолжи со читање

Се почесто работоспособни млади луѓе бараат помош од Црвен крст Охрид

Post Views: 21 До општинската организација на Црвен крст со барање за помош се почесто се обраќаат невработени охриѓани, а се млади и работоспособни луѓе. Тие сограѓани се посебен предизвик за нас за да им помогнеме во нашата организација, вели Сашо Точков, претседателот на ОО Црвен крст. Има голем број на луѓе кои се обраќаат да им помогнеме со социјални пакети со храна и средства за хигиена, но ние би сакале да им помогнеме сами да заработуваат за живот, додава Точков.   Има голем број млади луѓе кои бараат помош, кои се во средовечни години, 30 – 40 години кои можат да...

Продолжи со читање

Влатко Милошевски, Македонец кој живее во Холандија создаде веб страница каде претстави 250 странски сликари кои твореле инспирарани од Македонија

Post Views: 14 Влатко Милошевски, инженер по електротехника кој живее во Холандија неодамна на интернет објави Лексикон на странски сликари кои биле инспирирани во творештвото од престојот во  Македонија. Создал веб страна „Лексикон на странски сликари во Македонија од 1850 до 1950 година“. Може да се види  обемен материјал со уметнички дела кој го собирал 15 години и содржи податоци за над 250 уметници. Во неговата збирка се застапени уметници од западноевропските земји меѓу кои Велика Британија и Германија, но и од балканските простори. „Она што најмногу ги воодушевувало и...

Продолжи со читање

СВР Охрид го одбележа 7 мај Денот на Македонската полиција

Post Views: 21 СВР Охрид го одбележа 7 мај – Денот на македонската полиција со превентивна кампања. Посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштитата од ширењето на вирусот “COVID 19“ и придржување до одредбата за задолжително носење заштитни маски, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. „Претпладнево, на целото подрачје на СВР Охрид, во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар, полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици, поделија пакети заштитна опрема...

Продолжи со читање