Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во итната медицинска помош има зголемен број на повици

Post Views: 188 Колабирање, влошување на хронични заболувања и сообраќајни несреќи се најчестите причини, деновиве, граѓаните да го повикаат 194 бројот на итната медицинска помош. Во овие летни горештини екипите за брза медицинска интервенција имаат зголемена фрекфенција на работа, информира д-р Љупка Николовска, раководител на Итната медицинска служба. Во континуитет, во летните месеци се чувствува недостаток од персонал во службата, но екипите максимално се организираат да одговорат на работата, кажува д-р Николовска. „ Градот ни се дуплира и триплира за овој период, ние сме...

Продолжи со читање

Крие ли археолошка тајна охридскиот плоштад?!

Post Views: 198 Археолозите почнаа со стандарни ископувања пред да започне реконструкцијата на плоштадот „Крушевска Република“. Овој простор долго време бил слободен и голема е неизвесноста дали нешто ќе се пронајде под градскиот бекатон, информира Мишо Туткоски, директор на НУ „Завод и Музеј“ Охрид.   Во минатото на овој простор е малку ископувано и немаме никакви сознанија за некакви градби. Два века е Плоштад, отворен простор, бил пазар. Може нема никакви градби, но мора да ги извршиме археолошките истражувања кои ќе ни дадат понатамошни насоки. Доколку има објект ќе бараме...

Продолжи со читање

Сопствениците на пловни објекти ќе може закупат паркинг простор на каналот Студенчишта

Post Views: 183 Локалната самоуправа ќе воведува ред при паркирањето на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Со каналот, досега не стопанисуваше никој и сопствениците на пловилата ги врзуваа кајчињата, глисерите и бротчињата кој каде ќе стигне. Многу често имаше појава и на расправии за паркинг местата. Од ова лето Локалната самоуправа со одлука на градскиот Совет го отстапи каналот на стопанисување на ЈП Билјанини извори. Предлог има сопствениците на едрилици да бидат ослободени од плаќање на закупнина, а за останатите пловила да се плаќа закупнина за просторот на 6 месеци...

Продолжи со читање

Oд понеделник ќе сe применува летниот сообраќаен режим

Post Views: 180 Целосна примена на летниот сообраќен режим во централното градско подрачје и во стар град ќе почне од 8 јули , информираат од одделението за улици и сообраќај при Локалната самоуправа. Технички проблеми при поствување на видео надзор на две од четирите рампи за влез во стар град го пролонгирале претходно најавуваниот рок за старт на летниот режим на сообраќај, посочува Зоран Шикалоски раководител на одделението за сообраќај. Проблеми се јавиле при поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и кај црквата Каменско, појаснува Шикалоски . „ Се надеваме...

Продолжи со читање

ОПМ загрижена за стандардот на потрошувачите

Post Views: 179 Организацијата на потрошувачи на Македонија е загрижена по најавите кои доаѓаат за зголемување на цените од 40 до 50 проценти. Маријана Лончар-Велкова, претседателката на ОПМ, напоменува дека и тие како и потрошувачите стравуваат од поскапувањето на потрошувачката кошница и основните прехранбени артикли.Цените на основните прехранбени производи  брашното, лебот, млекото, маслото за јадење, солта, шеќерот на некој начин да бидат ограничени и да не може нивното поскапување да биде енормно големо бидејќи има до 10 посто покачување на прехранбените артикли и средствата...

Продолжи со читање

Граѓаните со поделени размислувања по стартот на проектот „Мој ДДВ“

Post Views: 146 Граѓаните од денес ќе можат да добијат назад 15 проценти од платениот ДДВ за секоја сметка со која пазарувале. УЈП ќе ја спроведува во пракса новата реформа која според проценките годишно со оваа мерка по основ на вратен ДДВ кај граѓаните ќе бидат вратени 50 милиони евра. Граѓаните со поделени размислувања по стартот на проектот „Мој ДДВ“. Многумина слушнале но , не знаат како да постапат за да се вклучат во системто на УЈП, додека други не веруваат дека ќе им се враќаат париСо оваа даночна реформа на физичките лица за секоја сметка од пазарење, максимум со поединечна...

Продолжи со читање

Повозрасните граѓани барале помош од психолог во пандемијата

Post Views: 184 Повозрасни граѓани од регионот барале најчесто совет од психолог за да се справат со стресот и осаменоста коишто ги наметна пандемијата, информира психологот Ранко Раткушински. Тој е во секојдневен контакт со граѓаните кои бараат помош и се јавуваат на отворената линија за прва  психолошка помош и психо-социјална поддршка која функционира во општинската организација на Црвен крст. Психологот споделува дека на почетокот од пандемијата биле почести јавувањата од повозрасни граѓани од целиот регион. Постоењето на оваа стручна помош за граѓаните беше и  сеуште е потребна,...

Продолжи со читање

Тече процесот на бесплатно микрочипирање на домашните миленици

Post Views: 197 Една од мерките за намалување на бездомните животни по улиците е вградување на бесплатни микрочипови од Агенцијата за храна и ветеринарство. Но од имплементацијата на тригодишната стратегија во пракса се добива впчеток дека дава слаби резултати. Улиците и плоштадите се полни со бездомни кучиња и поплаки на искасани граѓани. Како се реализира Стратегијата со микрочипирањето и кој треба да ги контролира сопствениците за примена на одредбите од законот за заштита и благосостојба на домашните животни ја контактиравме Велика Атанасова, портпарол на АХВ. Атанасова информира...

Продолжи со читање

Од ЕД Грашница јавуваат дека истекуваат отпадни води од двата бајпасови кај Грашница

Post Views: 199 Истекуваат отпадни води од колекторскиот систем кај стадионот во Грашница, јавуваат екологисти од ЕД Грашница. Претпоставуваат дека станува збор за исклучување на пумпата кај Даљан. „ После 30 години и повеќе ова е проблем со истекот на бајпасовите кај плажата Мизо и подолу кај вливот на реката Грашница. Денес е 13 јуни, неколку денови нема врнежи, а бајапсовите без престан течат во езерските води“, вели Борче Стојаноски од ЕД Грашница.Стојаноски повикува на понкретни активности за решавање на овој проблем од страна на формираното државно претпријатие за одржување...

Продолжи со читање

Живописното планиско село Горно Коњско е без водовод

Post Views: 532 Селото Горно Коњско има 30 постојани жители кои со вода за пиење се снабдуваат од бунари кои ги има скоро секое домаќинство. Со климатските промени во месеците јули, август и октомври кога има сушен период бунарите многу често остануваат без вода. Жителите се бават со земјоделство и сточарство, а во последните години се развива и етно туризмот. Селцето е на само десетина километри од Охрид, а на 4 км од хотел Метропол на западната страна од планината Галичица. Ова живописно планинско селце на 1050 метри надморска висина плени со прекрасната околина и видикот кон...

Продолжи со читање

Од денес почна исплата на гарантираната минимална плата за семејствата во социјален ризик

Post Views: 183 Од денес 480 охридски семејства во социјален ризик ќе добиваат гарантираната минимална плата во висина од 6000 денари. Новиот Закон за социјална заштита кој стапи на сила од 23 мај со низа измени ќе го подобрува семејниот буџет на домаќинставата во социјален ризик. Семејствата ќе добиваат и детски и образовен додаток. Така, во буџетот на едно  семејство, во зависност од бројот и возраста на децата, ќе се слеваат околу 13.000 денари месечно, информира Ајтен Мусли директор на охридскиот Центар за социјални работи. По истекот на овој рок законот предвидува нови можности...

Продолжи со читање

Само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод по стечајот на АМЦ

Post Views: 178 Граѓаните кои имаат рекламации за купената бела техника од АМЦ компанијата која е во стечај може да побараат помош од Државниот пазарен инспекторат во Охрид. Во охридската подрачна едница на Државниот парзарен инспекторат досега само еден потрошувач побарал помош за рекламација на прозивод купен во АМЦ. Од подрачната единица на инспекторатот ќе ги задолжуваат сервисите да ги поправат расипаните апарати ,а потрошувачот нема да плати за извршената поправка бидејќи компанијата повеќе не постои, информира Цветко Ристески раководител на оддленеито на Државниот пазарен...

Продолжи со читање