Автор: Валентина Неловска
Post Views: 17 Од 15 те случаи во Охрид кои се регистрирани со корона вирус сеуште нема излекувани. Во овој момент нема информација дека има оздравени лица кои се на домашно лекување. Охрид петти ден е без регистрирани нови случаи на инфицирани. Нема место за паника, порача министерот за здравсто по последниот случај од 19- ти април кога беа регистрирани 8-охриѓани, а вработени на една бензиска пумпа во Охрид. „Сметам дека работата е локализирана и овие мерки на рестрикција кои досега ги презедовме и новите кои ги воведовме, работите ќе се под контрола како што е сега , “ вели...
Во изминатиов месец и половина нема пријави за семејно насилство во Охрид
Post Views: 20 Во екот на пандемијата со Ковид 19 нема пријави за семејно насилство во Охрид. Необично е мирна состојбата во изминатиов месец и половина. Затишјето во време кога на сила е ограничување на движењето и граѓаните се претежно во своите домови ги изненадува социјалните работници. За споредба само во првите два месеци од годинава 40 жртви пријавиле насилство во семејството, информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјална работа. Социјалните работници кои работат со жртвите се изненадени бидејќи претходно имале зголемен инетнзите на повици за пријавување на...
Еколозите порачуваат: Од пандемијата да се извлече поука
Post Views: 20 Денот на планетата Земја се одбележува во период на пандемија кога планета се регенерира, кога е најмирна и најчиста, вели екологистот Ѓоко Зороски. Намалено е загадувањето на воздухот и водата, бучавата во големите градови , океаните, морињата езерата, вели Зороски. „Можеби ова пандемија се случи во најдобро време сега е сезона за мрест на многу видови риби и во нашето Езеро кои не се вознемируваат од стрна ан човекот. Сезона е на гнездење на птици и парење на диви животни. Период кога треба најмалку да се вознемируваат дивите животни, а човекот е се помалку...
Нема драстично зголемување на бројот на невработеност во општина Охрид
Post Views: 15 На пазарот на трудот во Охрид, во месец март се евидентирани 2858 лица кои активно бараат работа. Во моментов бројот на невработените лица евидентирани во охридскиот центар за вработување не бележи поголеми промени, информира Маја Биткоска Ташкоска, директор на центарот за вработување. Нема масовни отпуштање од работа од фирмите погодени од пандемијата. „Нема драстично зголемување на бројот на невработени , дури и се појавува вработеност кај невработените лица во различни сектори“, информира Биткоска Ташкоска. Споредбените податоци од оваа и минатата година...
Охриѓани дисциплинирани и совесни за време на продолжениот плициски час
Post Views: 14 Мирно и стабилно изминале 85 -те часа карантин во земјава кои трае од 16 часот , петок 17 април до 5 часот утрово. Граѓаните во Охрид биле дисциплинарани и само 4 -ца ја нарушиле забраната за движење за време на спроведување на мерки за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид 19, а во соседна Струга тој број бил 14 лица, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Во овој период во СВР Охрид нема пријава за семејно насилство или друг облик за случено кривично дело “, кажува Димоски . На 18 април, саботата се случила една тешка...
Денес во Струга почна со работа пункт за тестирање на Ковид 19
Post Views: 25 Во Струга почна со работа пункт за земање на брисеви од Ковид 19 во поддрачната единица на Центарот за јавно здравје. Во текот на денешниот ден биле земени брисеви од 5 мина стружани, информира Сашо Точков директор на охридскиот Центар за јавно здравје. Дополнително се земени брисеви и во струшката околина, Лабуништа и околните села од мобилните екипи на центарот. Во Охрид пак, биле земени брисеви од 4 сомнителни случаи. За последните 8 новорегистрирани случаи со корона вирусот, вработени на охридска бензиска пумпа, Точков смирува дека нема место за...
Без верници во храмовите ќе се празнува најголемиот празник Велигден за прв пат во историјата на православната црква
Post Views: 17 Велигден ќе се празнува без верници во храмовите за прв пат во историјата на православната црква. Низ вековите ова никогаш не се случило, вели отец Љупчо Симиџиоски.Додава дека верниците ќе недостасуваат в црква , но се надева дека до година ќе бидат посплотени и ќе ја ценат соборноста при празнувањето на Велигден кој е темелот на христијанската вера. „Се разбира дека ќе недостасуваат верниците . Овој празник со векови се славел масовно и самата црква е соборна црква. Црквите се изградени од камен и се симбол на верниците,...
Пред шалтерот на Центарот за социјални работи расте редицата луѓе кои поднесуваат барања за социјална помош
Post Views: 14 Зголемен бројот на лица кои бараат помош од државата. Пандемијата удира се посилно врз стандардот на се поголом број граѓани. Луѓето остануваат без редовен работен однос или сезонска работа па бараат помош од држвата. Се зголемува редицата на луѓе кои чекаат пред шалтерот од Центарот за социјални работи со барања за социјална помош. Имаме зголемен број на подносители за барања за гарантирана минимална плата, лица кои бараат еднократна парична помош или барања за нега за трето лице, информира Ајтен Мусли директор на охридскиот Центар за социјални работи. „Овој...







