Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Уапсен бугарски државјанин сo ладно оружје

Post Views: 360 Протеран од земјава е Бугарски државјанин кај кого било пронајдено ладно оружје. При претрес кај него биле затекнарти два ножа со должина на сечивата од 10 и 15 центиметри. Претресот се случил вчера, околу пладне, во близина на бугарскиот клуб Цар Борис Трети, во трговскиот центар Амам. Полицијата го привела и е предаден на понатамошна судска постапка, информираат од СВР Охрид.„ Врз основа на член 80 од законот за оружје истиот е лишен од слобода и предаден на судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид. Ножевите се одземни и предадени на претходна...

Продолжи со читање

Нова мисија пред планинските спасители

Post Views: 395 Македонскиот Национален сојуз за планинско спасување доби признание за постигнатите резултати од Интернационалната комисија за алпинистичко спасување (ИКАР). ИКАР ги обединува сите спасителни служби од светот, а дел од нив е и националната спасителна служба. Македонските спасителите добија покана за трансформација на нивното членството од Б во А категорија после неколку години од приемот во ИКАР. Признанието доаѓа за постигнатите резултати на полето на спасување во изминатите 7-8 години, информира Антонио Додевски, од планинската спасителна служба од Охрид и делегат...

Продолжи со читање

Оџачарите се побарани

Post Views: 595 Почна грејната сезона, а со тоа и опасноста од можни пожари. Посебно тоа се однесува за пожари од неисчистени оџаци. Од оваа сезона се зголемува бројот на охриѓани кои за затоплување на домовите се префрлаат на огревно дрво, напоменува Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ-Охрид. Тоа значи дека многу оџаци не биле употребувани со години. Од ТППЕ повикуваат граѓаните да бидат поодговорни за нивната лична безбедност и заштитата на домовите.„ Во овој период е доста барана службата за чистење оџаци. Годинава има и поголем интерес за чистење на оџаците. Да напоменам дека...

Продолжи со читање

Охрид има проблем со дивоградбите

Post Views: 622 Македонија, отсекогаш била свесна за значењето на Охридскиот регион. На Охрид му треба концепт за развој на туризмот, економски развој, заштита на природното и културното наследство, порачаа од Македонското еколошко друштво. Останува да се доимплементираат поставените постулати од 1979 година, со воспоставената заштита на светското и природно наследство под Унеско. Охрид има проблем со дивоградбите во заштитените подрачја, рече Славчо Христовски, претседателот на Македонското еколошко друштво. Сепак , во моментов, има различни активности кои ќе доведат до подобрување...

Продолжи со читање

Охридската пожарна доби теренско возило

Post Views: 356 Охридската територијална противпожарна единица доби ново, современо возило за гасење пожари. Возилото е донација од Центарот за управување со кризи. Сега, пожарникарите може да здивнат, затоа што возниот парк се подновува. Со возилото ќе им биде полесен пристапот за интервенци на тешко пристапните делови од градот и околината, информира Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ.„Тоа е џип со двојна кабина, со товарен простор, со противпожарна надградба. Нешто што апелиравме да се набави и ни фалеше во Охрид како туристички град, со години. Возилата со кои располагаме...

Продолжи со читање

Орманци плаќаат, а тонат во мрак

Post Views: 550 Жителите на село Орман живеат во мрак без улично осветлување. Населбата која се наоѓа на само 2 километри до Охрид тоне во темница во вечерните часови. Иако, орманци плаќаат месечен надоместок од 184 денари за јавно осветлување на Локалната самоуправа оставени се без улични светилки. Луѓето се движат по темнина по главниот пат кој станува опасен по нивните животи. Тесниот пат кој поминува низ селото не го користат само орманци туку и жителите од соседните села Горно и Долно Лакочереј, раскажува Стојче Спасески , жител на оваа приградска населба.„Се соочуваме...

Продолжи со читање

Охрид го одбележува 11 oктомври

Post Views: 291 Општина Охрид на свечена седница го одбележа 11-ти октомври, Денот на народното востание. Градоначалникот, Кирил Пецаков пред присутните претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, претставници од локалната самоуправа, советници, пратеници, граѓани упати честитки за овој голем историски ден за Македонскиот народ. 11-ти октомври е датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на идниот национален развој, кога се поставени темелите и се реализира вековниот сон за создавање на Македонска држава. Во сите периоди Охрид бил дел од историските...

Продолжи со читање

Протест против клубот Цар Борис Трети во Охрид

Post Views: 390 Тензично помина отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Голем број граѓани се собраа на протест пред седиштето на клубот, а присутно беше и големо полициско обезбедување. Летаа камења и јајца кон седиштето на клубот, а беа извикувани и пароли Бугари, Татари , Фашисти. Присутните имаа транспаренти порачувајќи и на ЕУ да не го толерира бугарскиот фашистички однос кон Македонија.„Во демократска земја како Македонија нема место за фашисти. Нека има клуб со друго име, но не со име на фашист, владата да го забрани, страм за Македонија што го дозволи...

Продолжи со читање

Во продажба расипани млечни производи

Post Views: 400 Расипани млечни производи пријавуваат охриѓани до организацијата на потрошувачи. Во последно време се актуелни вакви пријави кои охридските потрошувачи ги поднесуваат во поплаки до нас, информира Вангел Спироски од ОПМ. Купувачите се непријатно изненадени од муфлосаните или замирисани млечни прозводи. Јогурт, павлака, кисело млеко имаат валиден рок на трајност, а не се употребливи за конзумирање. Граѓаните коментираат дека забележуваат како некои фрижидери се исклучуваат од струја во вечерните часови. Спироски нема одговор дали расипаните артикли се резултат на...

Продолжи со читање

Невработените не сакаат обуки

Post Views: 304 Графички дизајнери, угостители, приватни станоиздавачи, адвокати и заботехичари се дел од ново отворените дејности на невработени охриѓани. Во Агeнцијата за вработување се финишираат активните мерки за самовработување во општина Охрид. 70 лица ја искористиле државната мерка за самовработување во различни дејности. Долга е листата на други профили од активните баратели на работа кои на овој начин го решиле своето егзистенцијално прашање. Со финансиска поддршка од 5000 евра може да се отвори сопствен Доел, а со здружување од две лица 10.000 евра за регистрирање друштво...

Продолжи со читање

Mлекопроизводителите добија субвенции

Post Views: 247 Над 153 милиони денари се исплатени на 6.396 домашни млекопроизводители. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализира исплатата на млекопроизводителите за проиведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во периодот март, април и мај 2021 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Од Агенцијата ги подготвуваат налозите и за исплата на млекопроизводителите за периодот јуни и јули 2021 година. Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда,...

Продолжи со читање

Планинска куќа во Брежани

Post Views: 365 Планинска куќа со дваесетина легла , современи бањи и кујна доби селото Брежани. За брежанци е празник пуштањето во употреба на современиот објект. Во ова планинско селце, сместено во пазувите на Илинска планина, во општина Дебрца, на триесетина км од Охрид, се отвора нова можност за развој на туризмот. Реконструкцијата на старата училишна зграда е во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија. Проектот е реализиран од страна на Црвен крст –...

Продолжи со читање