Автор: Валентина Неловска
Post Views: 8 Архимандритот Нектариј е добитник на највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“-Патрон на градот за 2022 година. Игуменот на манастирот „Свети Наум Охридски “ ја добива наградата за животно дело, за врвни достигнувања во општествениот живот, кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.Земајќи го во предвид предлогот на стручната комисија и општо познатите факти за долгогодишните остварувања...
Шест новоинфицирани со ХИВ во регионов
Post Views: 10 Охридскиот центар за јавно здравје, годинава евидентирал шест новоинфицирани лица заболени од ХИВ/СИДА. Од нив по две лица се откриени во Охрид, Струга и Дебар. Новоинфицираните лица се на возраст од 40 до 44 години. Годинава од СИДА починале три лица. Во Охрид, од почетокот на епидемијата на ХИВ /СИДА до денес, регистрирани се 17 случаи на оваа болест, информира епидемилогот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од ЦЈЗ Охрид.„За време на пандемијата со ковид имавме мал број на тестирања и малку новооткриени случаи. Со олабавување на мерките има повторно...
Езерската трска нема посебен заштитен статус
Post Views: 16 Да запре уништувањето на трската на Охридското крајбрежје се упатува порака од работилницата организирана од Регионален Зелен центар Охрид. Тие покренуваат инцијатива трската да добие законски статус на посебен заштитен вид во Охридското езеро преку проектот „Мапирање и управување со трската на Охридското езеро“. Претставници од различни институции на државно и локално ниво, инспекторати, експерти од Хидробиолошкиот институт, жители од урбани и месни заедници кои гравитираат покрај крајбрежјето предлагаа решенија како да се заштити ова значајно растение за живиот...
Грци повторно на охридската ривиера за Божиќ
Post Views: 10 Хотелите на охридското крајбрежје се закупуваат од гости од соседството за претстојните новогодишни празници. Од регионот, Српски и Грчки туристи се најзаинтересирани зимските празници да ги поминат на Охридското езеро. Хотелиерите, најчесто нудат полупансионско сместување за дводневни и тродневни аранжмани . Во хотел „Нова Ривиера“ за божиќните празници има закуп на сместувачките капацитети од Грчки гости, информира Анѓел Анѓелески, менаџер на хотелот.„Интересот е голем за католички Божик. Има интерес и за Нова Година. Имаме понуди за тридневни и...
Обезбедени средства за подобра комунална инфраструктура
Post Views: 14 Водоводната мрежа има потреба од модернизација во делови од Охрид и околните населени места. Постојат линии за водоснабдување кои се застарени и потребна им е рехабилитација, а постои и азбестен цевковод од која граѓаните се снабдуваат со вода за пиење. Исто така, е потребна изградба и на поголема мрежа од атмосферско одведување на дождовните води бидејќи градот има засега околу 44 км изградена атмосферска канализација. За подобрување на овие инфраструктурни потреби на граѓаните од Охрид, но и во останатите општини во земјава на располагање ќе имаат 50 милиони...
Вознемирени охриѓани по пукањето кон бугарскиот клуб
Post Views: 8 Од огнено оружје е стрелано кон Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Непознати сторители, синоќа околу 19 часот, пукале кон канцеларијата, во период кога работат многу продавници во ТЦ Амам и се во непосредна близина на клубот. За овој настан никој не сака да зборува, но има видна вознемиреност кај вработените во околните продавници и градскиот паркинг, но и кај охриѓани.Од охридската полиција информираат дека работат на расчистување на случајот. Во писменото соопштение, испратено до медуимите, портпаролот на СРВ Охрид Стефан Димоски, наведува дека...
Опасност од излевање на Коселска
Post Views: 8 Коритото на Коселска река остана неисчистено. Есенските врнежи пристигнаа, а со тоа расте и грижата на жителите од Орман од неисчитеното корито и неажурноста на надлежните. Нема конкретна акција на нивниот апел да се исчисти коритотo од зелен отпад и вегетација, упатен пред месец и половина. Надојдените води од обилните врнежи кои паѓаат деновиве во охридско се закануваат да го затворат протокот на реката кај мостот во Орман. Жителите стравуваат дека може да дојде до излевање на реката чие корито не е исчистено повеќе од една деценија. Не посакуваат да им се...
Осцилациите на водостојот атак за езерскиот жив свет
Post Views: 15 Намалениот водостој на Охридското езеро има лошо влијание врз живиот свет,а деновиве е повторно во фокусот на загрижените еколози. За губитокот на вода во езерото тешко е да се каже дали се случува како резултат на климатските промени, со натпросечните температури во овој дел од годината или од долгогодишната пракса природното езеро да се користи за производство на електрична енергија, посочува Ѓоко Зороски, охридски екологист од ЕД Грашаница. Потсетува дека Охридското езеро со децении се третира како вештачка акумулација за производство на струја....