Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Нови зони и цени за паркирање ќе стартуваат со новиот летен режим на сообраќај

Post Views: 261 Зонското паркирање и висината на цените за користење на јавниот паркинг простор беа дел од денешните точки на Дневен ред на градскиот совет. Со новиот летен режим на сообраќај се предвидуваат измени во зоните на паркирање. Тие треба да стават ред во сообраќајниот метеж кој се јавува во екот на туристичката сезона. Од ова лето ќе има зона А која ќе остане само на улицата Македонски Просветители, а се проширува зона Б со поевтина цена на паркинг од досегашната. Се воведува и премиум зона на паркирање на потегот од пошта до кружниот тек во центарот на градот по цена...

Продолжи со читање

Неповолна хидролошка состојба во Охридското езеро и реката Црн Дрим

Post Views: 193 Охридското езеро и реката Црн Дрим имаат неповолна хидролошка состојба. Летниот сушен период и испуштањето на вода за потребите на хидроелектраните го намалија водостојот на езерото и реката. Нискиот водостој на Охридското езеро е на граница на дозволениот минимум, информира Ангел Угрински, хидролог од УХМР.Според утринските мерења, водостојот на езерото е на 3 цм над дозволениот минимум тоа е на кота 693,10. Денес езерото е на кота 693,13 цм. Треба да се каже дека има вештачко влијание врз езерото преку двете регулации на Црн Дрим на излезот од езерото кај Струга...

Продолжи со читање

Отворен Инвестициски камп во Охрид на ФТУ

Post Views: 169 Охрид доби инвестициски камп кој ќе функционира на ФТУ. Со пилот програмата целна група ќе бидат младите луѓе. Тие своите бизнис идеи и визии за една фирма ќе може да ги развиваат со понатамошна поддршка на Фондот за иновации и центрите за иновации на УКИМ , УKЛО и Универзитетите од соседна Албанија, посочува Сашо Коруноски, ректор на Уни. Св Климент Охридски, кој е еден од партнерите на иновативниот камп. „ Информцијата е круциален фактор. Доколку тие идеи се отценат како добри, стоиме зад нив со логистика не само во опрема, информатичка технологија туку и и знаење,искуство...

Продолжи со читање

Се бара најефикасно, најекономично и најеколошко решение за изградба на марина на Охридското езеро

Post Views: 158 Локацијата за изградба на марина и понатака спорна и камен на сопнување на трибината на која требаше да се слушне мислењето на јавноста при изработката на Студија за ревитализација на Студенчишкото блато и регулацијата на водниот сообраќај на Охридското езеро. Различни мислења и ставови се слушнаа на денешната трибина која ја организираше општина Охрид. Копјата повторно се кршеа меѓу стручната фела, екологистите и сопствениците на пловни објекти дали и каде да се гради марина. Стручните лица од Хидробиолошкиот институт и научната заедница бараат нивно вклучување...

Продолжи со читање

Виолета Петковска од ОУ„Кочо Рацин“ е носител на сертификат за најдобар учител

Post Views: 173 Виолета Петковска, професор по одделенска настава од ОУ „Кочо Рацин“, со постер презентација учествуваше на образовна конференција во Будва. Професорката по одделенска настава со својата креативност и посветеност е добитник на голем број меѓународни и државни награди за проекти, автор на 20 стручни трудови и 70 едукативни филмови. Петковска е дел од Асоцијацијата на најдобри наставници од поранешна Југославија и е единствен претставник од југозападниот дел на земјава. Од Будва се врати со уште еден сертификат за нејзината креативност, во низата меѓународни признанија...

Продолжи со читање

Долготрајниот дождлив период го загрозува родот на коскестото овошје

Post Views: 222 Родот на црешите, праските, кајсиите, вишните е загрозен од дождот. Долготрајниот, дождлив период во охридскиот регион е неповолен за коскестото овошје. Врнежливото време, посебно го загрозува годинешниот род на црешата кој е во фаза на зреење, стравува Ванчо Стојаноски, одгледувач на цреша. Стојаноски, сепак, се надева дека временските услови ќе се подобрат, а овоштарите треба веднаш да почнат со прскање на стеблата. „ Препорака до одгледувачите на коскестото овошје, посебно на црешата. Веднаш да го фатат првиот ден по влажниот период и да ги третираат овошките...

Продолжи со читање

„Балканска 3а/2“ е новата премиера на Охридскиот народен театар

Post Views: 163 На сцената на Охридскиот народен театар на 3 јуни ќе се игра „Балканска 3а/2“ . Текстот е на Дејан Дукоски и е едно од неговите први драматуршки дела, режијата е на Ана Батева , а улогите ги играат Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски,Елизабета Стефаноска и Филип Кипроски. „ Се роди уште еден театарски проект во Охридскиот театар кој сум убедeн ќе ги задоволи апетитите на охриѓани и пошироката публика“ рече Горан Симоноски директор на Охридскиот народен театар .  Режисерот на претставата Ана Батева за прв пат работи на создавање театарско дело со актерите од Охридскиот...

Продолжи со читање

Скоро секој втор Македонец е активен пушач

Post Views: 187 Скоро секој втор Македонец или 46 проценти од населенито се активни пушачи, покажала Студијата за штетноста од  психотропни супстанци. Последните истражувања од минатата година направени од Институтот и општинските центри за јавно здравје покажале дека 57, 8 проценти од македонските пушачите се на возраст помеѓу 36 и 44 години, а 40,2 проценти се младо возрасно население на возраст од 15 до 34 години. 12,6 проценти првата цигара ј а запалиле на 15 години, а 6,1 посто на 14 години. Дури 4,1 посто експериментирале со првата цигара на 11 години и помала возраст, информира...

Продолжи со читање

Проблемот со кучињата скитници точка на дневен ред на градскиот Совет

Post Views: 173 До каде е постапката и дали функционира шинтерската служба во надлежност на ЈП Охридски Комуналец беше точка со која на барање на опозцијата беше надополнет дневниот ред на денешната 27ма седница на градскиот Совет. Кирил Пецаков координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, обвинува дека службата за прифаќање на бездомни кучиња не функционира, а кучињата скитници стануваат опасни и напаѓаат луѓе. „ Политичка волја има, формирана е шинтерска служба ,7-8 месеци разговараме за службата , а која е реалноста сите гледаме дека кулминираат нападите на бездомните кучиња“,...

Продолжи со читање

Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа : Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион

Post Views: 186 Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа: „Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион“. Александра Бујароска од Фронт 21/42, која беше дел од работната група на предлог измените во Законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион од 2010 година, напоменува дека се разoчaрани што во последен момент биле тргнати важни одредби за реална имплементација на мораториумот за градба, па потоа во последен момент вратени по обелоденување на намерата на Комисијата на Унеско да го стави Охридскиот регион на листа...

Продолжи со читање

Изработена физибилити студија за откупен дистрибутивен центар во охридскиот рeгион

Post Views: 196 Општина Охрид ја изготви Физибилити студијата за оправданоста од изградба на откупен дисктрибутивен центар. Со тоа тргнуваат работите од мртва точка во насока на решавање на еден горлив проблем за производителите на храна, трговците и угостителите. Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа е нарачател на студијата во која сега се дефинирани сите услови во однос на производството и побарувачката на локалните производи, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. Претходно беа согледани потребите и бенефитот од една ваква инвестиција во регионот....

Продолжи со читање

Празна и заклучена е продавницата на Нефа-мебел во Охрид

Post Views: 219 Сканадалот со продавниците Нефа-мебел не го заобиколи ни Охрид . Од 24 мај салонот во центарот на градот е празен и под клуч. Овој продажен простор беше еден од 14- те во земјава кој го тресе аферата со измамени купувачи кои платиле мебел и чекаат испорака, а во меѓувреме продажните салони преку ноќ останаа празни и затворени. Засега е неизвесно колку купувачи од регионов се изманипулирани и останаа без испорачан, а платен мебел. До Државниот пазарен инспекторат во Охрид утринава помош и совет побарал само еден купувач. „ Веднаш е излезено на лице место и констатирано...

Продолжи со читање