Автор: Валентина Неловска
Post Views: 14 Воведување на забрана за влез на жители од други општини во Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Охрид при влез и излез од градот. Ова е барање од Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, упатено до Кризниот штаб на Владата. Охридскиот кризен штаб бара да се разгледа можноста за ваква мерка која сметаат дека е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели. „Барањето се заснова и на фактот што во...
Први ги затворија угостителските објекти но први и ќе закрепнат од економската криза
Post Views: 16 Вообичаено посетеноста на гости за време на Велигденските и првомајските празници во охридско- струшкиот регион беа репер каква ќе биде претстојната летна сезона. Но, моменталната ситуација со коронавирусот во светот повеќе е од јасна дека ќе има негативни последици врз домашниот туристички сектор, вели Цветко Андреески декан на охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Туризмот е во потешка ситуација во споредба со угостителството без разлика колку ќе трае оваа ситуација. Колку подолго ќе трае пандемијата толку ќе биде се потешко, напоменува деканот. ...
Дефект на водоводна линија ги остави без вода жителите од населбата Гоце Делчев
Post Views: 14 Од утрово без вода за пиење останаа повеќе домаќинства од населбата Гоце Делчев и улицата АРМ. Од ЈП Водовод Охрид информираат дека во раните утрински часови се случил дефект на водоводната линија па со намален притисок во водоснабдувањето останале петнаесетина домаќинства во истата населба. Нивни екипи работеле на водоводната линија каде што настанал дефектот , зачепување на цевководот. Информираат дека работата ја отежнувале изградени објекти, а со работа ќе продолжат и утре заради тоа што екипите мора да го почитуваат полицискиот час. „Стручните екипи на ЈП...
Лице од Велешта ја злоупотребило дозволата за движење за време на полициски час
Post Views: 14 Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на седум општини кои ги покрива СВР Охрид. Полициските службеници во изминатото деноноќие затекнале две лица кои го прекршиле полицискиот час. Синоќа околу 18 часот, во полициската станица во Струга, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир, со карање и оштетување на предмети, извршено на улицата „Елпида Караманди“ во Струга, а друго лице е приведено во Охрид на Булевар Туристичка,информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот, при извршена контрола на булеварот...
Охриѓани дисциплинирани во изминатото деноноќие
Post Views: 21 Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 16.00 до 05.00 часот секој ден која почнува од денес и целосно за време на викендите. Во изминатото деноноќие охриѓани биле дисциплинирани. Стабилна е и безбедносната состојба и на подрачјето на остантите 6 општини кои ги покрива СВР Охрид. Без проблеми се одвивала и контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР...
Градинари стравуваат за насадите поради ограниченото движење за викенд
Post Views: 15 Производителите на раноградинарски култури стравуваат дека ќе пропаднат посевите по забраната за ограничено движење донесени со владините мерки. На поголем дел од нив одгледувањето пластеници им е дополнителна дејност и не живеат во село туку во градот и се над 67 години . Тие како локални микропроизводители на земјоделска храна не се регистрирани земјоделци и не можат да ги користат поволностите за да добијат дозволи за движење во услови на време на ограничено движење. Бараат од владата да најде начин и за оваа категорија мали земјоделци да им овозможи движење...
Обезбеден интернет пристап за учениците од семејства во социјален ризик
Post Views: 17 Непречено образование ќе добијат сите ученици. За семејствата во социјален ризик е обезбеден интернет со картички преку Македонски телеком. Во овој период е особено важна солидарноста на сите чинители на општеството, порача министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски. „Договорот што денеска го потпишавме со Македонски телеком овозможува образованието да биде достапно за сите. Имајќи предвид дека некои немаат интернет дома, Македонски телеком донира 18.400 картички со 10гб интернет месечно на социјално загрозени семејства кои...
Охридските пчелари донираа мед и прополис на Општа болница Охрид
Post Views: 17 Стотина тегли со мед и пчелни производи донираа од здружението на пчелари на ЈЗУ Општа болница Охрид. Охридските пчелари со овој гест подарувајќи им здрава храна им искажаа благодарност на здравствените работници кои се грижат за здравјето на граѓаните во борбата со корона вирусот бидејќи тие се на првата борбена линија, информира Тони Јосифоски од здружението на пчелари Охрид. Тие што се вклучија донираа несебино кој кило кој две мед и прополис, а прозиводите ќе бидат доставени до инфективното одделение, додава Јосифоски. „Пчелните производи се здрава храна,...







