Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Сите ученици неможат да следат online настава во охридските основни и средни училишта

Post Views: 14 Во општините Охрид и Дебрца има основци и средношколци кои не можат да си дозволат следење на online настава. Причините се различни, учениците не можат да си дозволат компјутери, смарт телефони или интернет пристап и не се вклучени во вонредниот наставен процес. Повеќето од нив се од семејства во социјален ризик, но има и такви каде што родителите се немарни. Во Средното угостителско училиште Ванчо Питошески 15 проценти од нивните ученици немаат пристап до интернет за да се вклучат во вонредниот порцес на настава. Станува збор за 30 ученици од различни класови...

Продолжи со читање

13 лица дневно е бројот на земени брисеви за тестирање на корона вирус во охридскиот ЦЈЗ

Post Views: 14 На 10 до 13 граѓани од Охрид и Струга дневно им се земаат брисеви за тестирање од корона вирусот во центарот за јавно здравје. Брисевите се земаат од екипи максимално заштитени и во посебна просторија од понеделник до сабота, информираат од охридскиот центар за јавно здравје. Матичните лекари креираат упати преку опцијата Мој термин по направените анкети со пациентите според препораките на ресорното министерство, информира Сашо Точков, директорот на Центарот за јавно здравје.. „Пациентите кои што доаѓаат се по препорака од матичните лекари и се 10- 12...

Продолжи со читање

Кривична пријава заработи скопјанецот заболен од Ковид 19 кој го загрозил здравјето на вработени во охридски кабелски оператор

Post Views: 10 44 годишен скопјанец заработи кривична пријава за загрозување на здравјето на вработените во охридски кабелски оператор. Лицето допатувало во Охрид со цел да се самоизолира во својот стан откако го дознал својот статус на инфициран со корона вирус. Но пред да се стави во самоизолација отишол да си обезбеди приклучок на интернет и телевизија без безбедносна заштита, односно маска и нараквици, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. „Кривичната пријава е поднесена во моментот кога е констатирано дека тој излегол од неговиот стан во Охрид и се упатил кај кабелскиот...

Продолжи со читање

Новиот директор на општа болница врши реорганизација за да им се излезе во пресрет на сите пациенти да се примаат во услови на епидемија

Post Views: 15 Новиот директор на охридската болница, д-р Горан Балевски, интензивно работи на реорганизација на работата на Инфективното одделение. Денес на стручен колегиум е формиран Кризен штаб на општа болница и направен е протокол какви случаи ќе се примаат на лекување. Сите лекари ќе бидат маскимално заштитени и ќе се вклучат во поддршка на работата на трите лекари инфектолози. Инфектолозите од одделението според препораките на одделот за лекување да ги примаат сите пациенти од регионот без разлика дали им е утврден вирусот или не. По утврдување на состојбите ќе ги...

Продолжи со читање

Со втор сет мерки тежок 200 милиони евра владата ќе се справува со последиците од корона вирусот

Post Views: 15 Техничката влада го донесе вториот пакет финансиски мерки за справување со кризата во економијата поради коронавирусот. На денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски ги презентираше новите мерки тешки 200 милиони евра. Приватниот сектор ќе добие финансиска помош за исплата на платите на вработените за месеците април и мај, рече Спасовски. „Го донесовме вториот сет мерки за справување со кризата со консултација и суштинска дебата низ разговори со економски познавачи експерти и стопанственици.Со мерката 1 се предвидува финансиска помош за...

Продолжи со читање

Пациентите со забоболка ќе се лекуваат во итната стоматолошка служба при Здравствен дом

Post Views: 38 Охридските стоматолози од итната стоматолошка служба при Здравствен дом Охрид ќе ги лекуваат пациентите со забоболка по нов протокол за работа. Според новите протоколи во вонредни услови итните случаи ќе се лекуваат кај овие стоматолози по претходна консултација со матичните стоматолози, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. „Ќе објавиме на влезната врата на амбулантата и на вратите на сите приватни ординации пациентитет да го контактираат матичниот стоматолог и тој да одлучи ако има...

Продолжи со читање

Стручни лица треба да изготват протокол за делување на здравствените установи од четирите општини во регионов

Post Views: 17 Стручни лица, епидемиолози и инфектолози, ќе треба деновиве да изготват протокол за делување на здравствените установи од Општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца во справување со корона вирусот. Патеката на движење на заболените лица ќе мора строго да се придржува според протоколот за лекување кој треба да се изработи. На предлог на општинското координативно тело од Охрид градоначалниците од регионов одржаа состанок со раководителите на ЈЗУ и договараа план за регионализација и усогласување на процедурите за треман на потенцијални пациенти од КОВИД 19. „Тоа...

Продолжи со читање

Нова опрема за Библиотеката и Спортската сала во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 21 Јана, Андреа и Георгина од ОУ „Григор Прличев“ се вклучени во сликање на мурал во школскиот хол. Талентираните ученички од деветто одделение испраќаат силна порака преку ликовното творештво дека сите деца имаат право на образование. Со нивната дарба за сликање се дел од проектот „Редовно на часови“- Активно вклучување на ромите во образованието на Фондацијата „Чекор по чекор“.Со овие симболи за редовно посетување настава ние покажуваме на креативен начин покрај со реченица и мисла дека сите треба да ги почитуваме правата. За посета на часови нема граница на...

Продолжи со читање