Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Георгиески: По поразот во првиот круг фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако

Post Views: 163 По катастрофалниот пораз во првиот изборен круг во Охрид, фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако, кажа денеска на прес конференција, Кандидатот за градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески. Тој се осврна на повеќе моменти од досегашната кампања и обвинувања од страна на политичките опоненти. На критиката дека раздолжувањето на општината не било по заслуга на општината туку со пари од народот Георгиески со одговор до неговиот противкандидат Милошевски. „ Да, точно е дека тоа се народни пари. Сите пари се народни Митре....

Продолжи со читање

Донев: Со СДСМ и Константин Георгиески на власт Охрид тоне во безизлез

Post Views: 152 За СДСМ и Константин Георгиески посветеноста за проблемите на граѓаните е само лага пред избори затоа што откако ќе дојдат на власт забораваат на дадените ветувања, обвини Сашо Донев од говорницата на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција. „Охрид ги дочека гостите во сообраќаен хаос, раскопани улици, блокирани улици, тротоари, пешачки и велосипедски патеки. Урбаната опрема повторно поставена насекаде низ градот без никаков ред. Ништо од пријатно место за прошетка и одмор на туристите и граѓаните. Улиците и позначајните сообраќајници низ градот и понатаму...

Продолжи со читање

Милошевски: Заштита и промоција на културните особености и цивилизациските вредности на Охрид

Post Views: 149 Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне на прес конференција денеска се осврна на заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид, како дел од изборната програма За убав град. Милошевски најави проекти меѓу кои и поставување на типизирани тезги. „ Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено продажен простор во чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и нивна замена со досегашните тезги на строго определени локации...

Продолжи со читање

Хотелиерите посакуваат на охридската ривиера гости и со подлабок џеб

Post Views: 158 Субвенционирањето на државата во туризмот дава позитивни ефектки во последните 10 -тина години. Се пополнуваат сместувачките капцитети и во хотелите и во приватното сместување. Иако хотелиерите и угостителите се задоволни сепак посакуваат на охридската ривиера и гости со подлабок џеб. „ Прилив на повисока класа на гости, но тоа зависи од околината, од хигиената, добрата патна инфраструктура, паркови и зеленило, искористување на водниот сообраќај се во насока на зголемување на бројот на квалитетните гости. Сите тие работи од година в година се подобруваат, па дури...

Продолжи со читање

За Велигденските празници хотелите се со исполнат капацитет на охридско – струшкото крајбрежје

Post Views: 250 Доколку по утрото се познава денот, а по посетеноста на гостите за Велигденските празници тогаш угостителите од охридско – струшкото крајбрежје може да бидат задоволни. Не очекува одлична туристичка сезона, информира задоволно Крсте Блажески претседателот на Хотам. Блажески додава, заинтересираните тешко доаѓаат до празно место, капацитетите се полни. „ Имаме гости од Грција ,како поголема бројка, нешто има и домашни туристи. Има гости и од околните земји, од Албанија, Бугарија, Србија, но имаме и гости од Израел. Кружни тури од Турција кои се поклопија со...

Продолжи со читање

Се одржа Велигденскиот базар на плоштадот Крушевска Република

Post Views: 155 На охридскиот плоштад Крушевска Република се одржа традиционалниот Велигденски базар.По шести пат пред големиот христијански празник Велигден се одржува манифестација на која може да се почустуваат духот на традицијата и обичаите од охридското поднебје поврзани со прославата на овој празник. За овогодишната организација на Велигденскиот базар се погрижи ЈП „ Градски пазар“, а со поддршка на Локалната самоуправа. В.Д. Градоначалникот Константин Георгиески беше во обиколка на големиот број штандови каде што беа изложени изработки од охридски занаетчии и сувенири од...

Продолжи со читање

Основното училиште „Христо Узунов“ го одбележува патрониот празник

Post Views: 181 Основното училиште „Христо Узунов “ го одбележа патрониот празник и 114 години од херојската смрт на охридскиот војвода. Како што се гордееме со животот и делото на нашиот патрон Узунов така сме горди и на успесите кои ги постигнуваат нашите ученици под раководство на нивните ментори , нашиот наставен кадар, вели по тој повод Оливија Пирузева Јанева директор на ова ОУ. „ Не само во минатата година туку скоро 44 децении , колку што постои нашето училиште. Продолжуваме во континуитет со нашите успеси, пред се со успесите на нашите ученици и наставниците, она што е...

Продолжи со читање

Охридскиот бербер Неат Алим Шогун освои трето место на Саемот за мода, фризура и убавина

Post Views: 215 Трето место од стручното жири за охридскиот бербер Неат Алим Шогун на „ Саемот за мода, фризура и убавина 2019 што се одржа во Скопје.  Охриѓанецот  Неат Алим познат и како Шогун, по името на неговиот салон, постигна уште еден успех во категоријата машко потстрижување во силна конкуренција од 54 машки фризери. Шогун не го крие задоволството од големиот успех и открива кој е клучот на професионалниот успех. „ Клуч на успехот е да се посветиш на занаетот, да ја сакаш својата работа. Секој кој има желба може да стане добар фризер, бербер. Ние како бербери ги пратиме...

Продолжи со читање

Започнаа теренските проверки и вакцинации во охридските училишта

Post Views: 199 Вакциналните служби ја започнаа реализацијата на наредбата од Министерството за здравство за спречување на епидемијата од морбили која е прогласена во земјава. Се прават проверки во вакциналните картони во службата за вакцинации , но и теренски активности во охридските основни училишта за учениците до 14 години, информира д-р Соња Мариноска,раководител на службата за вакцинации. Денес, вакциналниот тим беше на терен во ОУ„ СВ Климент Охридски“ каде што проверките протекоа во најдобар ред, а за тоа приодонес имаа директорот на училиштето Наташа Танеска и родителите....

Продолжи со читање

Пчеларите апелираат внимателно со употреба на инсектициди

Post Views: 168 Пчелите се помалку ги има во овоштарниците во фаза на цветање и опрашување на дрвата. Одгледувачите на пчели постојано се соочуваат со грижи за опстанокот на пчелите. Сега стравуваат за безбедноста на пчелните семејства по сознанието дека на македонскиот пазар годинава го нема инсектицидот Маврик. Овој хемиски препарат не е штетен за пчелите за разлика од други видови на инсектициди кои ги користат овоштарите во фаза на цутење на овошките. Пчеларите, стравуваат доколку овоштарите применат други препарати може да доведат до помасовно угинување и ќе го загрозат опстанокот...

Продолжи со читање

Георгиески : Охридските советници имаа успешен 4-годишен мандат

Post Views: 159 „Рационални одлуки, дискусии и меѓусебно почитување го одбележаа функционирањето на градскиот Совет во текот на изминатите 4 години“, истакна градоначалникот Константин Георгиески на денешната свечена седница по повод завршување на мандатот на советот.Донесовме одлуки за формирање на Јавно претпријатие, решавање на проблемите со колекторскиот систем, многу одлуки во интерес на граѓаните. Честопати знаевме да изградиме и консензус како опозиција и власт. Поминавме турбулентен период за градот, но турбулентен и за мене како личност, почнав како советник, завршив...

Продолжи со читање

Нанче: Изградба на меморијален центар на културите во Охрид

Post Views: 320 На денешната прес-конференција Михаил Трендафилов- Нанче кандидат за градоначалник на Охрид, од редовите на Граѓанско Демократска Унија уште еднаш во својата кампања се наврати на темата за Али Пашината џамија за која вели дека била еден од мотивите да се кандидира за градоначалник. Охрид е симболот на Македонија. Не смее да се обележуваат територии со градење на 32 метарско минаре, со една единствена цел демонстрација на моќ, посочи Нанче. „ Јас имам решение за проблемот, изградба на меморијален центар на културите. Јас и партијата што ме поддржува немаме ништо...

Продолжи со читање