Автор: Валентина Неловска
Post Views: 17 Се почитуваат препораките за работа и живеење во овие вонредни услови и во руралните средини кои ги опфаќаат општините Дебрца и Вевчани. Градоначалниците на двете општини Зоран Ногачески и Сашо Јанкоски, информираат дека се преземени сите мерки за заштита на населението од корона вирусот и во нивните рурални општини. Јавните површини во двете општини се дезинфицирани, упатени се апели до жителите како да се однесуваат во овие вонредни услови на живеење. Засега жителите ги почитуваат мерките за самоизолација, и ограничување на движењето на старите лица. Во општина...
Во Охрид регистриран нов случај на заболен од Ковид 19
Post Views: 22 Регистриран нов случај на заболен од коронавирус во Охрид. Охриѓани стравуваат за состојбата на медицинскиот персонал од одделението за трансфузиологија. Во државава 12 проценти од потврдените случа на заболени со КОВИД 19 се медицински лица што е загрижувачко. Од Центарот за јавно здравје информираат дека пред два дена зеле брисеви од персоналот од ова одлденеи кое без да знае биле во контакт со заболено лице со Ковид 19. „Вчера беа тестирани тие лица и други лица кои беа упатени од матичните лекари. Резултатите ги очекуваме и не знаме какви се. Се надевам дека...
ЈП Комуналец секојдневно ги дезинфицира градските и приградските улици, тротоари , паркинзи
Post Views: 15 Секојдневно се дезинфицираат градските и приградските улици со две цистерни, информира Стевчо Маслов ОД ЈП Охридски Комуналец. Во вонредни услови, според програмата за работа градот е поделен на 4 зони и покрај улиците се прскаат тротоарите, паркинзите, игралиштата, автобуските постојки. Денес се прскаа Кејот, Чаршијата, населбите Билјанини извори и Гоце Делчев, селата Косел и Вапила. Имаме за прскање по две села во програмата секој ден. Користиме дезинфекционо средство Дизентал кое го имаме во доволни количини , кажува Маслов. „Тоа е концентриран раствор се...
Во вонредни услови започна да функционира за сите училишта првата националната програма за далечинско учење
Post Views: 18 Од денес започна да функционира за сите училишта националната веб платформа за образование. Досега, наставницте од средните и основните училишта изведуваа интернет настава индивидуално прилагодена секој како знае и умее. ТВМ Телевизија ги контактираше директорите на неколку основни и средни училишта како ќе се одвива наставната програма и отценувањето на знаењето на учениците во овие вонредни услови. Сите ги очекуваат препораките на МОН и Бирото за развој на образованието. „Размислуваме да одржиме наставен совет преку on -line платформата и ќе ги слушнеме...
Не е загрозено снабдувањето со крвни деривати по затварање на одделот за трансфузилогија во Охрид
Post Views: 16 Службата за трансфузиологија во Охрид целосно е преземена од одделението кое што се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Трансфузиолошкото одделение во Охрид е затворено. Епидемиолозите одлучиле 10 мината вработени лекари, медицински и помошен персонал од одделението да бидат во домашна изолација. Иако сите вработени не биле во директен контакт со пациентот кој подоцна бил дијагностициран со Ковид 19 се наоѓаат дома, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека во моментов во Охрид има доволно единици крв...
Граѓаните кои не ги платиле сметките за струја нема да бидат исклучени од електричната мрежа
Post Views: 17 ЕВН Македонија нема да ја исклучува струјата на граѓаните кои не ги подмириле сметките за потрошена енергија, уверува Атанас Ковачески портпарол на компанијата за снабдување со електрична енергија. ЕВН ќе ги следи препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика и ќе ги преземе сите мерки за спречување на корона вирусот и ќе ги заштити и корисниците и своите вработени, вели Ковачески. „Никој не треба да биде загрижен за дистрибуција на електричната енергија и одржувањето на системот за дистрибуција. Тоа е работа на ЕВН. Снабдувањето со електрична...
Во охридскиот центар за јавно здравје земени материјали за скрининг тестови на 5 лица
Post Views: 17 Центарот за јавно здравје утрово започна со скрининг тестови кај пет лица за Ковид 19. Брисевите се земаат од грло и нос од страна на стручни лица од центарот соодветно опремени за оваа постапка, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. „На пациентите кои претходно преку матичниот лекар добиле термин за да се изврши таа услуга доѓаат во центарот. Сите пациенти кои сметаат дека треба да се тестираат имаат симптоми или имале ризичен контакт треба да се јават кај матичниот лекар по телефон за да ги остават потребните податоци и да ја спроведат анкетата. Матичните лекари...
Двајцата охриѓани заболени од корона вирус засега се на домашно лекување
Post Views: 17 Двајцата охриѓани кај кои е потврдено постоењето на вирусот Ковид 19 се наоѓаат на домашно лекување. Тие засега се со лесна клиничка слика и не се сместени во болнички оддел при инфективното одделение, информираат од ЈЗУ Општа болница. Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека инфектолозите од општа болница телефонски контактираат два пати во текот на денот со заболените и го следат текот на нивната здравствена состојба. Славица Малеска Стојадиновиќ, директор на ЈЗУ Општа болница за ТВМ Телевизија информира дека нивната установа постапила по насоките и...







