Автор: Валентина Неловска
Post Views: 21 Охридските производители на храна и пијалоци ќе ја промовираат локалната гастрономија. Поголема промоција се овозможува со конвивиумот на SLOW FOOD организацијата на Македонија. Досега нашиот регион е познат само по автохтоната Охридска пастрмка, а гастрономската понуда може да е многу поголема, информира професор д-р Ангела Крстаноска Пјачели, која активно е вклучена во македонската SLOW FOOD организација која брои 10 конвивиуми и 3 президиуми. Од големата палета на локални производи ги наведува охридските цреши и праски, домашната зимница, ѓомлезето, домашниот...
Баба Надежда Герасмова доби пакет со намирници од волонтерите на ОО ЦК
Post Views: 18 96 годишната охриѓанка Надежда Герасимова доби домашна достава со пакет производи од ОО ЦК. Волонтерите денес го посетија нејзиниот дом, но и на останатите лица кои се обратиле до членовите на оваа хуманитарна организација преку телефонската линија за помош. Со давање помош на ранливата категорија сограѓани волонтерите започнаа од 10 март, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. „Оваа недела имавме повици. За два дена имавме опслужено 48 луѓе од социјален ризик кои седат дома, не излегуваат, им ги носиме дома потребните намирници , лекови и средства за...
Наставничката Петковска одржува настава со своите ученици од дома
Post Views: 24 Виолета Петковска, професор по одделенска настава од 0У Кочо Рацин, одржува настава со своите ученици од дома и во овие вонредни услови. Наставата лице во лице од нашата училница секако, многу ми недостасува и мене и на моите 16 второодделенци, но замена имаме со користење на ИТ технологијата, објаснува Петковска. За да не се изгуби наставниот процес Петкоска потенцира, дека наставникот сам одлучува во изборот каква и која алатка им одговара на учениците во зависност од возраста, од наставните предмети и наставните програми. Денот ми започнува со снимање видео и...
Сеуште има такси компании кои возат не ги дезинфицирале возилата
Post Views: 23 Некои такси компании сеуште вршат јавен превоз со недезинфицирани такси возила. Додека поголемите превозници од јавниот превоз како автобуси, минибуси и комбиња во Охрид и Дебрца извршиле дезинфекција на возилата, некои сопственици на такси компаниите одолговлекуваат со почитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Од Центарот за јавно здравје, како единствено овластена институција, кажуваат дека од пред неколку дена ги контактирале нивните служби, такси компании и побарале услуга за дезинфекција на возилата, информира Сашо Точков,директор...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец кој не ја почитувал мерката „здравствен надзор и домашна изолација“
Post Views: 15 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен охриѓанец со иницијали А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Полициските службеници вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се приддржува кон мерките за 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „ Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на...
Продолжен мораториумот за градење
Post Views: 15 Со 17 гласови ЗА , Советот на Општина Охрид едногласно ја донесе одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации, како и за времен прекин на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Советниците со тоа го продолжија мораториумот за градење до 01 октомври 2020 година. „И покрај вонредната состојба со епидемијата , градот мора да функционира и да се носат одлуките кои се од витално значење за Охрид. Една таква одлука е продолжувањето на мораториумот за градење. “ – кажа...
Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош
Post Views: 29 Граѓаните деновиве многу почесто од вообичаено го вртат бројот на Итната медицинска помош. Зголемениот број на повици се однесуваат на здравствени проблеми од кои граѓаните креваат паника, вели д-р Ајсел Зејноска, директорот на Здравствен Дом. „Дуплирани се повиците затоа што граѓаните паничат викаат за обична настинка, зголемена температура, вртат на 194, тимовите на итна медицинска помош се должни да дојдат на повик, ги смируваат пациентите. Апелирам да сите да се смират, трезвено да се придржуваат на сите препораки на министерството за здравство и се ќе биде...
Околу 150 припадници на МВР и Армијата се ангажирани за обезбедување на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа
Post Views: 19 Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешани работи инфромира за 14 нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа . Тие се обиделе да ги напуштат Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност и биле спречени од полицајците кои го обезбедувале реонот. „Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје....







