Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Стружанчиња спасени во езерските води во вчерашното невреме

Post Views: 152 Три малолетни деца се спасени од давење во вчерашното невреме кое е ја зафати Струга.   Стружанчињата пред хотел Дрим изнајмиле педалинка која подоцна ја зафатило силно невреме. Децата под налетот на силниот ветар ја загубиле контролата врз  педалинката која била носена кон  албанските територијални води.„ Со патролен чамец езерската полиција изврши пребарување на езерскиот  квадрант каде се забележани трите  малолетници. Во педалинката  на оддалеченост на 1, 5 km  од езерскиот брег наспроти хотел Бисер. Во разговорот  со полициските службеници   трите малолетници ...

Продолжи со читање

Најмногу интегрирани еколошки дозволи издадени за живинарски фарми и бетонски баз

Post Views: 178 Во првото тромесече од оваа и мината година Oдделението за заштита и влијание врз животната средина при ЛС издало шест интегрирани еколошки дозволи. Една Б- ИЕД е издадена за леарница за леење на обоени метали, една за каменолом за експлоатација на минерална суровина варовник, две за бетонски бази и две за живинарски фарми. Б интегрирани еколошки дозволи се издадени за Леарница ДООЕЛ Охрид, АД Гранит бетонска база с.Косел , ГД Гранит каменолом Рашанец, Бетонска база Лавче ,с.Косел,живинарска фарма Лита, с.Горно Лакочереј, живинарска фарма Вапилица ,с.Вапила Охрид,...

Продолжи со читање

Нов начин во функционирањето за општинската администрација најавува во изборната програма Митре Милошевски

Post Views: 135 Воведување на низа мерки во работењето на општинската администрација за позадоволни граѓани, најавува во изборна програма Митре Милошевски кандидат за градоначалник од Вмро Дпмне. Милошевски, најави на денешната прес конференција поголема ефикасност и услужност на локалната администрација кон граѓаните. „ Општинатa ќе биде поотворена и ќе работи за граѓаните. Со нови начини на организирање на работата, навремени реакции, достапност и услужност за граѓаните ќе направиме ефикасна и модерна Општина. Кој прв ќе дојде, тој прв ќе добие услуга. Воведување антикоруптивна...

Продолжи со читање

Поправката на трите делници во регионов ќе биде завршена пред главната туристичка сезона

Post Views: 155 Трите делници во охридско – струшкиот регион на кои се изведуваат поправки ќе бидат предвреме завршени, најави Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта кој денес беше во обиколка на регионов. Работите ќе бидат завршени два месеци порано од планираниот рок во проектот пред почетокот на главната туристичка сезона, рече Китанов. За рехабилитација на овие делници ќе бидат потрошени над 180 милиони денари буџетски средства од ЈП Државни патишта. Во моментов се работи на сите три, а рехабилитацијата на Булевар Туристичка во должина од 5,6 км од двете страни...

Продолжи со читање

Сава Осигурување АД Скопје нуди палета од неживотни осигурувања

Post Views: 427 Словенечката групација Сава Осигурување АД Скопје нуди палета од неживотни осигурувања за физички и правни лица. Сашо Дракулески, Генерален директор на Сава Осигурување АД Скопје,вели за да бидат што подостапни до клиентите и компаниите отвораат нова канцаларија каде што ќе го купуваат ризикот од незгоди за во несакани ситуации да ги покријат разните видови настанати штети. „ Граѓаните икомпаниите може да купат секаков вид на неживотно осигурување од возила, за физички лица, автоодговорност, каско, домаќински осигурувања, патнички осигурувања, за фирмите осигурување...

Продолжи со читање

Започнува процесот на раздолжување на Општина Охрид

Post Views: 153 Советот на општина Охрид со 12 гласа за, 8 против и еден воздржан го усвои извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година. Со помош на Владата, почнуваме со реализација на процесот на раздолжување на општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус , изјави вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески. „ Општината ќе го намали вкупниот долг за 948.023.989,оо денари или за 15.400.000 евра од кои над 495 милиони „ денари...

Продолжи со читање

Гордана Силјаноска Давкова на плажа вежбаше јога заедно со охриѓани и стружани

Post Views: 171 Само што официјално започна претседателската кампања, Гордана Силјановска Давкова, денеска, на плажа во Охрид медитираше јога. За неа јогата не е бегство од реалноста туку потреба за справување во конфликтната реалност.„ Јогата не е спорт, не е хоби туку филозофија. Во јогата телото и духот може да се сретнат. Живееме во немир, а источњачките народи полесно се справуваат со проблемите на денешницата. Кога е во прашање јогата во европските училишта се воведува јога во наставата, во фирмите и компаниите. Јогата е комуникација со себе и другите, размен на позитивна...

Продолжи со читање

Во ОУ „Ванчо Николески“ се одбележаа денот на шегата и денот на акцијаштвото. Во ОУ „Ванчо Николески“ се одбележаа денот на шегата и денот на акцијаштвото

Post Views: 143 Основците од Ванчо Николески од Лескоец го одбележаа Први април денот на шегата и денот на акцијаштвото. Учениците на настанот му дадоа и сериозен еколошки дух. Од рециклирани гуми изработиле декоративни и корисни предмети кои го красат училишниот двор. Учениците членови на акцијашкиот клуб Брег на младоста одлучиле денешниот ден да го одбележат со акцијата „Гумата не гори ја, за украс обои ја“ упатувајќи порака дека промените стартуваат од себе, од својот двор, од својата околина. „На тој начин сакавме да покажеме дека треба да се грижиме за местото во кое учиме...

Продолжи со читање

Константин Георгиески ја стартува изборната кампања за градоначалник на Охрид

Post Views: 172 Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во своето прво обраќање пред охриѓани потсети на пријателството, спомените и заложбите на Јован Стојаноски кој прерано замина од градоначалничката функција. Почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно за доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, истакна Георгиески кандидат за градоначалник на Охрид. Мојата предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за...

Продолжи со читање

Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза

Post Views: 156 Стабилна политичка состојба за подобри резултати на македонската берза, беше една од пораките која се упати од 20 годишната конференција на АД Македонската берза. На конференцијата учествуваше и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , а се обратија и извршниот директор на АД Македонска берза, Иван Штериев и директорката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Нора Алити. Македонската берза и пазарот на капитал се значаен дел од економското функционирање на нашата земја и се исклучително важни за раст и...

Продолжи со читање

Жители од населбата Исток реагираат надлежните дозволуваат да се гради куќа со спорна висина

Post Views: 146 Во населбата Исток која се наоѓа над х.Гранит се гради куќа која го попречува видикот на Охридското Езеро на три семејни куќи, реагираа на прес конференција Алан Роу, англиски државјанин и Данчо Аврамоски од Охрид. Тие упатија обвинување за урбан хаос, со кој надлежните институции дозволиле без правосилно и конечно решение пред нивните домови да се гради објект со висина од 13,5 метри. Во мај минатата година, жителите чии имоти се загрозени од нелегалната градба, вложиле приговори на решението за реконструкција и доградба издадено од секторот за урбанизам. Се жалеле...

Продолжи со читање

Субвенции за енергетска ефикасност и купување на печки на пелети по изборите

Post Views: 235 Со буџет од 50 милиони денари Министерството за економија ќе ја поттикнува енергетска ефикасност на домаќинствата, за вградување на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, како и за купување на печки на пелети.Ресорното министерство има на располагање пет милиони денари за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата. Предвидено е да се надоместува до 30% од вредноста и не повеќе од 15.000 денари. Со 25 милиони денари ќе се субвенционираат дел од од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски...

Продолжи со читање