Автор: Валентина Неловска
Post Views: 307 Занаетчиите не ангажираат калфи да учат занает. Иако од пред 4 години занаетчиите добија таква можност со новиот закон за занаетчиство. Законот во пракса за овој временски период се покажа многу лош и неприменлив, вели Сашо Богоески, претседател на регионалната комора од Охрид. Занаетчиите во тешка економска состојба имаат голем број давачки кон државата, а за да ангажираат калфи се соочуваат со нов дополнителен издаток. „ Има револт кај занаетчиите. Заради давачките ниеден занаетчија не е подготвен да одвои 6000 денари месечно за изучување на калфите во занаетската...
Пријавена е епидемија на морбили во Струга
Post Views: 171 Епидемија на морбили е пријавена во Струга поради зголемена појава на заразната болест, информираа од Центар за јавно здравје во Охрид. Кај 24 лица е дијагностицирана заразната болест морбили. Сите заболени, до сега, се со лесна клиничка слика.Тука се вклучуваат и 6-те деца помали од 12 месеци, кои не се вакцинирани. Од Центарот веднаш доставиле пријава, а веќе од денес е приајвена асена епидемиолошка состојба. Eпидемиологот, Јованка С. Коровешоска упатува апел до родителите. „Родителите од Струга треба да ги вакцинираат децата и да се придржуваат до вакциналниот...
Продолжува дивеењето со подметнати пожари, потфрлаат надлежните институции
Post Views: 162 Нови пожари опустошија површини во близина на Хидробиолошкиот институт, населбата Св. Стефан и во Подмоље. По пожарите во Андон Дуков и на струшкото крајбрежје, каде што подолго време се пали трска, сега горат површини со нискостеблести растенија и на охридскиот дел. Охридските екологисти ги осудуваат ваквите опожарувања со кои се уништува природата. Борис Џајкоски, член на претседателсвото на ЕД Грашница и Еколошкото движење на Македонија, од името на екологистите повикува на совест кај граѓаните,но и на совесно работење на институциите за кои се надлежни. Џајкоски...
Се подобрува оралното здравје кај охриѓани
Post Views: 164 Се подобрува оралното здравје кај охриѓани. Резултати дава националната стратегија за подобрување на оралното здравје која се применува во зeмjава. Таа има за цел спречување на кариесот и други орални заболувања, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. Стоматолозите по превентивна детска стоматологија прават редовни систематски прегледи на охридските ученици од основните и средни училишта. При тоа вршат залевање на здравите заби, ги едуцираат децата и родителите како правилно да се одржува...
Одделенскиот наставник Маре Ѓоргиоска од ОУ Григор Прличев е избрана меѓу 9те најуспешни македонски наставници
Post Views: 197 Маре Ѓоргиоска, одделенски наставник од ОУ „ Григор Прличев “ е избрана меѓу 9те најуспешни македонски одделенски наставници. На конкурсот на фондацијата Отворено општество во изборот на тема „ Успешни наставници за добри наставни пракси“ Ѓоргиоска го доби второто место. Таа е одделенски наставник во Прво 4 и во своето 34 годишно работно искуство за прв пат сосема случајно учествувала на еден ваков конкурс. Поттикната од својата помлада колешка Ивана Маховска учествувала на повикот од фондацијата. Наградата и претставува голема сатисфакција во долгогодишната кариера...
Во Законот за потрошувачи во тек се законски измени согласно европските прописи
Post Views: 150 Во Министерството за економија се “крчкаат“ нови законски решенија во Законот за потрошувачи. Во подготовката на измените се вклучени стопански комори, организации на потрошувачи, експерти од различни области, државни институции и институции од Советот за заштита на потрошувачите на ниво на Влада, информира Мaријана Лончар од ОПМ. Со најновите измени се очекува купувачите да добијат поголема заштита како потрошувачи, да се регулира пласманот со квалитетни производи од бела техника на домашниот пазар „Регулативата е променета. Директивата за нечесна пазарна го предвидува...
Нема општински пари за кофинансирање на концерти во екот на туристичката сезона
Post Views: 197 Повеќе нема пари од буџетот на општината за финансиска поддршка на концерти во екот на туристичката сезона. Охридските советници на последната седница едногласно одлучија повеќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти и јавни настани во периодот од 15 јули до 15 август. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори” , а не беа во насока на продолжување на туристичката сезона за што се залага општина Охрид, изјави в.д градоначалникот Константин Георгиески...
Со „ Гравири- 40 години отпосле“ се одбележаа 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски
Post Views: 159 Промовирана збирката поезија „Гравири- 40 години отпосле“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Промоцијата на репринт изданието на „ Гравири- 40 години отпосле“ се организира по повод 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски. Во 1979 година од високо од родното Велестово, Галичица и Петрино , Славе Ѓорго Димоски се вивна во светската поетска елита. Денес, стиховите на Славе Ѓорго Димоски се дел од многу поетски антологии, а е и најпреведуваниот македонски поет на 30 светски јазици. За збирката поезија беседа одржа професор д-р Димитар...
Родниот град го одбележа двојниот јубилеј на макодонскиот преродбеник Кузман Шапкарев
Post Views: 211 Општина Охрид и НУ Библиотека „ Григор Прличев“ организираа одбележување на двоен јубилеј -185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев. Шапкарев е роден во Охрид во 1834 година,а умира во Софија на 18 март, 1909 година. За новите факти за животот и делото на познатиот македонски преродбеник, охриѓанецот Кузман Шапкарев, зборуваа професорката Татјана Дурнева и проф. д-р Томе Груевски. Професорката Дурнева истакна дека првите запишани македонски народни умотворби датираат од 14 век. 19 век е периодот на романтизмот и културната преродба во Македонија...
Несовесни граѓани крадат вода од градската водоводна мрежа
Post Views: 156 Службите на МЈП Проаква заедно со комуналните инспектори од Локалната самоуправа откриваат нелегани приклучоци на вода. Диви приклучоци на градскиот водовод има во разни делови од градот. Несовесни граѓани избегнуваат легално да се приклучат на системот за водоснабдување и вршат кражба на водата од градската водоводна мрежа, информираат од МЈП Проаква. Досега се поднесени 10 тужби за кои се води постапка пред надлежниот Основен суд. „Жално е што сеуште има гараѓни кои на своја рака си направиле диви приклучоци и не се евидентирани кај нас. Но службите за контрола...
Охридските крводарители добија плакети и благодарници
Post Views: 203 Охридскиот кровдарител Борче Матески е добитник на плакета од ОО ЦК за 50 пати дарувана крв. Матески е крводарител од својата 16 година. Тој порачува крводарувањето е хуман чин со кој се спасуваат човечки животи , а тоа нема цена. „Веќе 40 години дарувам крв повеќе од 50 пати. Чувството е големо и хумано. Се молам да имаме здравје и ние што даруваме крв и на тие што се болни и им е потребна крв“, вели Матески. Порачува младите да се вклучат во хуманото семејство на крводарители затоа што никој не знае кога ќе има потреба од оваа скапцена течност за луѓето“. ОО...
Во Охрид и Дебрца има аларамантен пораст на пожари во првите три месеци од годинава
Post Views: 227 Се бележи загрижувачки пораст на пожари во Охрид и Дебрца. Охридските пожарникари во првите три месеци од оваа година имале 137 интервенции кои завршиле успешно. Големиот број на интервенции во првото тромесечие од 2019 год. се највисоки во последните 14 години. Во најголем број пожарите се резултат од невнимание и непочитување на законските одредби, информира Спасе Прентоски командир на охридската ТПЕ. Неодговорно се палат стрништа на земјоделски површини во селата во Дебрца за време на викендите, а продолжува и немарноста на граѓаните за редовно чистење на оџаците...