Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во Охрид побарувачката на станови бележи пораст, а во соседна Струга е во опаѓање

Post Views: 12 За купување стан во Охрид на прва крајбрежна линија купувачот ќе плати и до 1500 евра за метар квадратен , а во Струга 800 евра. Агенциите за недвижности во двата соседни града имаат различна понуда и побарувачак ,а со тоа и движење на цените на пазарот на недвижности. Наташа Спасеска Цветкоска, од охридската Агенција за недвижности Капитал, информира дека иако понудата на станови е во опаѓање побарувачката на недвижности се зголемува. Според таквите движења на пазарот цената во Охрид бележи пораст и до 20 посто. Цените на недвижностите во изминативе години...

Продолжи со читање

На Преспанското Езеро му се заканува катастрофа доколку не почнат разумно да се користат неговите води

Post Views: 17 Критична е состојбата на Преспанското езеро со намалување на нивото на водата не само во последниве месеци туку во последнава деценија, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт. Бесмислица и не точна е последната информација дека Охридското Езеро истекува од месноста Казан пред с. Стење. За намалувањето на водостојот покрај сушата виновници се и земјоделците од двете страни на езерото со исклучок од албанската страна. Земјоделците ги користат водите за наводнување на своите овошни насади од двете страни на езерото . „Виновници сме ние и Република...

Продолжи со читање

Тројца учесници во сообраќајот настрадале на некој од кружните текови во Охрид

Post Views: 14 Се подобрува сообраќајната безбедност и се зголемува протокот на возила на Булевар Туристичка по воведувањето на кружните крстосници, информира Стефан Димоски портпарол на СВР. Додава дека се бележи континуиран пад на бројот на случени сообраќајни несреќи меѓу моторните возила и другите учеснци во сообраќајот во близина на кружните раскрсници. Во првите два месеца од оваа година, во и околу раскрсниците со кружен тек на сообраќајот, на Туристичка, евидентирани биле три сообраќајни несреќи во кои двајца пешаци и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни...

Продолжи со читање

Вмро Дпмне: И понатака се депонира градежен шут и ѓубре на Мауцкер

Post Views: 19 Власта на СДСМ се однесува несериозно кон животната средина и создава депонија на Мауцкер и не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. Локалната власт на СДСМ секојдневно депонира градежен шут и ѓубре на локацијата Мауцкер, иако тоа е забрането, обвинуваат од ОК Вмро Дпмне. Прашуваат зошто и покрај забраната и спротивно на законите повторно се одлага ѓубре на Мауцкер. „Зошто распишавте тендери и потрошивте милиони, а сликата од Мауцкер го кажува спротивното? За жал вистината е дека останаа само лажните изјави дека наводно е отстрането ѓубрето....

Продолжи со читање

Ќе се изготвува Стратегија за развој на туризмот во општина Охрид

Post Views: 18 Градот ќе работи Стратегија за развој на туризмот која треба да ги вклучи сите субјекти кои учествуваат директно или индиректно во развојот на туризмот. Последното истражувања за сликата на туристичкиот импакт во Охрид не е многу поволна. Ова го покажа стручната анализа изработена од тимот професори од ФТУ. Меѓу економските показатели еден од најпоразителните факти е податокот дека иако расте бројот на посетители во земјава опаѓала сумата од потрошувачката на пристигнатите гости. Со стратешките насоки градот треба да избира каков туризам ќе развива масовен или...

Продолжи со читање

Граѓаните габаритниот отпад може да го пријавуваат на еко линија

Post Views: 14 Се загадува животната средина и се расфрла секаков вид дотараени електрични и електронски апарати, а постои можност да бидат бесплатно подигнати од домовите. Лиценцираното друштво за управување со отпад „Нула отпад“ ги собира габаритни непотребни електронски и електрични предемети како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството. Пријавувањето е на Еко-линијата 070 23 60 00 информира Билјана Костадинова маркетинг агент од оваа компанија. Компанијата паралелно работи на едукација за подигнување на еко свеста кај граѓаните , но сепак има грешки заради...

Продолжи со читање

Општина Дебрца со над шестотини илјади евра ќе ја подoбрува локалната патна инфраструктура

Post Views: 16 Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески. „Ние веќе имаме аплицирано со еден проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести“.   Општината...

Продолжи со читање

Ридот над Чекоштина секојдневно се затрупува со разни видови отпад

Post Views: 17 Разни видови отпад се растовараат и се затрупува шумата на ридот Чекоштина. Со тоа продолжува да се загадува природата и животната средина во овој пригардски дел од градот каде што живеат околу 100 тина семејства . До загaдувачите не допираат поставените табли со натписи кои укажуваат на еколошката свест до несовесните кои се ослободуваат од отпадот на крајно несоодветни места како што е шумата, вели екологистот Ванчо Стојаноски. „Инспекторите многу добро знаат како ефикасно и ефтино да го решат проблемот. Со поставување на мала камера која ќе следи 24 часа....

Продолжи со читање