Автор: Валентина Неловска
Post Views: 19 Над 120 охриѓани ја примиле третата доза на вакцина по препорака на Националната комисија за имунизација, информира д-р Соња Мариноска, раководител на Службата за здравствена заштита на деца и младинци. Бустер доза може да примат граѓаните кои пред три месеци се имунизирале со кинеските вакцини, а по шест месеци лицата кои примиле вакцини на Спутник, Фајзер и Астра Зенека. На трета доза со вакцината Фајзер се одлучиле граѓани над 50 години, а меѓу нив има лица од различни професии меѓу кои и вработени во образование и здравство. Оваа бројка на имунизирани лица...
Во регионов инфективен оддел има само Општа болница Охрид
Post Views: 21 Инфективен оддел за лекување на пациенти од различни видови инфективни болести има само во охридската болница. Голем број на пациенти од целиот регион добиваат медицинска помош при потешки здравствени компликации од сезонски грип или вирозни и во лето и во зима. Она што загрижува е што на инфективното одделение болничките услови се лоши. Објектот каде што е сместено одделението е многу стар иако овде се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти годишно. Располага со 6 соби и капацитет за лекување од околу 20- тина пациенти. Медицински се згрижуваат пациенти од Охрид,...
Одбележани 76 години од смртта на охридскиот револуционер од НОБ Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход
Post Views: 26 ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца , претставници од ЛС , почитувачи на борците за слободна на Македонија од НОБ им одадоа почит на револуционерот Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход во 1944 година. Се одбележаа 76 години од двата настани , од смрта на Андон Дуков и изведувањето на Февруарскиот поход. „Борбата зеде бројни жртви пред кој ние се поклонуваме и чие дело го славиме. На овој ден им оддаваме почит за нивната пожртвуваност, храброст, борбеност, истрајност и визија. Без почит кон минатото нема просперитетна сегашност ни подобра иднина....
ЈП Градски пазар врши продажба на метални тезги
Post Views: 25 ЈП Градски Пазар Охрид, врши продажба на расходовани метални тезги, поставени на отворениот Зелен Пазар на Бул. Туристичка бр. 79. По Одлука на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-117/7 од 14.02.2020 година, ЈП Градски Пазар ќе врши оттуѓување на расходовани метални тезги и тоа:-Комплетни метални тезги за расходовање по цена од 2.000,00 денари/парче -некомплетни метални тезги за расходовање по цена од 10,00 денари /кг Продажбата ќе се врши од 02.03.2020 до 06.03.2020 година , во стариот отворен Зелен Пазар од 08.00 до – 14.00 часот
Oдбележана годишнината 145 години од раѓањето на Кирил Прличев
Post Views: 38 Се одбележаа 145 години од раѓањето на Кирил Прличев револуционер, новинар, писател, преведувач. Во Прличевата одаја на НУ Библиотека Григор Прличев се одржа историски час за неговото општествено и револуционерно дело посветено на самостојноста на македонската државност. Денешното одбележување на годишнината од раѓањето на синот на охридскиот Хомер, големиот охриѓанец Григор Прличев, во организација на општина Охрид. За неговата општествена дејност осврт даде Живка Ангелоска, претседател на Советот на Охрид. „ Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер,...
Природни реткости крие блатното езерце Сино Дувло во Белчишкото блато
Post Views: 17 Со подводни активности на охридкси нуркачли се разоткриени тајните на Белчишкото Блато кое се нарекува и Сини вирој. Охридските нуркачи од центарот АКВАТЕК и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016″ од Охрид регистрирале многу природни особености во најголемото блатно езерце Сино Дувло. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат езерцето со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Подводните богатството покрај со вода изобилува и со рибна фауна.Од...
Советниците не ја намалија комуналната такса и фирмарина за охридските занаетчии
Post Views: 19 На денешната 39-та седница охридските советници едногласно усвоија повеќе предлог одлуки и за две точки донесоа компромисни одлуки. Тие се однесуваа на барањето на РЗК И ЈП Нискоградба. Од дневен ред беше повлечена предлог одлуката на Вмро Дпмне да се намали комуналната такса и фирмарина за охридските занаетчии од 6000 на 4000 денари. Ова беше одлучено по консултацијата со правната служба на ЛС која констатира дека нема законска основа да се удоволи барањето на Регионалната занаетчиска комора. Кирил Пецков, координатор на пратеничката група на Вмро Дпмне,...
Различни ставови за исправноста на водата за пиење во Струга
Post Views: 15 Во Струга водата за пиење денес е исправна, тврдат од ЈП Пораква Струга. Оваа информација стигнува по издадената наредба на Агенцијата за храна стружани да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод, а врз основа на анализите на водата од Центарот за јавно здравје дека изминатиов викенд во струшката водоводна мрежа се откриени бактерии. Иако системот два дена останал без хлор, веќе од петокот хлорот е набавен и системот за водоснабдување се хлорира, тврди Аднан Речи раководител за исправноста на водата за пиење во струшка Проаква. „Им препорачуваме...







