Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридските матични лекари закажуваа Мој Тeрмин без проблеми

Post Views: 169 Во охридското здравство измените во закажување на Мој тремин се одвиваат без проблеми. Неколку дена веќе се применуваат измените , а охридските матични лекари пишуваат упати според најновите измени. Иако, вчера имало одредени недоумици при издавањето на упатите денес нема јавувања од докторите, за ТВМ Телевизија инфомира д-р Љупчо Костоски Прет. на здруженеи на ПМЛ . „ Денеска функционираме нормално, вчера имаше некои проблеми, но беа надминати со надградба во ноќните часови од софтверската куќа, а дизајнот на уаптите е прашање на вкус. Секоја новина треба да преспие,...

Продолжи со читање

Земјоделците и институциите да се вклучат во заедничка борба против еколошкото загадување

Post Views: 146 Македонија се почесто се рангира меѓу земјите со најголемо еколошко загадување што им паѓа тешко на еколошки освестените граѓани и производители на храна. Охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски е меѓу ретките земјоделци кој се бори за надминување на загрижувачките состојби со деградирање на животната средина. Нагласува дека на глобално ниво 70 посто од загадувањето на животната средина се должи од неадекватните техники во земјоделието. Нашата земја е на уште пониско ниво од европските проценки, вели разочарано Стојаноски, а земјоделците и наделжните институции замижуваат...

Продолжи со читање

Проаква преговара со неколку месни заедници за преземање на селските водоводи

Post Views: 168 РЕ Водовод од Проаква преговара со месни заедници за превземање на селските водоводи под нивна надлежност. Целта е правилен третман на водата за пиење според Правилникот за безбедност на водата што недостасува со децении во повеќе охридски села. Водоснабдувањето во селата е градено со месен самопридонес на жителите кои сега не се согласуваат да плаќаат иста цена за потрошена кубикажа вода како жителите од градот. „ Факт е дека водоводот е направен со сопствени средства од мештаните но уште е поголем фактот што законската постапка е управување со водните ресурси...

Продолжи со читање

Охриѓани сакаат да спортуваат и да се рекреираат на СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 170 Фудбалот и кошарката се најчестите спортови со кои охриѓани се рекреираат на спортските терени. Од СРЦ Билјанини извори кажуваат дека прават се вратите на спортскиот центар да бидат отворени и за спортистите и за граѓаните. Љубителите на спортот тука може не само да уживаат на спортските настани туку и да спортуваат, информира Гордана Јованоска директор на СРЦ Билјанини извори. Во таа насока се организира и во престојната пролетна сезона фудбалскиот бизнис турнир. „ Во бизнис лигата може да пријават сите фирми кои имаат вработени љубители на фудбалот. Запишувањето...

Продолжи со читање

Со стручна едукација до заштита на пчелните семејства

Post Views: 173 Во охридскиот регион расте бројот на млади луѓе кои бараат егзистенција во пчеларењето. И додека расте интересот на младите пчелари за одгледување пчели од година в година опаѓаат приносите на мед, вели Ицко Китанчев од охридското здружение на  пчелари. Тој со неговото богато искуство и знаење кажува дека пчелите постојано претрпуваат стрес од разни фактори кои доведуваат до нивно угинување и намалување на приносите. Загадувањето на воздухот, водата и почвата преку употреба на пестициди и инсектициди, подигање на телекомуникациските предаватели, увозот на восок со...

Продолжи со читање

Монтирани нови висечки кошеви во спортската сала Билјанини извори

Post Views: 169 СРЦ Билјанини извори набави висечки кошеви. Со сопствени средства во висина од 700.000 денари се обезбедени 2 нови кошеви со цел да се заштити реновираниот паркет во спортската сала, информира Гордана Јованоска директор на СЦР Билјанини извори. „ Висечките кошеви се монтирани и се со сертификати таблата и обрачите се од Елан, набавени се по сите стандарди да се играат кошаркарските натпревари од понизок ранг. Кошевите се оргинални за одигрување на европските првенства, но се стари 2 децении и е потребно нивно сервисирање од хидраулика и електроника да се реновираат...

Продолжи со читање

На нашите депонии се согоруваат и до 80 проценти од создадениот отпад

Post Views: 169 Дадени се национални цели за намалување на домашниот отпад кој завршува на депониите на долгорочен период во периодот 2025 -2030 година. Отпадните гуми, текстилот, отпадните масла и пластиката е предвидено со новиот Законот за управување со отпад и отпад од пакувања да се селектираат во секое домаќинство, напоменува екологот Ѓоко Зороски. Потсетува дека во развиениот свет отпадот е секундарна суровина и влегува во процесот на производство, а кај нас отпадот е ѓубре и се согорува.Наместо 30 посто од целкупниот создаден отпад од домаќинството да заврши на депониите...

Продолжи со читање

Повторно гореше трска на крајбрежјето на потегот Струга- Калишта

Post Views: 167 Еколозите од Охрид СОС повикуваат надлежните институции да го запрат криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро. За само десетина дена во два наврати е запалена трската на Охридското Езеро на патот Струга – Калишта , а надлежните институции молчат и на општинско и на државно ниво. Палењето трски на заштитено подрачје е кривично дело, потсетуваат активистите од Охрид СОС . Бараат одговорност од соодветните институции за, како што велат, екоцидот што се случува на струшкиот дел од крајбрежјето. На потегот Калишта Струга со приближување на летната сезона почнува...

Продолжи со читање

Јованоски: Обезбедуваме подобра иднина за Охрид

Post Views: 185 Предводејќи ја локалната и централната власт, СДСМ докажа дека вистински е посветена на креирање квалитетни политики и реализира значајни проекти за подобра иднина за Охрид, истакна на денешната прес конференција Науме Јованоски, носителот на советничката листа од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Благодарение на ангажманот на градоначалникот Константин Георгиески, реконструирани се и асфалтирани значајни градски сообраќајници и значително се подобрени условите за безбеден сообраќај, кажа Јованоски потсетувајќи на зафатите во делот на инфраструктурата...

Продолжи со читање

Струшките еколози испратија писмо до премиерот Заев, бараат конечно решение за дивата депонија

Post Views: 168 Еколозите и граѓанските активисти од СТРуга бараат итна средба со премиерот Зоран Заев. Тие испратиле писмо до премиерот загрижени за инертноста на иституциите во конечното решавање на проблемот со дивата депонија на влезот од градот. Тие потсетуваат дека и по една и пол година од одлуката на Владата за итно решавање на проблемот нема конкретни резултати. Глигорие Ќатоски од граѓанското движење „Доста е“ , предлага вклучување на премиерот за да се реши овој мошне сериозен еколошки проблем за Струга . „Во врска со проблемот со транспортот на отпадот до регионалната...

Продолжи со читање

Охридските лозари ја продолжуваат вековната традиција на Св.Трифун

Post Views: 170 Охридските лозари ја продложуваат вековната традиција на празникот Св. Трифун. Тие со убави желби и молитви ги закроија пенушките во лозовите насади и ги залеаја со вино. На Чекоштина лозов насад одгледува Ратко Савиќ. Тој пред повеќе од 3 децении на старо лозје засадил шпалир со нови пенушки од сортите прокупец и памит. За овој пензионер одгледувањето на лозјето е големо задоволство и рекреација, а на овој ден му започнува работата во лозјето се до бербата на грозјето. „ Никогаш не сум го прескокнал овој ден да не дојдам во лозјето. Сега натежнале годините, но...

Продолжи со читање

Во НП Галичица има бесправна сеча на шума на две локации

Post Views: 161 Бесправна сеча на шумата во НП Галичица има на две локации. Едната е в долж граничната линија со Република Албанија која се должи на одлуката на двете земји да не поставуваат строга контрола на бесправната сеча, а втората е во атарот на село Велгошти, информираат од НП Галичица. „ Имаше многу пати обиди од установата и други органи на државата , од МВР да се спречи бесправната сеча. Засега се безуспешни има бесправна сеча. Бесправната сеча е дел во атарот на НП Галичица, шумското стопанство Галичица како и шумското претпријатие Преспа – дрво од Ресен,“, вели...

Продолжи со читање